Јас сум кај истата… Пред три месеци ме извади од памет, ми вика цервиксот ти е 2 см ама ништо страшно ќе се качи сега плодот погоре. Леле јас доаѓање дома и читање по нет во депресија паднав, триста филмови си направив дека и со мало дете сум. Одма му се јавив на Димитров во Ремедика да ме види и човеков мери 3,90см и ми вика на таа матичната да и кажеш да си купи наочари ако нема
Исти муабет и кај мене…Синко ми е 14 месеци и коментарите од страна се леле ти ептен си побрзала… ауу ич не ти се чекало Ахх да се планираа така дечиња моите во школо ќе тргнеа до сега Како и да е не треба многу да се замараме Сепак ова ни се моменти за уживање
Мене ми почнаа болките во колковите, не знам дали е од што се оптеретив вчера или од што влегов веќе готово во 20та, ама сум ко раштрафена, готово мислам ќе останам во една позиција некогаш. Уште се занесувам дека не сум трудна, па така се веднам, дигам, се престигнувам, се поткачувам... ама кај и да е ќе ми дојде паметот кога ќе останам во некоја таква шкљ поза. И болките во препони се интензивираа, еве сеа така ме укочи, мислам дека нож некој ми збрца во интима. Бебе се дигна горе па, не е веќе ниско сега баш кај папокот го осеќам. Прееска икаше изгледа осеќав некои пулсирања, интересно беше, со синко дека не знаев што е тоа и дури откако озбилно ми мрдаше стомак во интервали сфатив дека ика. Дали дека шетав малку, го успав никаде го нема, мирен бајче. Добра ноќ мешиња!
Може само те нервираат луѓето од кои доаѓа муабетот па така реагираш Пример татко ми кога им кажавме дека сум трудна, супер среќни се, после кога ми јавија за пол на видео повик им кажуваме женско (а и сестра ми има женско) као суперрр јессс мајка ми вика и сестра ми почна да го зеза кај ние женски, па и внуките и сите се смеевме Тоа ни беше онака баш пресмешно, а тој се лути кутриот, демек јас сум радосен вие мајтап си играте... Не се замарај кој што ке каже, и машко и женско е голем благослов, само да се живи и здрави... Ако било машко зошто машко, женско зошто женско, не можеш на сите да угодиш, така да уживај си
Фала богу, и ја мислам дека она е у грешка. Во Ремедика ми го мереа пред 10 дена 3.04 . И од тогаш сум со лежење, ама имам и фанелинг и некаква внатрешна инфекција па се исплашив од тоа да не ми се доскрстило. Ке си идам пак во Ремедика во среда. Од шо не ми се чекаше отидов кај Снеже да не ми е на мисла и бетер си направив,поарно ич да не идев.
Да си ја смениш Снежана најдобронамерно. Само може од памет да те извади, и да лупне некоја дијагноза од ракав.
Пиеше ли нешто за инфекцијата? Не е многу, за еден ден штом ќе одиш во Ремедика, таму ќе си на сигурно.
По муабетов само богатите нека имаат деца, јер нели треба у луксуз да живеат Е за ова стварно би се изнервирала... Мислам дека парите не се мерило за колку деца да се има, има милион примери за тоа, од луѓе екстра богати какви деца испаднале и обратно. Ако јас мислам дека можам да го изгледам тоа дете и да му приуштам тоа што сметам дека треба, нема друг зошто да ми води сметка за моите финансии. Од друга страна не оправдувам ни 5 деца а да трпат за основни работи, ама тоа е веќе одење во крајност. Арно си се воздржала и си останала културна
Пиев сумамед. Ја прашав Снежана за инфекцијата дали се гледа нешто и дали е исчистено ми го игнорираше прашањето , во државна исто не кажаа ништо да инфекцијата.Инаку тоа е внатрешна инфекција што не ја покажува на брисеви ама Петрова во Ремедика ја виде на ехо.
Касно е сега да ја мењам, ама кај неа више само за документите што ми требаа за боледување, ќе си идам на прегледи на приватно и тоа е.
Баш,во право си.. Можеби немам за да се расфрлам и да живеам луксузно ама основни работи можам да си дозволам и да купам и да излезам да прошетам,ама ете секогаш ќе се најде некој што ќе ти забуричка по нерви.
Таа да, на да она ми е трет матичен последниве неколку години само ги мењам и кој од кој по бетер се. Ми се чинеше ок на почеток ама сега све и е некако ради реда , или баш она си лупа од ракав дијагнози... Стварно нема асален лекар во државава. Или ја ги наоѓам све такви.
Мора! Ќе заплаче, ќе се научи, ништо страшно. Од прв ден, прво возење, во транспортер и никако поинаку (евентуално седиште 0+). Во раце ни до продавница не сум го возела, оти не е безбедно, ти колку сакаш пази, секогаш има некој на улица што не пази.
И јас од бременост до сега-3год сменив 3 докторки. Кај последнава бев 2 пати,не сум сигурна за стручноста а и малку е скапичка. Сега планирам втора бременост и баш мислев да си барам друг матичен,пред некој ден прочитав позитивно искуство за твојава. Ама читајќи го твоево искуство ќе бегам од неа. Слична е ко таа што ми водеше бременост,а такви стресови не ми требаат.
Девојки добро утро од една ненаспиена мама to be... Почна воопшто да не ми е згодно, во ниедна положба, а као сите наспиј се, одмори се дур не дошло бебето, е ајде де, нит наспиена нит одморена.. Маж си спие нема гајле, му завидувам. Кога ке дојде бебе барем ке си правиме друштво, ке си се гушкаме. Во последно време многу мрда, стомакот од една на друга страна оди, навечер е најактивна, преку ден ја шетам и не се буни. Стврднувања исто станаа секојдневие, бајаги често се јавуваат, пиев по еден магнезиум ретко два, ама кај и да е ке почнам по два. 32 недела ја раситнивме, а кога беше тест кога правев... Денес одиме на пат, белким ке одмориме на планина, поладно, Скопје стана неподносливо или мене така ми е склет, не знам. Едвај чекам есен па и зима иако никогаш не сум сакала. Препорака што да купам од Аптека од Бугарија, што нема кај нас а ке ми треба? Гледав капки за грчеви саб симплекс биле доста ефикасни, таму ги имало, ке земам, да сум спремна Друго ако имате предлог кажувајте. Жал ми е за ХМ ке се отвори а нема да сум тука, маж вика да одложиме ако не, не се испушта тоа Го терав пред месец бевме за Солун за ХМ, навикнат е на луди идеи . Убав ден да имате мешковци