Немам искуство со природно отварање, ама мислам дека не се осеќа така. Цервиксот е горе после вагина, не верувам тие што биле отворени да осетиле зошто има жени и со по 5-6 прсти отворени што не биле свесни. Кај отворот долу може да се осеќаш така од отеченост, зголемена циркулацијата е и кај повеќето од нас е така.
Многу е 2х1 на таа бројка, плус и хемостаза обавезно се прави покрај д димери, сами не значат ништо. Ако заостанува бебето ке треба терапија, односно протоци да следиш, консултирај и трансфузиолог, сепак тој е специјалист за овој проблем, гинеколозите веднаш се оградуваат и даваат одма клексан/фраксипарин.
Каков ви е планот со витамините што ги земате? Дали кога ќе се породите ќе престанете, или ќе смените нешто друго? Јас земав уште една кутија, сигурно ќе ме покрие некоја недела плус после пораѓај, ама веќе скапички ми стануваат и сакам да сменам во нешто добро, а да е поефтино од Фемибионот.
Јас продолжив со пренаталните на Jamison од Еурофарм...околу 1300 се за два месеци. Фемибионот скап ми беше за продолжување.
И јас се мислам да ги сменам Фемибионот, убави се се, ама многу ми се 2 апчиња плус 1 брусница, плус витЦ, плус магнезиум... ту мач. Ќе видиме, во консултации со докторот. И стварно се прескапи.
Не знам кој вит Ц го земаш, мене овој на Jamieson највеќе ми се исплати. И тој е околу 1000 ден, ако не и 900 со 100 таблети. И магнезиумот горе доле се исплати повеќе од другите.
Јас примал имприл кој се 3000 ден, плус метил фолат, метил б12, магнетранс, идеос и д3, што од финансиска гледна точка стварно е многу, па сигурно ќе барам некоја поефтина варијанта за после пораѓај
Скоро сите витамини ми се Jameson од еурофарм и задоволна сум. Во трудничките има 90 таблети, а за цена ич не се секавам
Девојки бев сега во базаро и многу мирисаше на кинеско на пластика носев и маска ама сепак ми е страв нешто дан му се направи на бебево или да не паничам што викате.
Зошто паничите за вакви работи, ако беше толку лесно да се наштети на бебе од мирис, немаше луѓе да постојат во светот. Ништо не му е, бебето заштитено е.
Темава многу ми фали, повремено ве читам и носталгична сум, ама само за темава, за бременоста ич Ми падна во око @Blue moon со броењето, последните два месеци најчесто беше со нешто испрчен на десната страна и тоа ми беше знак дека е во ред ако осетев удар еднаш или два пати на ден тоа беше за славење Еве го мали 3 недели е и ако му ги видам очите еден саат во денот исто ми е за славењеАбе нон стоп е кома и само спие, а најверојатно тоа се осеќало уште во бременоста Така да не се оптеретувајте многу со броење, ако е мрзеливо ќе биде како моево бајче
Мојава последните неколку дена беше многу активна, дури со болки во ребрата бев од удари. Денес е мрзлива, само се тегни од време на време и се мислам дали да одам сабајле на ЦТГ, дури в петок сум закажана и на анестезиолог и ЦТГ последно. Многу ме плаши ко ќе се променат движењата.
Јас претпоставувам и тие како нас некогаш се помрзеливи и поспани и воопшто не се секирав, не знам оти не се потресував нормално ми беше..