Имаш тема д димери во бременост, најдобро таму ке се информираш. Трансфузиолозите не препорачуваат терапија на таа бројка ако протоци, постелка и времиња се во ред и ако немаш фамилијарна анамнеза за тромбози, мозочни удари итн. И оди на трансфузија не на ГАК, сепак тие се специјалисти за тој проблем, на ГАК за да ти препишат терапија, зошто по ново изгледа трансфузиолозиве не препишуваат терапија туку гинеколозиве, имаше пишано некој.
Се случува ли и на некој друг бебето постојано да ика? Последниве 4-5 дена постојано го чувствувам како ика, цел стомак ми скока, па и се нервира кутрото и само лупа со ножињата. Не знам дали е во ред олку многу или нормално е? Инаку 37ма сум.
Дечки...ми дадоа клексани една недела. И ми рекоа да го прекинам аспиринот дури се боцкам клексани. Океј е така? Не идат заедно? Матичниот си замина не можМ да го прашам..тек утре
Мојот многу икаше последните недели. Ништо страшно. Во аптека тешко. Или кај замената иди попладне или на дежурен (јас во ј.сандански одам после 8 кога треба да боцкам нешто). Само ако си пиела аспирин денес 12 часа да поминат пред да боцкаш клексан
Кока кола пробај голтка по голтка. И обавезно електролити ОРС од Алвоген, мене тие ме вратија во живот кога добив стомачен вирус.
А која недела си? Мене и на двете места кај што одам на прегледи и Јани Ангеловски трансфузиологот ми рекоа строго до 30та смее да се зема аспирин, после тоа ако има потреба се зголемува дозата на клексан/ фраксипарин
Изгледај видеа на јутјуб и пробај боцни се сама. Не е тешко и најважно е дека не можеш да се повредиш. Боцкаш под агол од 90 степени, иглата да влезе до крај, полека ја вбризгуваш течноста. На крај има воздух во шприцот, него немој да го вбризгуваш.
Еј женски, по инвитро сме, минатата недела бевме кај еден доктор тој виде 2 меурчиња, уште немаше срцева акција. Денес кај друга бевме само едно гледа, има срцева реакција, друго нема. Не ни гледа кај би можело да биде. Не сум имала крварење, само еднаш повраќав, мислам дека имав малку тровање од бургер... Мм вика сигурно тогаш телото го има исфрлено :/
Можеш да го истуркаш да дојде на крај, не кон иглата туку кон другиот крај. Навали го шприцот надолу со иглата и знаеш како со прстот да чукнуваш врз шприцот додека меурчето воздух не дојде на горниот крај.
Нели тоник и слични пијалоци што содржат кинин не се дозволени во бременост?!? Барем јас така знам...
Ехее моето колку икаше во стомак, буквално цели ноќи не спиев ради таа причина. Тоа му остана изгледа навика од стомак, па и сега нон стоп ика. Нема спас од икањево