Јас уреоплазмата ја исчистив само со чај од диво оригано, ни сумамед не ми помогна. Иии обавезно заштитени односи бидејќи ако ја имаш ти ја има и маж ти и само си ја пренесувате
Кате колку ти се? Мене Јани не ми даваше до 3200/3300, протоци уредни беа, ама после ми се качиа 4000 и го напнав, зошто гинеколозиве се оградија као не можеле толку да се следат протоци секој ден и подобро терапија. Инаку со Јани баш зборевме дека и со 5000 д димери не примаат клексани ако е се уредно. (И времињата се многу битни исто)
Оохх ...многу е лошо и језиво..али тоа е ке се издржи некако.... Инаку дајте предлог за интимна депилација во Влае /Ѓорче / Карпош 4...ама стварно да се добри и педантни ко за трудници ....никако не можам да си погодам
33+3 вчера бев кога го правев испитувањево. Не знам, матичнава ја одбегнувам ептен ми е паничарка. Друго не знам дали се дава аспирин на бремена со претходно крварење.. Специјалистов ептен е опуштен,имам голема доверба во него.. ама сега малку се исплашив
Воопшто не ти се високи,не паничи за џабе. До 2600 е нормално во трето тромесечие. Немаш потреба од никаква терапија.
Мене терминот ми е ноември. Планирам да земам скафандер за надвор, баш гледав на страна на H&M убави се надевам ќе ги има во East Gate, а дома за спиење ќе земам плико и вреќа.
Аспирин незнам и дали може толку касно да се дава, мене до 30 та недела ми го исклучија. Јас мислам си го слушаш специјалистот, матичнава само тензии ти прави без потреба а и времињата ти се супер. Е сега и ехото незнам како ти е со протоци и постелка ама сепак си трето тромесечие и е се нормално се дури нема промена на ехо.
Мене термин ми е крај на ноември. Ми рекоа немам потребна од шушкавно скафандерче, туку само од онакво како крзнено, како мече што е Толку мало нема каде да се шета во текот на зимата. За дома планирам да купам вреќичка за спиење.
Бев на Гак,ме прегледа Адела,рече грлото е сакрализирано размекнато,долго 2цм,водењакот е цел,серклажот држи,ми направија и цтг ми рече добро е,ако се зголемат болки да одам пак,ме прати дома.Утре ке одам сабајле кај Ана пак па ке видам она што ке каже.Бебето е помало,јас сум 35+1 а тоа со мерки одговара на 33+4.Ама на цтг јас како што гледам има контракции е сега какви треба да бидат незнам.
И јас сум октомври. Земав едно кебе за секој случај, но мислам дека ке го покривам со муслин ако има потреба. Зедов врекичка за спиење, подебелка е ама без ракави. Планирам одоздоле со боди на кратки или евентуално ако е поладно на долги (на подно сме и мислам со кратки ќе е таман). Скафандер нема да зимам сега ќе почекам да видам колкаво ќе се роди, зашто планирам од оние од 3 до 6 месеци што се да земам, за сега зедов такво меко како мече само
Ова не е за терапија, нормални се резултативе. Не паничи без потреба. Ако ти е страв прашај во групата д димери во бременост, Јани кога е на работа и оди да видиш што ке ти каже.
Ти благодарам. Убаво не одев кај матичнава, ама ај реков сега демек упат да извадам, ептен се напна женава. пред 2 недели бев на ехо, специјалистот рече супер е се, протоци, плодова вода, постелка, рече се е нормално како што треба да е за неделите. А матичнава аспирин да сум пиела за д димерите, а знае дека крварев, дека едвај се оправив.. добро само и реков. За изнесување од болница, мене термин ми 1 октомври. Ќе земам едно тенко ќебенце, доста е, не е толку ладно во октомври, ако залади повеќе имам едно плик ќебенце подебелко и тоа е тоа, ќе ги исперам двете. За излегување од болница од облека: боди на кратки, дводелно комплетче портокалево со тиркиз боја ми е, тенко памучно е, чорапчиња и капче. И ќебенце.
Од заландо ама во Швајцарија ова. Ги гледав во C&A исти провери и во мк може ќе има @Bella_Stella како си? Крвареше па?
За депилација не сум ти добар советник, може да ти кажам само кај одат моите пријателки, јас депилирам раце само 1 годишно. Колешките и пријателките одат кај една Стефи на пазар во тоа трговските има салон, ако знаеш кај е детското игралиште во паркот, има една уличка што оди помеѓу новата зграда што се гради во паркот и малиот трговски на 2 спрата паралелно со пазарот, кога ќе навлезеш од кај паркот во уличката првите вратени скали одма после мобилната на спрат е од лева страна, пишува Стефи на врата. Фина е и има многу гужва ама многу е педантна и не закажува по 100 наеднаш.