Фала мила. ❤️ Иста функција имаат и двата се прогестерон. Минатата бременост примав Утрогестан од 7ма до 12та недела ради кафеав исцедок. Земав за секој случај, ќе пијам од среда до вторник дур да одам на прв преглед па ќе видиме што ќе ме советува докторката.
Хеј здраво. Од трудница кон трудници еден маабет. Ај пак за полот. Ве нервира ли кога ве задеваат откако ќе кажете дека сте бремени? Во смисла што пол да е бебето, како нивна примарна работа да е. Пред некој ден им кажавме на свекорите. Знаела таа, рече ме забележала. Знаев дека ме има познаено ама си ќутев, си се правев на Тошо, многу сакам така. И ајде конечно им ги потврдивме сомнежите. И се израдуваа, ок честитки, па наредно таа - јас навивам за женско. И ме гледа мене бледо во очи. И ја гледам и си мислам шо да ѝ речам. Не се сеќавам шо реков, се губам на такви мини муабети, можда реков а ако е машко? Вика и машко да е, и него ќе го сакаме. После само додадов - шо направил мајсторов тоа ќе биде. И тие двајцата да де ако, не е битно. Ама ако не е битно, шо ме реметиш. Па уште кога ме гледаат мене, ко јас да го правев. Многу многу се нервирам и однапред сега знам дека и други ќе ме реметат и вака нерва ми игра. Зш на зачнат плод особено пред трудницата да кажуваш шо сакаш, мене ми е нонсенс. И тоа и за претходната бременост кога им кажавме, ви кажав како мало детенце каква желба си посака. Знам знам дека се преокупирам, ама шо ме замараат шо сакала. Навивај пример пред да сум бремена, речи ајде дечки едно девојче да нѝ родите, пример некој таков коментар де, а отпосле кога е веќе бебенцето во стомак се вели здраво живо право да биде. Мене изгледа ме преплавуваат туѓите очекувања и тој момент ми пречи.
Леле исто. Обожавам есен/зима. Терминот ми е на 6ти декември. Се надевам ке имам кога да купам елка и лампиони. Немам од лани ништо. Па и ајвар коа ке се праи...ау аууу ....мераци
Да ,скроз исто. Прво ме замараа за пол. Кога дознаа сега ме замараат за име. Секој втор е истиот муабет "Ек какво е? -женско -Лелееее како ке се вика?
Мене па ме нервираат муабетите кога ќе соопштам што пол е, па ќе ми речат ајде другото друг пол. Прво, морам ли да имам друго, второ, што ми е битно што е, мое си е, јас треба највеќе да си го сакам. Абе кога ќе видат стомак луѓево почнуваат како кокошарник да се однесуваат. Се некакви коментари непотребни летаат, се нешто има некој тебе да ти каже, бидејќи станале мастери во одгледување деца, а ти појма немаш, ништо не знаеш. Хаос. Како сум накострешена периодов и упорно со фино одговарам со еден збор да сфатат дека совети не барам, уште толку мислат дека сум заинтересирана. Ќе џитнам телефон по канализација и ќе ставам електрична ограда на врата. Вака требало да се бања, вака требало да се дои, вака требало да спие. Па некој друг вака правел, ти треба така да правиш, а не тој некој што ти кажал таму, па и тој е глуп. Ако не се мрднам уште сега. Страшно колку се натрапливи луѓето кога треба да се пораѓаш. Којзнае што ме чека понатака. Па почнуваат со прашања, а ова купи, а ова имаш. Не, тебе те чекав да ми кажеш. Знам само дека кога некој друг ќе чека бебе, ако од мене не побара ништо, устата затворена ќе си ја чувам. Страшно колку стануваат напорни луѓево. Ми се приплакува кога ќе дојде бебе на свет, наместо со него да си уживам да се учиме, ќе се расправам со досадни и натрапливи луѓе. Ќе земам се да потепам.
Не знаеме пол сеуште, па тоа не ни коментираат сеуште. Додуша мене повеќе ми сметаат други "заостанати" сфаќања. Кога пред некое време се породи золвата, мојава свекрва на одредени прашања одговараше дека детето си има побитни баба и дедо кои треба да одлучуваат или да се грижат за него. Во случајов, родителите на зетот. Што значи сега во обратна ситуација за мене, мајка ми и татко ми, се небитните баба и дедо, а свекорот и свекрвата главните. Друг муабет е што кај моите би било прво внуче, свекорот и свекрвата веќе имаат, што значи моите требало да се посреќни и повозбудени од нив. Се трудам да не обрнувам внимание на овие муабети и да се нервирам. За полот дополнително ќе видиме реакција.
Deneska Bev kaj maticnata mi izmeri cerviks 1.8 (pred 10 dena vo remedika mi izmerija 3mm) Maticnata se ispanici me prati vo drzavna. Vo drzavna doktorkata mi izmeri 2.8 vika ne e za panika I ne e za serklaz samo da produzam so lezenje. Vo sreda sum pak vo remedika na kontrola ke vidime tamu sto ke kazat.23ta nedela sum. Kako moze sekoj doktor da kazuva razlicni merki I razlicna terapija?
Лелеле топење Многу сакам декемвриско бебенце. Ваљда дека на маж ми му е роденден и сакам како подарок бебенце да му подарам. Есен златна, зима волшебна кркцава бела. Не да ги сакам, ги обожавам и снег до колена да риниме со лопати хахаха. Уф напорчиња се луѓенцава. Јас сакам од моите луѓе поддршка да имам, грб да осетам, љубов а не пусти желби на фаците да им читам. Мислам ако толку сакаат, нека посвојат. Ај па кога ќе дојдат на ред девер и јатрва леле мајко, од нивните фрустрации шо немаат женско, ќе ми ги истурат и овојпат. За првото синче кога слушнаа, девероФ рече ах ах ај ќе видите како е со машко, демек ето не ви се погоди женско, и сега ќе видите колку е напорно. Ама овојпат ќе за'ржам. Не ви го давам на чување нит машко нит женско да беше, ќе им речам, уживајте. Откако ќе се роди да знаеш ќе навалат. Да си ставиш граница. Јас сега тек 4ти месец, тие за породување ме масираа кај ќе сум била, кај сум сакала. Абре има време, остајте натенане. Мислам овие муабети им се како трачарски на луѓево. Као ок, трудна си ајде сега на забавниот дел - полот. А не се свесни дека замараат. Особено додатни коментари шо да било какво да било, ајде второто ајде третото. Па ако речам ЈАС и намерно ќе речам уживајте бе третото ќе биде, знам дека ќе добијам превртување со очи и пффф. Еднаш така на јатрва ѝ кажав дека сакам 4 деца, е убооо ми рече, е аман 5 веќе. А сега на свекорите им реков ако не е сега женско, ако де третото ќе биде, и така би сакале 3 деца и не рекоа ништо. Е ајде де шо не рекоа, ако, супер да имате. Туку ќутуци. А бе мани ги аман. Убо си ќутев.
И јас после сум на контрола кај матичен за истото. Како ти мереше матичната цервикс, со какво ехо? И јас со денови го мислам, иако последно мерење ми беше ок.
Со вагинална сонда, ми беше пуна бешиката. Во државна докторката ми рече друг пат пред да ми мерат да се испразнам дека уште толку се дорстувало коа ти се моча. Ама пак 1мм е разлика во мерките кај матична и во државна.
Мислиш 1cm? Ај од 2.8 (28mm), до 3cm не е голема разлика, 2mm разлика се тука во прашање и зависи како обележале на компјутерот со стрелката. Ама од 1.8 до 2.8 е 1cm и тоа веќе голема разлика. Да не не ти измерила убаво матичната..?
Ехеее ти па сестра ми беше разочарана што е машко, со фаци со се. И сестра му ама она не покажа толку. И викам извинете што не сме џубокс да испунуваме желби, и ние сакавме женско ама нема, сега е побитен Матео нему да му е погодено и заќуте. Мислам дај. Мада не се потресов толку многу.
Јас уште не сум трудна со трето (отворено си кажувам дека во план ми е 3то), а веќе добив коментари дека не ми ни требало 3то Дека имам и машко и женско, па затоа трето за што ќе ми било
Ми беше 3 цм сега според матична е 1.8, во државна е 2.8 . Многу е разлика за тоа сум загрижена. Дај боже да не изменила точно матичната ама после мерките ме прати во државна ми рече или серклаж ке ми ставеле или инекции за зреење. Ме извади од памет викам готово се породив. Во државна ме гледаше Весна Чибишева. Рече нема простор за паника 2.8 цм е цервиксот и дека ако бил помалку од 1.5 тогаш било ризично. Рече не сум за серклаж само да сум лежела колку што можам повише.
Не тогаш ќе беше: Сигурно одиш на трето за парите за трето што ги даваат Тогаш немаше ни да ме прашуваат, сигурни ќе беа дека само за тоа одам на трето дете