Секогаш на ехо ќе одиш добро измокрена. Немој да одиш со полна бешика, стиска бешиката и се изместува сликата. Мене на сред гледаше ехо 2 пати ме има праќано да се измокрам, јас имам проблем со вечито полна бешика. И кај докторот има на секоја страна залепено лист со напишано, пред ехо задолжително да се измокри секоја пациентка.
И мене секогаш ми е полна бешиката. Ете тоа не сум знаела дека праи разлика. Во среда сум во Ремедика па ќе видам 3то мислење. Сепак таму Петрова има најдобар апарат па да видиме што ќе каже она. Секако ако сум за серклаж ќе го правам во Ремедика мислам дека таму прават и во 23,24 недела.
Ко шо рече @Kate Rina 93 дундава не ми е желботека, јас можам да искористам нешто во стил маткава не ми е желботека. Арно си рекла. Стварно и мене ми е мерак едно девојче, чисто и за разлика во носењето да направам. Баш би сакала, ама до нас ли е? Па воздржи се мајко му. Морам да имам спремен муабет, зш предвреме се острам, после ми е незгодно да вратам, се запрепастувам како си даваат мислење без потреба за мое бебе јас шо го носам. Третото бе ќе се запнеме ќе биде. Мора да се вложиме умствено. Од кого ова? Леле брука брука брука. Е затоа овие муабети ми се крајно интимни. Сѐ уште не сфатија луѓево, исто како во постела да ти влегле. Многу е и интимно и срамно.
И од поблиски и од подалечни луѓе. Сме паднале во мубает некој таков и ќе сум спомнела дека многу си сакам три дечиња и сум добила и позитивни коментари, ама и вакви некои.. Битно е јас и маж ми што си сакаме, па и не ми е баш гајле од коментарите и чудните прашања од страна
Има една на инста ја следам, со 3 деца е, и вакви муабети стално споделува и на муабетот зошто 3то одговорила Да задржим мужа
Коа ти дивеат хормони не е така едноставно, од страна лесно е да збориш. А на крај краеви не сме сите исти нели.
Бев и јас бремена. Ама не им придавав значење. Кај мене беше опаа прво па машко, да имав женско мислиш помалку ке беше вредно. И дека второто ке ми е женско, по порачка ги правиме. На небитни коментари не губам време. Не треба ни вие.
Луѓе..незнам дали ви се случило...мене веке неколку пати.... Ме загледуваат мажи..ама онака манијакално, гледаат дека сум со стомак и упорно ме зјапаат .....жими се у ист момент би ги стрелала. Би извадила пиштол без да трепнам. Добро не им е срам? Ми се гади стварно...не ми се верува дури срам ми е да пишам и кажам дека мажи манијакално загледуваат трудна жена. Кои психопати
Мене истово баш ми се случи прееска кога одев да си ја земам ќере од чување,среќа бев со маж ми па не придадов никакво значење ,ама она гледање од глава до пети па уште ми прави место во автобус да седнам до него,изгледа маж ми примети па на следната станица се симнавме и се качивме во такси.
Да се пријавам и јас,денес капната сум од сабајле низ град плаќање сметки,па една гужва во банка се изначекав 2 саати. Бев и на контрола да си го видам бебушко што се крие,матичниот мој се чуди вика неможам да видам кога гледам од оваа страна ми е дунде кога гледам од другата има куре на 25ти сум пак за втор скрининг па тогаш кажа ќе потврди и ќе спремам изненадување за мажето. Најважно ми е дека се е како што треба,се испомачив со одење пешки денес и сега кога му ја легнав и не станувам до 21часот бидејќи почнав ептен ниско болки да осеќам се надевам е нормално од што бев цел ден на нозе. Инаку и мене ми зборат зашто сум останала со второ бремена а не па со трето да сум,ама не придавам некое значење на никој,ниту за име ниту за пол,така да кај мене е од едно уше влегло од друго излегло бидејќи ако ми се спојат жичките е опасно за сите
Како ти зборат зошто си останала со второ бремена? Не разбирам во кој контекст. Треба дозвола да бараш?
Јас сум збунета. Некој што ги пробал повеќето брендови за козметика што е најдобро. Еуцерин, Мустела или Биодерма? И што од нив купувате и ќе ми треба?
Јас купив Мустела, имаше 25% попуст во една аптека каде што живеам и сега за сега ги земав овие па се надевам дека ќе бидат добри, многу пријателки ми ги препорачаа а и овде на форумов читав дека се добри.
Хахаха па најверојатно сум требала дозвола да побарам за второво. Во контекст да финансиска состојба бидејќи јас сум невработена,работи само маж ми,ама јас заработувам нешто плус од инстаграм,и као демек муабетот на свекрва ми беше не требаше да остануваш трудна со второ гледаш ли каква ви е ситуацијата требаше да почнеш да работиш па после,а нема ни кој да ми ја чува малата бидејќи моите сите работат ќ,а свекрва ми 3 месеци е тука 3 месеци е во Германија,помага и таа ама не било доволно за две деца да се изгледаат. Мојот одговор на сетоа ова беше само како сме издржале до сега така ќе издржиме и од сега и толку беше муабет на таа тема.