Се напив и тоа и јогурт нешто не се симнува да фала ми кажаа дека можам… нешто друго природно освен одмрање течности и лукче? Што намалува притисок
Иста сум со израстоциве на врат, вчера и поткачив еден па ме болеше. Паѓале после бременост, се надевам, зошто може 20 имам...
Мене израстоците ми се многу чудни. Прво се како кожички испакнати, по некое време потемнуваат и сраснуваат со кожата како бемки. Кај тебе такви излегуваат? Или јас сепак нешто друго мака си имам.
Еве девојки ја легнав. Се одјавувам. Ги мислам димерите 1900. Дали се страшни,дали се нормални,дали требаше клексанј,дали можеше и без нив...ал ај ке боцкам ,ваљда нема штета од нив и така..... Убаво да спиете
Луѓе јас паничам. Имам некои чудни болки како во половината да ме стега, помешано со менструални болки и некој напон како за во вц а не можам да идам, како да ме боли задникот не знам како да објаснам. Не се тоа породилни болки нели? Рано ми е, 33 недела почнувам
Јас не можам да заспијам. Само на страна можам да лежам. На грб се гушам. Прееска на маж ми му читав текст до десетина реда, се преморив, како на Монт Еверест да сум се качила. Немам ни енергија веќе. Па и ова топлово надвор не се поднесува. Излегов преку ден од дома до продавница, ќе се онесвестев, ама пуста желба за чоколадо. Дефинитивно трето тромесечие е најтешко, барем кај мене. Само лежам и се ми е тешко. А во мислите мечтаам како се шетам, во шопинг одам, гледам за бебе работи. Толку, немам сили веќе. Среќа барем душата ми е мирна што се ми е спремно. Добро, се освен јас. И бебе појма нема и јас појма немам, дуо фантастико.
Пред некој ден, т.е два дена со ред имам менструални болки, повеќе се како непријатност. Ќе сменам поза во кревет, набрзо ќе престанат. Не знам твоите што значат. Ако сакаш истуширај се, или стани раздвижи се, па следи интензитет. Пиши за пола саат, саат дали ги имаш уште. Од друга страна од докторката ми беше кажано ако имам такви болки, заедно со болки во кичма да одам во болница. Не знам што да ти кажам, некој поискусен нека се јави.
Напиј се магнезиум и истуширај се, ако се смири ништо не е. Породилните не се константни, на одреден период се.
Се истуширав, се напив Б6 и пијам магнезиум сега. Постојани се болките, не се смириле еве веќе пола час некаде. Уф се вознемирив скроз што е сега ова бе. Слаби менс болки имам често, ова е различно не знам како да објаснам. Белки не е ништо страшно…