Фала ти многу ми олесна колку толку ептем е зезната оваа тироидна уште да те прашам ќе ме вратат на 0.25 секој ден да пијам или ќе ми покачи терапија од 0.5 според тебе.
Не се грижи, не е страшно. Јас пред втората бременост бев со терапија и кога останав бремена некаде 2м бев проверив tsh 5+ ми беше. Ми појачаа доза и ми се регулираше, но на неколку пати проверка 3ипол ми беше.
Мене без терапија најмногу ми беше 3.9 сеа со терапија пак ми се качи до 3.78 и затоа испаничив прво супер ми се намали ама изгледа мала доза примам само 3 пати во неделата од 0.25.
Па мислам првин ќе се проба со константна доза секој ден. Мене сега во бременоста ми покачија 50 па 75 наизменично преку еден ден, претходно бев 25 може една година, па покачија 50 и така
Друштво кога почнавте се перење/пеглање на облеката за бебе? Ме плаши моментот дека е рано, и дека во комода само прашина ќе фака, а влегов во 9ти..
Сега во 37ма почнав, до наредна недела се надевам ќе средам се. И мене за тоа ми беше, да не стојат долго време во плакар.
Јас ги исправ и исушив во сушара. Нема да пеглам. Ги спакував во ќеса за вакумирање. Бебе кога ќе се роди само ќе отпакувам и ќе наместам во плакар.
Децо, дали се плашите од овие мајмунски сипаници зараза што ли е...? Како се префаќа? Немам читано, не ни сакам да отворам, налет и зарази. Ама за бебево ми е страв само. Маж ми само ми вели а мори шо си исплашена, будалче. Ама како да не сум, само тоа на фб има.
Нема да замирисаат во ќесата? Размислував и на таа варијанта ама ме плаши кога ќе ги отворам, да не треба се од ново..
Па не верувам. Сепак не е долг период. Башка суви барут се, не би требало на нешто да замирисаат. Ти ако сакаш не ја затварај ќесата нека има провев, само да се заштитени да не фаќаат прашина.
Е демек алиштата во плакар што не ги носите ги перете на 2 недели, или на бебе, 9ти мене и касно ми беше да спремам зошто во 9ти веќе имав бебе, така да јас да дојдам до 8ми и ќе исперам, испеглам се одма, да не изненади бебе ко бато пред да влеземе во 9ти. Јас планирам октомври да ги вадам од ќесите тие на бато, да распоредам, да видам што ми фали да докупам, да викнам фирма да ми исчистат душеци и гарнитура, да викнам мајка на помош за генералка почеток на декември и после да го прележам цел декември јер ми најави доктор дека сака да стигнеме бар до 37ма овој пат. Јас си планирам, па сега ќе видиме како ќе биде.
22 терам. Ниту цервикс измериле ниту па некаква реакција за болкиве. Освен нормално е, друго не кажаа. Едвај се намоливме пост ковид барем хемоглобин да проверат, за друго не сакаа да чујат. Рекоа постелката многу ниско…и толку. @AngelOfArh Оти да не догураш до крај. И кај мене Алекс подрани па не е индикација дека и ова би било порано. Инаку јас она што порано перев пеглав, облека постелнини, ставав во вакуум кеси(невакумирани) за “прашина” да не фаќа и дел по дел откачував од ту ду листа.
36+ недела.. Сега сум 38ма конечно денес завршив. Уште да спаковам торбица, и спремни сме ќе го чекаме денот "Закажано имам царски"
Јас планирам во 36 кога ќе влезам да почнам со перење и пеглање, прво облеката, па потоа количка релаксатор постелнина се да си наместам и да покријам со тетри. Туку да ми слика некој тетра да видам како изгледа може? Не знам како се викат на германски, а тоа што го наоѓам тука не сум сигурна дали е тоа тоа
Јас сум со уринарна инфекција хронична што не се лечи, башка има направено на бешиката леукоплакија која требаше да се оперира и не се среди на време и буквално е темпирана бомба кога пак ќе се активира и може да направи компликации, како што направи со Матео. Како причина за рано пукање водењак наведоа тоа, Ешерихија Коли и компликации од јака уринарна инфекција. Сега со ова сум 19та недела и се нема уште активирано, стерилна е урината, ама леуоплакијата не се лечи и само чека пад на имунитетот да се размножи бактеријата што се крие во тие лезии во бешиката. Така ми објаснија уролог, гинеколог и микробиолог, така пренесувам. Според нив инфекцијата која ја создава оваа гадинкава уствари е причината за прерано пукање на водењак и со оглед на тоа што ја немаме санирано состојбата ризикот од повторно да се случи исто постои. Исто ме предупреди доктор и дека овој пат ќе морам да одмарам повеќе во 8ми, а 9ти да си го лежам. Инаку за ниска постелка кај нас колку што сум информирана советуваат лежење, читни низ нетов. Цервикс во рана бременост се мери со абдоменално, сигурно при ехо провериле. Лошо кај вас е што нема приватно да одиш да провериш, не прават ехо како ќе ти текне, овде повеќето тераат бременост со дупли прегледи, на 2 недели, што исто не е нешто потребно, ама имаш опција.