И кај мене бејби програмата е со дупло плавење ама јас ги пуштив сега на 40 степени оти нови се сите, прв пат ги перам. Ќе ги пуштам и на уште едно плавење. Фала ви мамички
Јас омекшивачи за бебе не би користела, Кожата им е нежна, башка тоа мириса, јас за бебе бирам што има помалку мирис. Пушти на плавење уште еднаш, подобро @jelo
Не е, преубав е персил беби. Плави ги дупло ако ти е мисла. Омекнувач е пострашен. Фрош е одличен, нема да погрешиш. Мирисот е сон. Нила е исто убава а најекономична.
Епа лубенички, јас се исправ целосно. И играчките на крај. Ќе почнам од утре креветчето да го местам. Да направам генералка. Да испеглам барем постелата и тоа тетрата пелени, како џвакани од сушара ги извадив. И зимската и летната вреќичка ги спремив, кој го знае бебе дали ќе му се уарни или ќе побрза. И ветувам, не купувам веќе. Само нека не ме носи никој во размак од километар од бебешка продавница. Како хипнотизирана сум после, ни слушам, ни гледам. Туку ме фаќа по малку трема. Како вчера да беше кога си броев, 6та, 7ма, 20та недела. Ми беше страв од бременоста од неколку аспекти, ама од тоа што се плашев, па супер поминав, од тоа што не ми ни текна дека може да постои, го изедов. Станува се повеќе неизвесно и реално. @Freckles. Честитки. Да е живо и здраво бебето
Женски 24+3 сум. Нормално ли е да имам болка во преполни кога се движам? Овие два три дена почнав да ја чувствувам, ако сега боли како ли е натаму .
Син ми два дена е со температура и го тестиравме и излезе позитивен на корона. Јас бев позитивна во 8 недела и сега се надевам дека нема да имам бидејки сум 38 и сум пред породување. Ме интересира ако излезе и јас да сјм позитивна само на гак ли ги примаат позитивни на корона?
Ве читам колку сте спремни. Јас некако ептен релаксирано си се спремам, си мислам има време. Од облека и др ситници имам се купено, уште за хигиена, памперс остана. Овие денови мм ќе монтира плакар и креветче, викендот правиме генералка со мајка ми, наредна недела планирам да досредам некој детали од декорација во бебешката соба и после почнувам со перење. 32+ сум мислам таман е аман не ме плашете
Прашокот колку толку го решивме, мене ми е мисла за влажни марамици... Какви употребувате? Сакам некои што е можно поприродни, односно вода во најголем % и што е можно помалку хемикалии, парфеми. Кај нас немам сретнато а и мислам нема некој голем избор. Предлог?