Дечки...ми се стврднува стомакот...ауу до сега ова не сум осетила...језиво е....и тоа во неколку минути неколку пати....ме стега наеднаш и пушта...лажни се? Не е страшно.? Болки немам само се стврднува
Денес цел ден пак на нозе,ептен чудна болка имам само кога ќе станам и ќе стапнам да направам чекор ме боли доле ниско и како што ќе почнам да одам и да газам така и почнува да ме боли,а кога лежам не.. Сте имале ваква болка? А бебе активно е си го осеќам веќе баш кај папокот.
Пред бременоста пиев чај од диво оригано го има во билните аптеки, за во бременост незнам дали е дозволено, но сепак мислам дека е помалку штетно од сумамед
Не сум сигурна затоа и те прашав. Зошто јас пред бременост откако е короната користев редовно спреј од диво оригано во нос, ама после тоа пробав да најдам дали е безбедно и од она што успеав да најдам баш и не е препорачливо. Затоа те прашав дали имаш инфо или препорака од доктор.
Јас имам книга за трудници и денес читав дека чајот од диво оригано е строго забранет во бременост имаше и други чаеви што се строго забранети, иналу и јас го користев пред бременост и многу ми помогна... Мислам дека е подобро консултација со гинеколог пред употреба
Сега веќе немам никаков исцедок,што значи тоа?На клиника не ми кажаа дали е тоа чепот или не. И болките се смирија. Од една страна бидејки сум трет царски плус со автпимуно ми рекоа дека ке ме породат на закажан царски,дека не треба да ми почнат болки а сега ме пратија дома.И јас имам многу висок праг на толеранција на болка како ке знам кога да одам?Ми рекоа ако имаш болки дојди. Цела сум во прашалници,главата ми пука од стрес,ке одам пак сабајле на клиника.
Чепот ако не е паднат цел и ако е рано за пораѓај може и сам да се регенерира. Ако беше само малку не е ништо.
Не се стресирај. Оди си утре пак на клиника, прашај си сè што те интересира и мирна глава. Ќе биде сè добро на крај, штом си кај Ана во сигурни раце си.
Што е сакрализиран цервикс? Вчера ми запишале на извештајот барав на нет ама нема објаснување.. Иначе со серклаж сум