Мешиња пред некој ден ви се пожалив дека имам болка од десната страна во половината,направив испитувања и излезе дека имам проширување на каналите на бибрегот направив уринокултира и крвна слика имам бактерија и сега примам антибиотик и за болка спазмекс форте и парацетемол но болката ммогу тешко минува дури и не минива можам да кажам некој искуство со ова дали сте пиеле во бременост пролом вода незнам дали да си купам од болка заборавив да го прашам докторот дали смеам да ја користам
Ја имаш бактеријата во мокрача и се плашиш да не си ја пренесеш на друго место или на некој друг? Не се пренесува. Како и вообичаено, миеш раце по мочање и пред јадење и толку.
Колку шишиња, цуцли се доволни на почеток? И што би ми препорачале, мислев цуцли од bibs, a шишиња од avent.. ваше мислење? И поточно од кои, бидејќи гледав сетот на авент имаше една членка пишано дека не бил добар.
Мамичкии во 36 недела како ги осеќате ударите на бебчињата? Јас во последните два три дека ептен остри удари и чести осеќам. Си правам одма филмови да не е под стрес нешто бебчево или нормално е? Дали да одам на преглед?
Јас сум 36+3, осеќам повеќе како бранови во поголем дел од денот, а понекогаш, поретко, како остар удар
Искрено најубаво е шише и цуцли да се купат додека си во болница. Да видиш таму какви ќе им даваат на бебињата па може тие што ги имаш купено да не ги прифатат. Се зависи и млеко како ќе имаш ако сакаш да доиш. Ако имаш доволно млеко шишето на почеток нема да ти треба. Јас имам купено авент стаклено среќа го прифати, во болница и даваа со медела. Реков ако не ми го прифати авентот ќе го купам тоа. Ама јас имам доволно млеко 2,3пати само ако го употребив шишето. Цуцла имам нук и таа ја прифати, во болница и даваа од авент цуцли.
Јас и за првото и сега за ова само една лажливка купив и едно шише. Со првото ништо не искористив. Со второво планирам да комбинирам доење и ад и лажливка да и давам,зашто нема да можам ко со првото 24/7 да сме на цице јер и постарата ќере ќе бара внимание,не можам да ја запоставам. Таков ми е планот па ќе видиме. Инаку купив шише на Авент, од 0-6 месеци, стаклено е. Лажливката од бејби лов 0-2 месеци Aко планираш да доиш доста ти е едно шише само ,за секој случај. Ќере не ми прифати лажливка, а и тогаш не знаев дека има вака мали 0-2месеци Па кога ќе и ставев една од 0-6 одма ја плукаше, мислам се давеше од неа, па цицката моја и лажливка и беше, додека спиеше, лежев до неа јас таа си го држеше цицето во уста.
За почеток купив едно стаклено мало и едно големо, и две цуцли. Користам на НУК first choise и сум задоволна.
Јас во државна во Тетово кога се пораѓав со шприц им даваа на бебињата млеко, не знаев дека на други места со цуцли давале.. И тоа ако им речеш ти да го нахранат добро, ако им речеш дека на цице ќе е, не ни прашуваат дали имаш млеко и сл.
Фекоорална инфекција е. Се пренесува преку контаминирана вода, храна, раце... Односно треба да се мијат добро рацете, да се оставаат во вода овошја и зеленчуци, добро термички да се обработува месо... Преку измет може исто да се пренесе од заболени животни, луѓе... Конкретно за преку мокрача, добро миење на раце после тоалет и дезинфекција на вц шоља.
Слободно пиј Пролом,баш е препорачлива за бремени. Јас имав застој во канал и песок во бешика и решив да ја пијам,ама многу ми беше блуткава на вкус и не можев..
Бактеријата е дел од нашата нормална флора во (цревата) анусот. При бришење сами ја пренесуваме накај вагиналниот отвор, каде што не и е нормална средина и се размножува плус при консумирање на шеќер.