Нормално е да знаеш , јас три месеци црева истурав и кога помислив дека готово престана се почнаа киселините 39+ сум и мислам дека се полошо и полошо ми е , а на цела мака ми се јадр ми се плаче, зимам гастро гард , не помагаат незнам колку ама во моментот ме смируваат
Осеќам како нешто да ме скокотка, да ме гребе незнам како да го објаснам во долниот дел скроз ниско кај стомакот. Шо може да е? Нозете на бебето? 34 недела сум.
Апсолутно никогаш ми нема потечено крв при земање на брисеви, без разлика дали во бременоста или пред/после тоа
Мене минатата бременост ми земаше еден друг доктор, матичен, малце трапав малце ко без осет, тро ко потскренат ми делуваше, и ми пушти крв. Ама таков ко да работи в рудник, а не со жени. Нит да ме предупреди, е отпосле ко протече ми вели а крв има од брисот. После си отидов кај приватниов да се пожалам, сестрата рече нема гајле, не влијае на бебето. Уште еднаш не се појавив кај првиов. А мојов доктор сега ми кажа пред да ми земе, смирено, да знаеш може малце крв да има, да не се плашиш. Го прашувам ако има шо да прам, ништо вели, не е страшно, земај магнезиум ми рече после земањето. Ама има доктор и Доктор. Е за кај Доктор и дупло ќе платам.
@Misskirova еве сум ти жив пример Водена бременост во Ремедика, оставен капар и неколку цтг-иња таму, за да во 36+ се префрлам во Систина
Што значат резултативе од ПРИСКА? Матичната ми врати само “супер се”, и толку. Како треба да бидат бројките?
Најдолу се гледа, треба да е low risk. Ова што имаш сликано се пресметките според резултатите од крв и мерките и годините колку има ризик за аномалии. Во ред ти се.
Па не ни треба да ги интерорерираш. Приската е статистика од сите бројки заедно, поединечно ништо не значат бројкиве.
Не треба да тече крв туку да е крваво стапчето. Јас за синко голем така се извадив од памет, почнав да плачам, ми вика смири се, нормално е, во бременост циркулацијата во вагината е зголемена, за јас асално да земам брис треба вака, нема да имаш крварење надворешно. Не е за паничење, не е за плашење, биди мирна. И му верувам и не се замарам веќе. Не е дека не може да се земе без крв, не сме сите исти, муабетот ми беше дека е сосема нормално и очекувано и не требаат паники. Повеќе ми беше да не се потресуваат тие на кои им потекло крв. Уф како сум отспала саат време, ау слатко слатко. На работа осеќам некоја нервоза дека не пушта шеф порано, се мислам да си седам до крај да не буричкам нерви. Не му е тешко, не ми е мачно, сакам само да биде се во ред. Ќе прашам утре шефови, додуша едната шефица ја осетив така малку ко накострешена. Ќе видиме таа работа ајде. Следнава недела сум сама дома изгледа па ќе останувам, не си идам во 1, ќе подработувам да не бодам очи ептен.
И тоа не треба, туку може да се случи. Верувам дека тоа ти е поентата иако реално прв пат слушам за ова, ама еве. Се дешавало