Кај мене се сврте накај 34та некаде , цела бременост лежеше во хоризонтала, но и покрај тоа завршивме царски зошто се заинати и не сакаше да се спушти
Моето од 28, може и порано било ама не сум прашала. Во 28 прв пат прашав и секој нареден преглед прашував, до крај си остана така.
Девојки ,денес треба да почнам со клексан ама пак имав крварење од носот и слаба главоболка,и незнам што да правам. И пишав на матичната чекам одговор незнам дали смеам И ова крварење веке често ми се дешава.....
Клекасаните не предизвикуваат крварење за разлика од аспиринот така да биди мирна во тој поглед. Крварењето од носот може да е и од жештините. Примаш редовно Вит. Ц?
Аа добро. Да знам . На аспиринот и на самото упатство пишува дека знае да предизвика. Иначе не ,не пијам редовно Ц витамин
Пиј редовно секој ден од 1000мг, многу е важен за крвните садови. Ги зајакнува и нема да им дава да прскаат вака капилари и да крвариш.
Sardina dozvolena e vo bremenost za jadenje? Neli velea tunata imala ziva, pa gledam po namirnici za vnesuvanje i nea ja pisuva. Za Sardina ne sum sigurna.. Ako znaete pisete
Јас си јадам сардина и многу ми е убава купувам од стокомак јадранска сардина и ги печам сардините дали е дозволена или не е незнам битно јас ја јадам.
Слободно јади. Сите риби содржат жива. Само што сардината содржи многу малку или воопшто ништо. Лососот исто така е добар избор.
Реално одиме и заради условите, пост породилниот третман и понашањето на средниот персонал. Добри доктори и те како има на државно, ама има и уфилмани сестри, болничари, вратари ( не се исклучок и доктори) што така знаат да се понашаат да се почувствуваш мизерен баш во тој најубав период. А реално ако е се ок, ке издржиме 2-3 дена. Јас искрено само заради условите и понашањето би одела на приватно.
Се соочувате ли со проблем премногу лачење на плунка? Кај мене особено при лежење и навечер не можа да се контролирам. Лек, чаре некое? (36та недела сум)
Од киселини мене ми е така, дури и горчливо на крај на грлото. Малку ми помагаат гастро гард, друго чаре немам најдено.
Јас не чуствувам киселина сега (нив ги имав на почетокот премногу и зимав гастро гард или сода ) тоа помина, сега плунката
Пиј редовно витЦ, јас со првата бременост крварев многу од непца, со оваа пијам 1000ка секоја вечер и не крварат воопшто. Ама крварење не знаеш, ставам четка во уста и крв блика ко кокошка да си ми заклала во уста. А приметив дека и имунитетот ми е бааги подобрен откако пијам витЦ. Со батково во бременоста да не претерам ама скоро секој втор месец бев настината, со ова немам мака. И општо многу полесна ми е оваа бременост од првата. Јас доста читав за рибите и не ги јадев ама секаде на сите добри релевантни сајтови пишуваше дека таа жива што ја содржи рибата не е во доволни количини да наштети на плодот. Така да следно планирам да си купам еден лосос да го испечам оти веќе ми фали. Многу сакам риба, повеќе од месо. На одмор јадев ципура, од тогаш не сум јадела. И сардина ми е во план да јадам и тестенини со туна и сос од патлиџан.
Мешиња јас се породов и моето бејби дојде на свет Во систина испаднав позитивна на ковод тестот и завршив во гак во ковид центарот, бев многу скептична за овде ама прекрасно од персонал, грижа, се’.
Дали во 6ти месец чувствувате болки некакви? Наизменично препони, срамна коса, половина јајници... Не се јаки болките воопшто, ама знаат да се јават. И одкако влегов во 6ти два три пати ми се згрутчи стомакот на одредено место само, како топче се прави и пушта за неколку секунди. Нормално ли е уште сега?