Јас ги фаќам со брич Знам дека не е паметно решение и дека по порагај ќе ги снема, а вака сега ем се погусти ем ќе ми останат цел живот. Ама не можам да се гледам таква со влакна, тоа е, почнав и ќе си терам со брич додека сум бремена, после планирам да ги депилирам. Сега ми е страв да депилирам на стомак
Мислам дека влакната на стомак ќе ви се изгубат после бременост, хормонски се. Мене па не ми растат, не памтам од кога ги немам нозете средено, ич немаат порастено. Ама затоа вратот ми е цел со израстоци, се надевам некои сами ќе се исушат и паднат. Последниве дена почна стомакот кај папокот многу да ме чеша, ако испукам сега неколку дена пред пораѓај браво за мене. Цело бебе е напред дојдено ко врв од планина ми е стомакот, што да не чеша.
Иначе за влакната ги имам и јас.,ама фала богу ориметив дека на мустаки и веги не ми растат многу брзо.. јас па на стомак сеуште ги фатам со машинка...некни викам абе да не му брмчам многу на бебево Дефинитивно оваа бременост дали дека прва за многу работи не стигнав да прашам дали смеам или не ...и така терам...
Јас не сум ни до пола а веќе ми се премногу, ми се познава стомаче и мерак ми е да го гледам ама кога ќе видам толку влакна викам ќе си го галам преку маицасреќа на лице не се зголемија, само стомак
Јас прво сакав со крема ама мислам дека кремата има преееемногу хемикалиии и ми беше искрено страв. Си купив восок и сама дома полека си се издепилирав.
Жени здраво. Денес бебево е обесено за бешика изглеа. Од сам почеток мокрам често, ама ова денес е претеризам, се плашам дека ќе дехидрирам. Од што и да се напијам голтка, јас мокрам река. Што да пијам а да не ми се оди одма? И со храната имам проблем неделава, почна да ми ствара ептен тегоба што и да јадам. 15+2 сум денес.
@Sofi.ja осеќам дека исто ќе е кај мене, нема веќе кожа за тегнење само чешањето ми е неподносливо, со ништо не се смирува. Со првото имав на спојлери само и на бутовите, избледуваат после, скоро ништо не ми се познава сега. Мачкај ги и дури се црвени со нешто за стрии. Овој пат мислев ќе поминам без стрии, ќе видиме деновиве.
Девојки во која недела обично се очекува да се сврти бебето главчето надолу? Секако, ако воопшто се сврти. И дали има некои вежби што би помогнале да се сврти
Да и мене на бутките ми излегоа. Точно,веќе по 5-6м избледуваат. Мачкав и јас кокодово масло ама џабе. Мене и на гради ми излегоа стрии. Како балони ми беа,2-3 броја поголеми е тие ми беа жар црвени по породување
Обично до 36-37 треба да се свртат, јас сум точно 36 и уште е со глава нагоре.. ми викаат дека можело и во последен момент да се сврти па останува да видиме, а за вежби појма немам ваљда има на јутуб нешто ама искрено јас не би правела.
Не паѓа чепот секогаш наеднаш. Мене ми паѓаше цела недела, да не се испаничиш ако видиш пак дел да знаеш.
Фала ви женски на советите Сега веќе ми е подобро, освен што сум омалаксана, ама сигурно тоа поради вчерашниот ден. Ќе пијам утре апчиња, вечерва и утре инфузија и веќе ко нова ќе сум. Ептен тежок вирус. Имам доста чести стврднувања сега и одвреме навреме ме приболува стомак,ама мислам дека е од повраќањето, се надевам ќе се смири се за некој ден
Јас не би ти препорачала бричење, а ниту со крема да ги вадиш, кога ќе видиш истото е. Подобро издепилирај ги со восок или машинка. Или ако не се многу, чупај ги, зависи дали можеш да се гледаш уште
Од повраќањето ти е, многу се напрегаме кога повраќаме. Магнезиумче, Б6 и останатите пропратни работи пиј си ги и ќе се опоравиш, само треба време, истоштува вирусот. Одмарај се сега