Еееј браво! Баш интересно близначиња шо се погодиле. Со лесно да ти е @Lina-Detelina мислам дека не мери, не знам не спомна. Нешто кај матката лево десно мереше артерии нешо така. Од второ тромесечие мислам се почнува.
Сеа цервиксот нешто ми отиде во мисли денес. Не знам дали да појдам денес до кај матичниот или да си чекам контрола до 29ти.. Не знам од која недела почнуваат да го мерат, до сега ми нема ништо спомнато.
Рано е за цервикс да мерат во 12та. После 20та ако имаш болки и индикации. Денес сум со болки во долен стомак, ниско, како за добивање тие што беа, читав по тоа апликацијата дека е нормално и не паничам, демек. Ама кај наоѓа се нешто кога сама останувам дома не знам ете. Викенд сама со дете, а од понеделник или вторник скроз сама ќе бидам. Денес ќе се одмара да не ги мислам болкиве, а утре ќе се чисти од рано сабајле да завршам и да бидам мирна цела недела да одамарам по цел ден и да гледам серии.
Рано е мислам уште. Не си стварај грижи сега. Да си чиста на брис, да не се замараш физички и тоа е доволно. Кога ќе треба, ќе мери.
Јас сум повеќе од 37 недели, никој ми нема мерено. Обично мерат на втор скрининг, ама се гледа абдоминално ако има потреба за порано.
14 +3 сум ама сепак изглеа е рано. Незнам од кај ми се уврте во глава.. И јас некои болки чувствувам во колк, препона и нога од лево деновиве, а денес и половината и стомакот долу ги чуватвувам ко малку болка да даваат, па одма да си испаничам ко по обичај.
За брисевите се јавив во понеделникот, сестрата рече стигнати се резултатите ама ги нема видено Др, ако има нешто ќе ме бараат, ако се во ред не се јавувале. И не ми се јавија значи се чисти.
Мене на скрининг ми мереа и докторката што ме води и Петровска. Нив изгледа им е пракса. Ама претпоставувам и другите дека гледаат, ако има нешто сомнително мерат и вагинално.
Бидејќи јас и ти сме тука некаде со неделите,и јас сум иста овие два дена со такви менструални болки,по два магнезиума си пијам и ми поминува. Мислам дека е нормално.
@fana прекрасно име да сте здрави и живи и сето лошо да остане зад вас. Јас сакав ако биде машко да се вика Јован ама ни кажаа дека е девојче па можеби ќе биде Јована терминнот ми е до св.Јован па ќе видиме Само да се здрави и живи да биде се во ред па за име ќе размислуваме при крај. Јас мислам дека сум подобра, мерам притисок пијам метилдопа 3х1 вчера беше 130со80 а денеска на првото мерење 120 со 80. Се смирив малку а пред мерење притисок самата во себе си повторувам дека бебка е супер и притисокот ќе биде добро. Самоконтрола оти изгледа а видам апарат и бел мантил притисокот во вис е Мајчини паники @elenaklasik јас се пронајдов во твојот пост а можеби и не сум јас ама да си кажам.Јас имав секрет после брисеви и примав вагисан па сега си продолжи во жолтениково бел па на контролата прашав ме прашаа дали имам чешање пецкање, реков дека брисеви и урина се добри па така нормално било нема место за паника. Прашав и за потењето може да е од хормони и ако сум имала пред тоа притисок и од тоа. Инаку мене ми мереа цервикс еве првпат во16+ и рекоа дека е океј. Прво со вагинално ехо многу малку а потоа со обично и 4д за да ја видиме бебка ама она ни се сврте со грбчето. Срамлива како мама Со душа чекам да ја видам во живо да се роди здрава и жива ама па ова времево не минува брзо уште не сум ни на пола а каде е 9ти.