@Anturium земи смени положба од кичмата ти е. Мене на болнички кревет од неудобност кога ме фатија болки во кичма и напред во стомак, и звонев за цтг. Излезе дека кичмата е од неудобност, а болките од бебето.
Па некако немам многу избор со положба, или лево или десно сум за спиење. На грб лежам само со подигната перница, со спуштена снемувам воздух. Еве сега се разбудив пак со истите болки. Нека е од кичма или од било шо ќе издржам болка, само да е нормална и во ред. Ќе се јавам сабајле на матичен, ако можат и мене едно цтг да ми направат
Мене од 34 ми почнаа лажните. Ама пошто не знаев да ги разликувам нон стоп трчав кај матичниот за цтг. Тој само ми викаше ќе ги препознаеш јас пак паничев. Ама навистина е така, нема шанси да не ги препознаеш. Тие се на интервали, за раѓање. А мене ми беа константни болките , тие се лажни. Јас тек во 40та се породив.
Zdravo , nova sum vo grupata. Sakav da prasam sto mislite za nift analizite? Dali e potrebno kaj site?
Имаш посебна тема за тоа, се вика Неинвазивни пренатални тестови. Оди таму, ќе прочиташ искуства. Јас лично немав индикации да правам, но направив бидејќи сакав, а и самите доктори препорачуваат за да се има поголема сигурност.
Мислам дека се супер и супер напредок во медицината, доколку сте во можност зошто да не. Инаку не се задолжителни и 100% сигурни, како и да е ни еден таков тест не е со 100% сигурност, но е со висок процент. Лично мое мислење е дека секој што е во можност треба да направи. Јас немав индикации, ниту сум во ризични години, но правев.
Многу подобра, фала ти што ме помисли Немам болки веќе, мислам дека поминаа од кога отидов во вц. Па или поради тоа се биле, или што вика @Erika.greeneyes лажните се. Зборував со матичната рече на мирувам сега, ако пак добијам болки да одам да ме види.
Супер. Одмарај деновиве, не излегувај надвор преку ден ако не мораш и чекај да влезеш барем во 36та, 37ма после и коњи јавај ако сакаш
Добар ви ден милички како сте? Се надевам дека сите сте добро, до сега се мислев многу кај кој доктор да продолжам со прегледи па се до пораѓај да си бидам таму и се одлучив за кај Др-Корнелија Трајкова Систина, се надевам дека не погрешив бидејки читав убави коментари за неа.
Дали уплати аванс за пораѓај во Систина? Дали закажа, како оди тоа? Јас се уште сум во двоумење за кај кој доктор да се пораѓам, а знам дека ако уплатам аванс ќе ги имам поволностите што им ги даваат на трудниците. До душа уште ми е рано мене, 4ти месец сум, ама сепак.
Во голема дилема сум,дали да одам за породување на Гак кај Ана Данева или кај Димчев во Систина.За на Гак се двоумам зашто не знам дали ако ти вети докторот до крај присуствува на операцијата или само главниот дел го прави после те довршуваат специјализанти? А за во Систина искрено се плашам од екстра трошоци,за породувањето ок,ке ги дадеме до 150000 мах ама што ако бебето е помало да треба да седи во инкубатор,или ако има жолтица,прочитав една членка доплатила за 2 дена третмани плус 50000 ден,а бебето според мерки е помало за 1 недела и искрено тоа не се малку пари незнам колку ке можеме да одговориме.Маж ми навива за Систина јас треба да пресечам.Инаку да имате како инфо др.Ана доаѓа во Промедика,3000 ден е таму приватен преглед, закажав за следната недела,закажав и во Систина кај Димчев , ке одам на двете места па ке видам кого ке изберам на крај. Многу ми е страв од третиот царски,мн е рано од предходниот плус со автоимунуто имам дополнителен ризик од компликации и ми треба сигурен доктор.
Уште едно прашање,ако сакаш некој др од Гак да го почастиш како да му понудиш а да не се навреди,може ли да ми пише некоја членка порака немора тука,ако има слично искуство.Ајде цвеќе благо,пијалок, ке однесеш тоа нема да одбијат ама за пари како?Не е тајна дека земаат ама обично оди преко луѓе ,јас немам таква врска,тие што ги прашав рекоа дека не знаат.
Aко сакаш да го почастиш како благодарност ќе ставиш колку што мислиш. Во плик во кесето со пијалок пример. Јас во торбичка имав ставено бајадера и плус пликот.
И мене ми е сеуште рано мила 12 та недела сум и сега наредниот петок имам закажано преглед кај Корнелија па ќе видам што и како понатаму.
Треба сама да пресечеш каде би се осеќала најсигурно. Со приватните исто треба многу да се внимава бидејќи во последно време ги гледаат пациентите само за пари и што е можно повеќе профит да направат. Не дека нема да ја добиеш услугата ама дефинитивно ја претераа со цените. Од друга атрана на државно имаш екстра доктори ама после тоа негата и условите се можеби полоши или на кој како ќе му биде среќата. Сепак на крај сама одлучи си, кај те влече тебе повеќе и кај ќе се осеќаш најсигурна, таму да си одиш
Слободно оди кај Ана Данева, топло ти ја препорсчувам мене ме пораѓаше со царски. Ако е договорена со тебе може само шиењето на кожата при царски да го даде на специјализант, целиот пораѓај и шиење на другите слоеви ги прави сама. Да не се мислиш за ниеден друг доктор, Данева е ретко добар доктор и како лекар и како човек! Со среќа и со лесно!
Приватниве ги претераа со цениве Во рок од два месеци ги качија енормно цените Верувам дека се ретки оние што одат на приватно само ради третманот и условите, повеќето одиме заради стручноста на кадарот, реално најдобрите доктори ни отидоа приватно ама треба да имаат малце осет за нашите примања