@Kate Rina 93 слично ми беше претходно железото и хемоглобинот, ми даде хеферол матичниот. Може ќе ти препишат нешто, ама не е страшно.
@mace89 во ред и е и тоа на резултатите. Мене ми беше така на долна граница со 0.1 скратено, супер е ми рече трансфузиологот.
Жени имам мн голема болка во забот од сабајле. Помагајте што да правам, дефалган (ист како парацетамол) не помага
Не се мачи нека ти го отворат забот барем, и со анестезија безадреналинска може. Инаку даваат и аналгин за голема болка, до трето тромесечие и бруфен, ама пак ќе е краткотрајно решение.
Немам ништо од тоа дома Ќе се јавам на матичен да прашам што можам од аптека да земам. Не знам ибупрофен дали се продава тука
Здраво женски, Бев на контрола и малку ме испаничи докторот, покачени ми се димерите 3200, а сум 26 недела. Ми пиша fraxiprarine 0.4 2x1, ќе ги испитувам повторно за една недела да видиме дали реагирам на терапијата, друго ми рече за една недела дека било помалецко бебенцето, дали имам место за грижа да одам приватно на второ мислење дали е потребно?
Во кесички се само баш сега го читав упатството и пушува да не се користи во последното тромесечие. https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/dru...C9D8A.app5mojtermin?t:ac=detailview/899003892 Иначе е одличен, јас го имам користено и при доење и баш за заб одма ми спадна отокот
Кате за еден месец обавезно пак провери д димери и хемостаза. Мене во 33/34 недела ми беа 1300 д димерите. А во 38 недела 3600
Од една до две недели се толерира за развојот, а и сега ќе почнеш со терапија нема да имаш гајле. Мене исто ми беа тие недели е сега јас со терапија од пред трансфер бев дека ивф и немаше застој во развој ама пак си растат димерите последно 4600 ми се а 35+3 сум и немам проблем и понапредно е бебето. Со терапија ќе се среди ❤️
Фала ти, за сега не смеам од овие, ама ќе ги земам да си ги имам за понатаму. Зборував со матичен не смеам ништо само парацетамол, рече 2 од еднаш можам да се напијам. Ако не помине одам на заболекар
Здравоо мешиња. Едно глупо прашење. Може ли сами да се преметеме дали сме отворени? 35 недела сум. Прва бременост ми е и некак се осеќам кај отворот како да ми е пошироко незнам ни како да објаснам.