Само да ве проверам како сте и да ве поздравам сите ❤️ Ние утре излегуваме со бебуш ќе биде рок n рол дома
Јас сум 8ми месец, само што влегов во 8ми почнав да перам, пеглам, да редам алишта во плакар, вчера почнав да ја полнам и торбицата. Сакам веќе во 9ти со тие работи да не се замарам, да си ја гледам ќере и да чекам да посака и другата ќере да излезе од стомак. Имам уште некои работи да докупам и да допеглам и готово. Раат ќе бидам.
А сега се сетив и за пиџама за во болница. Подобро е спавача или таква како кошула и панталони? И да барам нешто што ми е таман сега или помал број да земам? Збунка сум
Спавача, долу треба да ти е отворено ако прават прегледи на крварење. Овде даваат со отвори на гради за доење, ако најдеш таква најпрактично ќе ти е. Стомакот останува првите дена, земи си бројче да ти е комотно и сега.
Јас за некој ден влегувам во 9ти и при крај сум со перење и пеглање. Креветче и фиокар намонтирани, уште да ги наредиме алиштата во фиокар деновиве. Сакам кога ќе влезам во 9ти веќе се да ми е спремно и да си ја чекам бебка. Секако други ми помагаат во припреми бидејќи сум на мирување, па неќам да сум под притисок дали ќе се стигне со се до дека ги чекам блиските за помош. Да се докупат уште некои ситници и мислам дека сме готови
Јас сум 31+, планираме на одмор да одиме недела дена и кога ке се вратиме таман 33недела да почнам со перење, пеглање и средување. Ке треба и да се докупат некои работи, тоа после одмор и една генералка. Креветче намонтирано, да се смести у спална, да се наредат фиоки и да се чека бебе... Паника ме фаќа дали ке стигнам. Душек од поголеми работи уште немам и балдахин ( многу битно ), ама планирам после одмор турбо да се активирам... Уште од сега ми е мачно и тешко, тогаш уште повеќе, ама ќе соберам сила .
ќе средиш се и сила ќе ти дојде Јас во 36 и 37 удрив форца се средив, пред тоа ај одмор па ова она и на крај со трчање
Мајки се породив јас. Сега гушкаме со бебуш. Ви посакувам на сите лесен пороѓај и да си ги гушкате сонцињата.
Здраво женски, вие што боцкате клексан, дајте некој совет како поубаво да се боцкам. Почнав вчера и ем многу боли ем останаа модрици. Брзо, бавно, што да мачкам??? Хелп