Зошто на сонце има ли влијание нешто?Јас све сушам во машина,тие што ги ставам на сушара ги сушам во сенка, никогаш дирекно на сонце не ги сушам,кај мене по цел ден мн јако пече ке ги пеплоса,и така сушени алишта надвор ми се корави и неубави некако. Јас цело време имам висок пулс некогаш до 130 оди така имав во сите бремености,после се нормализира.
Испери ги прво со ваш прашок ние користиме Персил во гранули е одличен на повисока температура, после тоа препери ги со бебешки и супер ќе ти бидат
Сонцето ќе ги избледе дамките, ти после пак препери си ги во машина и исуши ги во сушара, да ти се меки. Цел ден едвај чекав да преврне да купам чипс и штрудлици, си ги замислував како ги јадам, и купив и не ми се свиѓаат ич. Сами дома со синко се опремивме со свашта, секакви глупости што ни се бендисаа во маркет, 400ден дадовме за дребулии и освен гумените бонбони ништо не ми се допадна друго. Утре ќе се јаде здраво, денес вака.
Така ги пуштив,фала, ама многу ми се долги програмите за перење од 210 до 240 мин, да заборавиш кога си ги пуштил.
Исто Пуштај после 22 часот на евтина струја и нека пере навечер па сабајле стави на бебешки програм и на сушење
Ќе одиш поарно оти бетар е да се стегаш. Ама, ако знам дека нема проблем, сепак разбирам, оти и јас си го чувам за дома, а доместос ми е омилен Микробиологот вика: 1. Да ја смениш лабораторијата, 2. Чашките (стерилни, нестерилни) и начинот на земање примерок за биохемиска и микробиолошка анализа се различни. И за биохемиска анализа, бидејќи детектираат бактерии, потребно е хигиенски земање на примерокот во стерилна чашка и во рок од помалку од 2 часа да се анализира урината. И вели дека ако не се изолираат патогени бактерии при микробиолошката анализа, културата се смета за негативна.
Фала ти многу што ме помисли. ❤️ Добра сум да, исцедокот не се повтори ама за секој случај почнав да пијам Утрогестан. Утре се враќаме од одмор, а во вторник сум на прв преглед. Со душа го чекам!
Јас секогаш си купувам стерилни чашки за урина од аптека и во тие носам урина,фала богу до сега не ми покажало бактерии ни на обична анализа ни на уринокултура.А во лабораторија ако мочаш таму даваат обични чашки пластични кои врска немаат со стерилност полни се со бактерии.
Мене урологот, Ставридис стариот, ми рече дека ако бактеријата не е во доволен број не ја детектира уринокултура, а на обична урина тоа е друга метода (една метода што да ви кажам, со лентички урина проверуваат) друг начин на проверка и детектира нешто. Ама тоа зависи и од многу фактори, колку благо си јадел претходно, што си пиел, дали си мочал често или не, колку вода си внел... мајка ми, лаборантка у пензија веќе со 40г стаж ми го потврди тоа. Многу често вели се случува да од дехидрираност појавува бактерии, зошто се качува шеќерот исто така и детектира нешто, а на урина стерилна. Мене ми имаат земано урина со катетер, да нема фактички допир со кожа, со влакна, да не се контаминира, демек да е валидно бап испитувањата и само така уствари било најточно, пак излезе позитивно, па на цистоскоп морав и се потврди само леукоплакија.
И јас станав МАЈКА! Веќе трет ден, а уште сум во шок, само едно знам, секој ден се повеќе ја сакам. Господ секаде да дава вакви радости!