Не е точно дека мора да има крв при земање брисеви. Се случувало да има крв и да нема кај мене, зависи во кој период од циклус сум, пред или по овулација.
Не е толку романтичен царскиот кај сите. Мора да станеш ама колку ке те боли не можеш да знаеш. Некои жени ги боли повеќе, не легаат намерно.
Тоа секако ќе ме станат сакам неќам ама мислев во смисла атрофирана сум скрос од лежечка бременост сега немам никаква сила за ниш, а не па тогаш во таа смисла, зато викам да прашам таму да се раздвижувам ко ке влезам 9 ти колку толку
Јас вакво имам и сум презадоволна. Тоа големото корито со задоволство го исфрлив. Ова е супер. Може некоја кука во вц да си ставите и да си го обесите. Ич место не зафаќа. Лесно, не е гломазно, има вентилче за испуштање на водата. Јас во туш кабината го расклопувам,го полнам и таму го капам.
Што да ставам на неизлезен херпес? Во ќошот на устата кадешто секогаш ми излегува херпес, пак ме боли, можно е да излезе. Што да ставам да го спречам пустиот?
Што знам, изгледа на секој различно. Мене од паста ми се суши, пука, пак се прават меурчиња, и полошо ми е. Ако сега ги осеќаш првите симптоми можеш и лук да ставиш. Ама во аптека најдобро прашај си за апче или лепенки.
Јас на алкалоид, директ 400мг. Пијам по една кесичка, кога ке одам многу или имам грчеви повеќе од вообичаено, пијам по 2 кесички.
Не се воопшто страшни, не паничи. Ова се референтни вредности за луѓе што не се бремени, за трудници се други, плус си трет триместар и се нормални. Мене ми се 4200 со терапија, и само д димери сами по себе без хемостаза не значат ништо. Уживај, нормални се за таа недела.
Пред да си ги дадете парите, да знаете дека без хемостаза, само д димери се ништо. Има трудници со нормални д димери а скратени времиња на терапија. А заедно се со хемостаза околу 2-3 000 е, за авицена знам, сигурно и тука така нешто.
Купив играчка што е музичка на влечење за на количка, но плишана. Планирам сите плишани да ги перам викендов, на ниска температура колку да се проплакнат. За оваа музичкава ми е највеќе, како да ја исчистам? Пишува со влажна крпа. И што ќе направам со влажна крпа. Вие како ги чистите тие играчки? Инаку, јас што кажав, излажав. Пак отидов во шопинг, само си наоѓам нешто да докупам. Реков шишиња, стерилизатор ќе земам ако немам млеко, но некако ми дојде на мисла барем едно шише да земам. Во Зегин на авент веќе нема стаклени, наводно само пластични веќе ќе ги правеле. Мислите ли дека Авент антиколик е добро шише и плус пластично. Беше и на попуст 300 и нешто денари.
Јас купив авент стаклено пред извесно време од ДМ, има и во Анни фарм во Капитол стаклени. Планирам да земам и медела калма, тоа е пластично. Така да мислам дека повеќе е личен избор. Стаклено е подобро, ама сепак користат и пластични. Инаку играчките може да ги напрскаш со средство за дезинфекција, алкохол, и да ги оставиш на сонце да се исунчаат и изветреат.
@Alexandrite со 70% алкохол или со санитол/дезинтал испрскај и остави на отворено да испарува алкохолот. После дезинтал треба со влажно да се помине, ама ќе е дезинфицирано.
Провери дали се вади тој делот дека што се батериите. На моите се вади и ќе ги перам јас. Има како рабче кое се отвара А за шишето сестра ми веќе 6 месеци го користи пластичното антиколик на авент и задоволна е, сеуште нема замирисано пластика. Еднаш недела стерилизира, со фрош го мие и само цуцли менува.