Да и се извинам на @Misskirova, жено сеа те сфаќам што кажуваше со желудник у нос... Се качи бејби горе, под дијафрагма ми е, едвај дишам, едвај! 3 залака и толку, 2 голтки и толку, спиење со полиција, строго на подигнато, воздух зимање со полиција, дур се навикнам ќе биде потешко. Со баткото не ми беше толку тешко, ниско го носев, ова горе под цицки, затоа и стомакот ми е помал од со синко. Уште не ми се верува дека за недела дена-две ќе влезам во 6ти.
Од сестрите некој не може да ти даде? Или ако си уште на гак влези во амбулантите, замоли и кажи им дека ти треба..
@Bebulleee Честиткии мајка @macalavica пиши што ќе направиш, те мислам Јас пак со д димерите Матичнава ми вика високи ми биле, ми препиша аспирин да сум пиела, притоа не ме гледа на ехо,поим нема како стојам со протоци ,плодова вода и сл. Се јавувам кај специјалистот, што ми ја води бременоста, му ги кажувам резз ми вели добри се, нормално дека ќе се толку димерите 34 недела си.. И сега ете паника, да не ми се случи нешто мене, на бебе..
@Kate Rina 93 од димерите многу поважни се времињата, а кај тебе се во ред. И не ти се многу високи и димерите. Матичниве сите паничари поголеми од нас. Кога си на ехо?
Тек на 2ри септември, да одам порано? Ќе ме избрка докторов, само паничам и одам порано. Сега последно ми рече се гледаме кога ќе бидеш 36та недела и ќе правиме цтг, порано немора да доаѓаш, освен ако немаш болки или крварење
Мешиња јас треба да се породам октомври, е сега за покривање што да земам? Кебенце или од муслин прекривките? Исто така сакав да прашам за дома, земавте вреќички за спиење, за излегување нешто скафандерче за в зима? Незнам што да земам..
Не паничи, не ти се лоши резултатите. А за одење порано и досаѓање јас медал имам Ама искрено поважно ми е здравјето на малото и моето, а докторите до утре може да превртуваат очи. Работа им е да те прегледаат.
@Kate Rina 93 штом ти рече така уживај сигурно специјалистот повеќе знае, а мене и трансфузиолог ми рече димерите сами по себе ништо не ми значат, ако е хемостаза во ред. @Bebulleee честитки и тука, ве гушкам.