Здраво женски, денеска одам во 12 на преглед на цтг на ГАК и има болки коишто не ги осекам и отворена 4 прсти, ми рекоа врати се во 16.00 ќе те примиме... се враќам исти наод ми кажуваат врати се во 20.00 ќе те примиме идам пак пак исто ме вратија и ми кажаа доколку ме фатат болки ноќеска да одам ако не утре во 8.... а јас имам некои чудни тапи болки во кичма и напред менструални ама нонстоп без прекин... ДАЛИ според вас е нормално со толку прсти отворена да ме враќаат назад 3 пати...
Да јас кога имав стомачен вирус пијав линекс, многу ми помогна и јагленот пробај.. Едит: по две апчиња јаглен наеднаш, не поминувал низ крвта дозволен бил.
Да, пробиотик е. Напиј се и електролити ако имаш, да се освежиш. Ако е од храна можеш и активен јаглен.
Мислам на 8ч не ме држи за збор сум заборавила мене баш и не ми помагаше само од јагленот бев супер, прашај во аптека за сигурно ќе ти кажат.
Моето е родено октомври,го покривав со мекано ќебенцр,имад различни и потенки и подебели. За шетање исто со ќебенце покривав, а кога фати ладно накај јануари-имаше 3м му купив скафандер како мече. Го износе до април Мене со 3ипол прсти ме примија за пораѓај...
Ај добро утро мешковци. Мене незнам што ми е ама овие неколку дена страшно ми фали цигара. Лудило. Стварно мислев дека како ке одминува времето нема да мислам на нив ама напротив.
Добро утро и од мене Цела вечер дијареа и повраќање, завршив на инфузија, некои витамини ми уклучија плус половина реглан и нешто за болките во желудник.. Стомакот цела вечер ми беше тврд.. жал ми беше за бебе.. И после инфузијата, не се подобри ситуацијата, повраќање и дијареа.. Кажете нешто што можам да пијам.. Јаглен да купам, со линекс да пијам ќе помогне? Што да јадам? Ептен сум за никаде, една капка вода да пијам ,после повраќам во млаз.. Сега еве пробувам чај од нане да пијам..
Вода или чај внесувај со лажичка ако не можеш да пиеш. Пробај варен компир само со сол малку да јадеш. И електролити земи да не дехидрираш. Можеш и јаглен и линекс, ама мислам и само јаглен ќе ти помогне. Нека помина брзо
Стомачен вирус Кате веројатно, малава ко тебе ми беше, капка вода и млазови повраќање. Верувала или не, не сирупче не чај, туку лижалче на база на ѓумбир, тие што се против повраќање, и и помина... Види дали ќе ти дадат барем тоа, или сируп за против повраќање, да се смири желудникот да не го напнуваш Јаглен да, а линексот прашај, ако не е дозволен, сигурно има алтернатива Трае кратко ако е стомачен, нецели 24 часа Со лесно да мине веќе
Фала ви Се слушнав со докторот. Запна тест за корона да направам. Чекам маж да ми донесе Рече линекс 3×2 Јаглен не ми кажа колку, само дека смеам и тоа да пијам. И 2 пати дневно инфузија со физиолошки, вит ц,б6, спасмекс и реглан.. Не знам се надевам дека трае 24 часа, зашто ова е ептен лошо. Пиев антиметил демек тие на природна база од ѓумбир.. бадијала
Јагленот само поминува низ организмот,апсорбира отрови и се исфрла,мислам дека до 6 можеше за возрасни,јас ги толчам по 2 во прав и ги ставам во малку вода во чашка за ракија.
јас секогаш после јаглен повраќам, јагленот е за исфрлање на отрови од организмот. Пробај со електролити да не дехидрираш, и тоа голтка по голтка на 20тина минути , не наеднаш да го испиеш , оти па ќе повратиш
Девојки ми стигнаа резултати. Димери 1900. Парталовски ми рече до кај 1700 сме сметале за океј во 24та недела ама сепак ме прати на клиника да се консултирам за клексани. Искуства?
Добра сум, фала,исцедокот се намали, вчера навечер ми се појави пак, сега од сабајле нема, не отидов,одмарам дома, неможам да се движам некако,многу болка имам ако станам цела карлицата тогаш ме боли и како бодежи осеќам во вагината.Ке одам во Понеделник здравје.Нека седи мирно бебе во меше што подолго. Го пратив маж ми да купи за бебе облека ,се што ми прати не ми се допадна,отиде да види колички,врска нема,ке остане количка да си купам после породување,а за облека купив од ваикики едно комплетче со мики маус панталони, боди и капче, тоа ке го облечам страв ми е да шетам за да купам друго.