И моето е помрзеливо последните денови. 2-3 пати ќе осетам во денот некој бокс од него и мирна сум. Мислам нормално е немат веќе толку простор
@Bebetoo, тогаш тешко нас кога ќе се роди бебуле. По цели денови е активно, ретко кога спие подолг период хахах
Јас така на заболекар кога бев бо чекална, мирисаше на освежувач за просторија, ама ептен силно. Па дури чекав мислев дека ќе збеснам. Да можев на шкрги ќе дишев. Беше така околу пола час доволно за да се уфилмам. Па стискај ноздри, вдишувај упола и си викам а надвор на издувни гасови шо корне. Ако е до мирисањето, одма прво тие ќе влијаат. Немај гајле за пластиката, битно средства да не дишиш нон стоп.
Изгледа ми падна чепот, 35+1, имам исцедок како лигав помешан со крв, сега ме фати паника. Вчера имав како контракции на секој саат ама не беа нешто интензивно болни, сега незнам што да првам, дали да одам на гак, дали во Систина. Докторката од Гак утре е во амбуланта, имам ли простор да чекам до утре? После колку време од паѓање на чеп се породуваш?
Има разни мерни единици, а што се однесува до трансфузиолог и на 3600 димери и скратени времиња е нормално во бременост за нив, дури и терапија не би давал ми рече Јани трансфузиологот, се дури постелката и протокот се добри, ама дека јас си примав од пред трансфер ми рече си продолжам. Да не се паничете Се дури се добри протоците и постелка, кои нормално почесто ќе си се следат на ехо и ако треба консултација со доктор за терапија
Можат и неколку дена да поминат до пораѓај. Зависи дали се отвараш и дали имаш контракции. Јас би се јавила да се консултирам, ќе ти кажат дали да почекаш до утре или да одиш да те видат.
Јас по ова се водам, а и докторот така ми кажа, дека до 1500 за втор триместар е ок. Па сега кој е во право, а кој грешка не знам.
Зависи, снаа ми и падна чепот, и два прста отворена шеташе скоро 2 недели... Оди нека те зирнат, ќе ти кажат. На снаа ми водењакот кога и пукна се породи, предтоа ништо, на два прста две недели беше ко што ти кажав... Само редовно одеше на цтг и прегледи, секој ден
Препрочитај си го советот на членката со мирисот што го даде, немој да паничиш. Не значи ништо промена на движења ако не е нешто драстично, од мрда до не мрда воопшто. Знаеш и сама, сега е поголемо и место за мрдање многу многу нема.
Во мојот случај пак, матичниот и докторите во Чаир се водат по тие што ги прикачив, јас сум на клексани од 5та до сега 36та недела...Но како што кажа и членката Кловер, бројот на д-димерите сам по себе не е важен при одредување терапија, се земаат во предвид и времињата и постелката и протоците. Јас не се дополнив. Ете имало и различни граници.
Ако ти паднал чепот не значи дека породувањето ќе биде брзо. Другарка ми после две недели од паѓање на чепот ја породија. Најубаво да си појдеш во систина кај докторот што те води за да си избегнеш непотребни стресови. И што и да е не се грижи, во безбедни недели си веќе
Дали има овде породени мамички позитивни на уреоплазма. Два пати примав терапија и антибиотици и вагиналети и еве пак ја има. Си мислам ќе ја носам до крај Дали мора да е царски пораѓај за да не му наштети на бебето? И сумамед по трет пат да пијам џабе ќе е еве не ја чисти.