Јас на свадба бев минатиот викенд, србите знаете колку сакаат да се бацуваат, 300 луѓе ко ништо сретнав и еве 1 недела помина и добра сум. Многу ми беше страв да не се заразам ама морав да одам, најблизок ми е после сестра ми, малтене брат ми е. Со лесно Ананасче, то имаш уште некој ден и можеш после и во Систина, мајка ми на 7миот ден негативна излезе, не се сеќирај. Ако не си праела пцр да чекаш тек нови 7 дена почекај уште некој ден и прави пак брз.
Јас денес се рашетав,син ми почна да спие сам во негова соба па мерак ми беше да му купам некои декорации,ама се изморив многу.кога дојдов дома скоро колабирав,и многу болки имам, половина,препони,како да ме клоца некој меѓу нозе, и бодежи имам во задникот,како во дебело црево имам бодежи.Се напив магнезиум и парацетамол,и еспумисан уште пред 2 саати и уште не поминува.Ме попушти минимално само.Се надевам дека ке помине,34+3 денес.И бебе само клоца,цел стомак ме боли.
Цела бременост лежиме и затоа после ко раштрафени сме и јас малку ако чепнам низ дома и смак света. Ама после 36 та планирам да прашам се подраздвижувам бегај после царскиот од кревет нема да можам да станам. Лежи сега не мрдај ќе помине ❤️
Темава ми е омилена Боже колку ме фаќа носталгија за бременоста, уште не ми е верно дека се породив. За мене бременоста ми беше посебен период од животот, се чувствував посебно. Не дека само јас сум била бремена до сега, општо секоја трудница е посебна што е благословена(и што сака да биде мајка) да носи живо битие во неа. Имаше и болки и паники не викам не, ама не се жалам се се заборава, пак кога помислувам назад мислам на убаво искуство. Колку само ме разубави бебуш. Целата сјаев. Ех Ми недостигаат ехо прегледите, слушањето срценце, големина на плод ехее па мешето колку ми фали поточно ми фалат движењата и ударите во стомакот. Некогаш заборавам дека не сум веќе бремена па цревата кога ќе ми скркораат или ќе ме спецка стомакот велам бебето и после ми текнува дека еве го бебето до мене кога ќе ме погледне со своите очиња како да не го сакаш? Мешковци уживајте во бременоста стварно е еден прекрасен период и искуство во животот. Ви посакувам на сите лесни пораѓаи и здрави и живи бебенца
И мене денес ме болеше, пишав, се напив магнезиум, отспав и се смири. Јас се движам, не смеам да се пожалам, со синко помалку движев, со ова одам и до работа пешки и таму на работа обавезно искачам на пауза вртам некој круг и се осеќам поподвижно.
Ne se visoko DDimerite za tret trimestar na bremenost, cekaj negativen rezultat i odi si vo Sistina bez problem.
Не се страшни д-димерите. Золва ми прележа корона пред една недела во 7месец од бременоста,после 6 ден нејзе и покажа негативен тест и си продолжи на работа да оди одма,така да не паничи повеќе витамини внесувај и ќе биде океј. Побрзо да минува.
@Cloverrrr , @AngelOfArh јас цело време лежев сега оваа недела почнав да се раздвижувам,си викам више посигурна зона дека стигнав до 34 недела ама ич не можам,ја и онака имам стално болки и сум доста толерантна ама ова е премногу,како ке функционирам со бебе стварно незнам со оваа улеженост.Во 1 се вратив дома уште неможам да си дојдам на себе,ако станам до тоалет мислам дека ке се онесвестам, ми се затнуваат уши,малаксана сум скроз, и све ме боли,а и главата ми е матна.И времето се смени тоа ми влијае плус,на секоја промена ми се случуваат болки и кога не бев трудна а сега све е дуплирано,смачено ми е веќе од се,само да помине уште овој месец више.
@kristina.k @Srcka28 @AngelOfArh се пазиме колку можеме да се пазиме ама на крајта Господ да не чува сите Се чуствувам панично зошто ептен сум при крај, незнам кога може да почне пораѓајот, на гак немам никој да не ме забаталат таму сигурно ако тргне природно нема шанса ни епидурал да ми дадат прва бременост ми е поима немам што ме чека, ми се плаче… од друга страна се плашам за бебчето втор пат веќе ковид еднаш на почеток еднаш на крај, дали ќе биде се во ред со него.. Оф ајде секое лошо за добро е, мора да се случи и нешто убаво нели
Потполно те разбирам во иста ситуација сум и јас , со тоа што до сега немам ниту еднаш прележано Инаку за бебчето да не се секираш , во неколку наврати ,од што бев преплашена цела бременост за тој ковид , се консултирав со гинеколози сите ми кажаа дека нема да има опасност по бебето доколку сум позитивна , ќе биде се во ред , само нервозиве и стресот не ни требаат на крај
Те молам кажи ми за ваму треба да се јавам да си закажам или директно да отидам ? Ке идам приватно ми се гади више од трансфузиологија у државна.
Женски а вие што сте околу 34-35 недела колку често имате бракстон хикс ? Мене денес мн често ми се стврднува така стомак ама болки не осеќам.. мн ретко така некоја менструална болка ама ептееен слаба. Приметив кога ќе се раздвижам по дома тогаш повеќе ги осеќам.
Па дневно по неколку пати, без болки ама обично бебе ко мрде осекам стврднување. На 27авг ми закажаа за прво цтг.
Тоа со царскиот е само мит. Ти сакала или не ден после ќе те станат ќе ти извадат катетар и ќе мора сама да се движиш, за три дена ќе бидеш како нова, а 5ти ден нема да чустуваш никаква болка. Да и мајка ми пред 36 години кога ме породила со царски еден месец не можела да оди зошто стомакот и е шиен како гоблен. Сега е поинаку и полесно се поминува. Без страв..