Девојкии помош 27+2 сум имам многи болки во половината бев пред 4 дена на конторла се е во ред со бебчето, болките не се постојани привремени се значи ги има потоа ги нема па пак ги има некој совет како да си помогнам осекјам како нешто да ми е претиснато
Женски 25та недела сум. Од како влегов во 6ти месец на момент кога ке почне да мрда бебето на одреден начин, ми чука срцето забрзано и како тешко ми е да се издишам. Како вознемирано да се чувствувам и поминува за брзо. Дали некој искусил нешто слично?
Е тоа незнам искрено,јас пиев кога не бев трудна,најубаво сепак консултација со доктор дали смее или не.
Жени како сте со притисок мерите од топлово денес? Долниот дури до 100ка иде ме мачи главава денес, пиев и б6 и магнезиум друго што смеам во ако не помага? Пола дијазепамче од 2;5?
Ти се здрвува стомакот тогаш? Може се лажни контракции па ти реагира телото така, може не е од мрдањето. Консултирај се со гинеколог секако.
Девојки додека боцкам клексан се понашам најнормално? Одам на работа,јадам пијам? Мислев да не треба нешо да одмарам нешо посебно незнам...
Све најнормално. Мене маж ми ме боцка во рака. Малку пецка и не е пријатна инекцијата ама ништо страшно не е.
Мене ми е страв сега да се боцкам ,пошто тука некој спомна да пазам да не го испуштам воздухот на крај на инекцијата Ако си напраам нешо
Не би ни ги препорачувале и за дома да се боцкаме ако може да направи проблем. Мене така ми кажа и докторката и сестрата кога ми објаснуваа како се боцкаат. Веќе 3 недели се боцкам и искрено не сме пазеле нешто посебно за воздух и слично. Мене ми беше од доктор кажано само, боцкање на средина негде меѓу рамо и лакт (да не е ни многу горе ни многу долу), убаво да се фати кожата (мекото на раката), памукче со алкохол, иглата под 90 степени до крај, и боцкаш. На крај не треба да се притиска местото да не истече течноста од инекцијата.
Само секој ден во исто време претежно во 20:00 го ставаме сите. А ако пиеш и аспирин 12 саата разлика од едно до друго. Друго и модрици и топчиња се ќе имаш 9 ти месец од кога ставам секој ден
Абе апсолутно ништо не можеш да си направиш, освен модрица ама тоа е најнормално Ние што боцкаме цела бременост од старт што да кажеме? Да не беа безбедни за домашна употреба немаше да дозволуваат да се боцкаат дома.
А зошто не одиш во некоја локална амбуланта да ти ги стават. Тие се предвидени за дома да ти ги ставаат, ама на крај треба од матичен да добиеш потврда дека ти ги ставил нели за да можеш да рефундираш пари. Бар така беше пред 6ипол години, договори се со општ матичен или гинеколог да ти ги ставаат или пак оди во поликлиниката во Ѓорче, мене таму ми имаат неколку ставено кога немаше кој дома, на крај краеви и од утре да почнеш ваљда не е до толку нож до коска, шо знам. Јас сама не можев, маж исто не можеше да ми ги става, пола ми ги стави мајка ми, другата половина комбинирано свекрва ми, кај општ матичен и за викенд во поликлиника Ѓорче.
Како се справувате со влакна на стомак? Цел живот воопшто сум немала дури ни под пупакот, а сега бетер од мајмун по цел стомак сум обрасната најмногу кај линијата во средина. Искрено не сакам депилација на овој дел, да пробам брич ми е страв да не ми се згуснат уште толку. Со крема евентуално?
Бидејки не сум во градот кај што ми е матичниот.денес патувам. Иначе ми рече само да му кажам кога ке се боцнам за да го пише извештајот.
Фала девојки како и да е. Утре ке пробам да одам во било која амбуланта да ги замолам чисто еднаш бар да ми покажат.
Оди во било која амбуланта, покасно, вечер, било кога, само на 12ч од аспирин и немаш никаков проблем. Не смеат да те вратат од ниедна амбуланта, ако не можеш сама нема без терапија да останеш. Колешка и се погоди на враќање од ковид боледување да мора да продолжи со боцкање и дур е на работа, а под нас има една амбуланта приватна семејна медицина, ги замоли, ја боцкаат секој ден во предвиденото време и она за возврат им носи повремено доручек, кафе, сокче, од благодарност. Пробај, само за во иднина имај во предвид дека 15мин плус минус треба секој ден во исто време да ги ставаш. Или прашај некој твој дали ставал некогаш па да ти помогне. Некој кој ставал инсулин ќе знае. Јас сама не можам и нема шанси да ставам.