@elenaklasik Уринарна инфекција не се добива од пиење загадена вода, не се добива од храна, не се пренесува преку вц школка и не може да се пренесе на партнерот. Најдов нешто тука со некое видео, ако ви се чита и гледа плус https://indianexpress.com/article/l...-uti-urinary-tract-infections-doctor-7759981/ Особено со уринарни инфекции имам лично долгогодишно, за среќа минато искуство, а имам и микробиолог по дома, па ако ве интересира уште нешто, без проблем прашајте
Да ама ешерихија не е само уринарна инфекција, препораките за уринарна што и ги пишав на членката се тие... Како и да е јас на работа одам во вц ептен ако морам и ја дезинфицирам шољата претходно (иако не седнувам, сепак прска). Прашање до микробиологот како може на секое испитување на урина да пишува има бактерии а на уринокултура да е негативно? Во авицена испитувано цело време.
Јас со моето искуство мислам дека да. Мене почна прво да ми се иде претерано во вц а немав урина за исфрлање и се почесто и почесто дури не почнав да крварам и одма на гиниколог отидов незнаев шо ми се случува, гиникологот рече цистит е ајде одма уринокултура излезе ешерихија и терапија имавме и јас и партнерот а јас претходно ја прифатив од колешка од работа така што мислам дека е пренослива Извинете за прикаченит фаил незнам како да го тргнам
Ама идеално за ешерихија е да стискаш да не одиш редовно во вц, тоа си се размножува како да ти кажам, ко квасна габа. Не смееш да стискаш, да не пиеш течности и да и ствараш идеални услови да се размножи. Што се однесува до мерки за претпазливост, треба ептен да седнеш во мочки и измет, нема како поинаку зошто таа живее во таа средина и за да ја фатиш вагинално или уринарно треба или да се бришеш погрешно, односно од назад напред за сама да се заразиш или да седнеш ко што реков во фекалии и да се намачкаш и да се заразиш. Друг начин нема. Од лично искуство кажувам, не од читања на интернет. Иначе пречесто е веќе оваа бактерија да се појавува и стварно не знам до што е, дали поради претераниот внес на шеќери па и создаваме услови да се размножува, значи некој пиша горе од шеќер се добива, апсолутно неточно од шеќер не се добива туку се размножува, или пак брзиот начин на живот и немањето време па да си праиме сами лоша услуга. Многу е важно да се има редовна хигиена, да се пијат течности, да се јаде свежа храна, без слатки и индустриски шеќери, да не се стиска кога ти се оди во вц туку да се празни редовно бешиката и да се внесува многу витЦ за да се замисли урината и таа да нема услови да се развива. Јас успешно засега се држам во стерилни услови со внес на 1000мг витЦ навечер заедно со капсула брусница. И се разбира јачање имунитет.
Сега во бременост не ни можам да стискам, да не мочам и сл... И пред бременост не оправдувам стискање и неодење во вц кога ти се оди. Јас многу малку внесувам течности ( што не е ок) па така многу ретко одам во тоалет на работа или кога сум излезена. Инаку на работа 90% имаат ешерихија, јас фала богу не сум имала до сега.
Ама и не внесувањето ствара проблем, не се пере бешиката, нема како да се чисти и при прва прилика ќе се закачи и иди после искорени ја.
Конечно почнав да перам,земав бекутан течен и бекутан омекнувач и фрош за флеки,може ли да ставам плус Вениш,некои бодиња имаат дамки жолти од стоење да пробам дали ке се исперат.
Мене идеално ми вади флеки еден сапун за флеки од Др.Бекман, го има по маркети и во ДМ. Нема флека која не ја извадил,малку ја мокрам,поминувам со сапунот и директно во машина со остатокот од алиштата на регуларно перење.
До колку е нормален пулс во бременост? До кај 100 е мојов, со прст го мерев. Малце ме вознемирува, шо да земам? Притисок 100 со 70.
Јас во леген ги потопив тие со жолти флеки и ставив вениш. Ги оставив скоро цел саат после ги ставив во машина и пуштив двојно перење. На нешто излезе, на нешто си остана.
Незнам зошто те вознемирува. Мојот скокаше до 120 во мирна и нормална состојба, преглед кај гинеколог. А и притисокот не ти е нешто страшен според мене