Мене ми ставија превентивно,зашто предходното бебе го изгубив,ама имам плус ниска постелка,скоро беше превиа па се поткрена минимално дури во 28 недела.Консултирај се,нека те прегледаат и нека те посветуваат докторите,зависи каква историја имаш предходно и каква ти е моментална состојбата,можеби само и со лежење ке можеш.
Јас после пораѓај зедов да пијам и некако потешко ми беше за во вц одењето а од раната не можев да напнам Се мислев од што може да дојде до тоа никад не сум имала таков проблем после ми текна дека откако ги почнав тотхемата. Се надевам ќе има ефект и кај мене слаб ми беше хемоглобинот после пораѓај
Јас баш така се осеќам деновиве, вртоглавица, без енергија, преку ден спијам 2-3 саата, не можам да се освестам. Уште пред да проверам, знаев дека тоа е. Мора да преземам нешто, само исхрана не ме оправа
Тебе како ти е крвната слика сега? Знам беше со слабо железо и хемоглобин. Пиеш уште тотхема, и колку време примаше терапија?
@macalavica немам предходна историја јас прва бременост ми е со инсеминација постигната после 4 години борба. Ќе одам ва Вторник кај матичен гинеколог он ми ги решава сите дилеми од приватното. Сега прочитав на извештај пишува цервикс 3цм Оуи затворено, планцета напред МИ 0 степен на зрелост.
Мила мене за исцедок ми имаа дадено утрогестан 2×1 орално, додека да прекине исцедокот. Кога прекина исцедокот матичната ми рече вагинално да продолжам да ги ставам.
Да да мораш под итно да ја поправиш крвната слика. Две бебиња се и како што напредува бременоста тие се се поголеми и се повеќе "те трошат". @Erika.greeneyes после породување слабо железото и хемоглобин на долна граница. Имав вртоглавици па кога бев да ми ги вади конците гинекологот што ме пораѓаше рече венски да ми дадат железо. После две ампули од нив ми беше подобро. Инаку тотхемата ја прекинав само додека бев во болница за породување значи 4 дена. И сега во моментот ја пијам.
Многу ми е мило за тебе. Ти ја знам целата приказна. Си дознала толку рано затоа што следиш и чекаш. Јас дознав дури 7+. Ни исцедок анализирав ни ништо. Види што ке ти кажат, земи нешто за поддршка на бременост ама и мисли позитивно. Прерано е да се оптеретуваш со мисли.
Ве молам за одговор ние што сме трудници со 35 + години дали по најново сите не ставаат на ваква мисла , правев прв скрининг мерења ок- приска со низок ризик, муабетот ми е дали сите нас со над 35 год ни е препорачано нифти или амниоцинтеза ве молам ваши искуства
Во 80% од случаевите да препорачуваат да се испитани генетцки мутации доколку си во можност мое мислење е да си направиш
Тука е. Ме боцнаа со прогестерон и земав Утрогестан. Ќе се слушнам со докторката во среда ако има потреба да почнам да пијам Утрогестан. Рече дека сакусот и изгледа добро и со правилна форма. Немам сега за сега исцедок, само еднаш беше и толку. Фала ви на сите, ролекростерот почна уште од старт.
И јас имав таа недела, препорака на неколку гинеколози утрогестан и мирување. Веројатно имплантациско е. Сега видов дека си пишала па се редактирам, баш ми е мило. И онака ми е многу мило, те читав во темите за поддршка, мило ми е што двете сме тука во оваа тема Сакам да ти кажам истото повеќето сме го поминале и не било страшно, ама утрогестан можеш да употребуваш слободно, секако нема штета од него, само корист...
Ти благодарам. Да беше за друг ќе знаев и совет да дадам, за себе сум како мува без глава во вакви ситуации. После сѐ премногу емотивно реагирам на најмала ситница…
Jas i ti znacj istk ke bidime so terminii jas nemam nisto zemeno si mislam se imam vreme a veke edvaj se dvizam
Добро утро мешковци. Ме потсети времето надвор на есен. Сакам доцна есен ,дома на топло ,со кафенце и некое филмче или книга. Ајдее Ми се смачи летово, не го сакам. Времето иде некако. 24та недела од утре. 6ти месец има 5 недели и ми е долг ама еве проаѓа. Башка ме чека организација на свадба ,и имам притисок и стрес околу тоа ама ајде за убаво нека е. Убава недела да имате Едит -која е најдобра недела за трет скриниг? Треба да закажам ,ми рекоа на крај на септември ама тогаш праам свадба а и на одмор сум...па незнам. Од 20ти септември сум 29та