Дали видел некој кај нас Септона козметика за бебе? Од Лидл земав за бато, а имаше и една баш за бебе скроз натурал. Многу ми се свиѓа мирисот а и вака на кожа убаво ми се виде кај синко, ја нема онаа пигментација што му се правеше после сончање вообичаено.
Јас 32 недела уште сум неорганизирана максимално. За купување секој ден купувам и нарачувам нешто и пак мислам ми фали... Ме фаќа така некоја мрза и за чистење и за перење пеглање а се сум у паника ако се породам порано ке нема во што да го облечам бебе Оваа недела и на одмор одиме и така си лежам ништо не правам, се некако оставам за после. Нит сум спремна, ниту испрана, спакувана... Си се пожалив, ми олесна, да полежам уште малку и да се фатам за перење инаку што вика маж ајде на одмор ке переме .
А за прашак се одлучивте? Персил ме плаши и бебешкиот да не е прејак? Фрош, тета виолета и нила најчесто ги гледам по маркети ( прво дете, се ме плаши очигледно )
Јас персил земав за бебе и фрош омекнувач. Од разни искуства од страна, тој го ми го препорачаа. Никакви проблеми немале. Но, како мислиш така.
На почеток за ќерка ми користев бекутан, после сменив виолета, сега персил. Од сите 3, персил најдобар е според мене и не мириса многу, не е јак.
Честитки, да е живо и здраво. Те огреа сонце значи на овој убав ден. Гишкајте се сега и уживајте Ако ти е страв да не е јак, ќе пушташ двојно плавење. Јас омекнувач не користев (или многу кратко па престанав). И ден денес ни за малиот не користам, а и за нас престанав почна да ми пречи.
Јас таков имам користено за нас, не за бебе и многу убаво ми мириса... Баш мирис на бебе како кога ние сме биле мали...
Даа убаво мириса ептен, само се мислам дали откако ќе ги исперам алиштенцата да ги уклучам и на плавење само уште еднаш после перењето? Сега првпат уклучив алиштенца на бебето
Леле не би знаела да ти кажам, нека пишат поискусните.. Мислам дека не би имало штета ама што знам... Кате нека каже она има искуство @Kate Rina 93