Мешиња памперс каков препорачувате да земам и колку? Влажни марамчиња какви? Сакам да земам на биодерма шампон, купка па од кои ми препорачувате? Поточно што ми треба околу козметика. Павловичева некоја зедовте?
Јас имам памперс премиум. Влажни виолета 99% water. За пеленска регија павловичева оригинална. И козметика на веледа.
За ова рече дека зависи за која бактерија се работи, не прашав конкретно за ешерихија и дека најправилно земањето примерок било со пункција . Скраја нека е! @TheGoldenPeach Честитки мајка, жива и здрава да е!
Јас користам babylove од ДМ и сум презадоволна, влажни виолета 99% water, павловичева оригинал а од страна на козметика користам на Mustela since day 1, за нас е супер и не би ја сменила
Што од козметика зема? Јас сакам да ја земам кремата за пеленска регија и шампон/купка 2 во 1 не знам дали има на веледа, или што е подобро... И млеко за тело исто... Друго не знам што, има по милион производи, не знам што ке ми треба.
Имате во темата бебе, тема буквално за се што ќе ви падне на памет тема, од количка, козметика, облека.... Инаку во однос на козметика многу е битно што преферирате. Во принципа за почеток што поприроднп и поминимално е подобро. Прво зато што може бебето нема да има никаков проблем. Ако сепак има проблем со кожа или било што, не секоја медицинкска козметика одговата за секој проблем. Инаку имате од природните линии - еко козметикс, веледа, натура сиберика... овие поизвиканите како мустела, еуцерин, биодерма се медицински линии и освен ако бебе нема проблем со кожа, според мене нема потреба да се шлапа. За малиот првата година користев веледа и тоа шампон/купка два во еден. Млеко за тело (од истата линија) многу ретко исто и крема за лице (повеќе кога излегувавме на ветер и слично). Крема за пеленска регија исто така не ставав на секое менување туку само по потреба. Едноставно според мене за бебе што помалку, тоа подобро. Еве го 5 години ниту имал проблем со кожа, алергии, егземи или било какви кожни проблеми. Одете во темата и прочитајте има различни искуства и предности и недотатоци од истите.
Јас зедов на Веледа шампон купка 2 во 1, крем за пеленска регија, масло за меше за грчеви и млеко за тело, се од колекцијата со невен жолтата што е
Исто се потпишано и од мене, со тоа што синко многу ми дехидрира и морав кожичето со нешто да го масирам да се обнови, масирав со уље на Веледа. Ама тоа првите 2м, после веќе ништо не ставав. Јас денес за прв пат трудно се осетив, на ручек бевме во кафана и едвај дочекав дома да си дојдеме. Некако лошо се имаше наместено бебево, стискаше, ми правеше во кичма некој притисок, односно во колкови, или пак лоши столчињата па ради тоа, не знам, али пукнав. Дојдов дома право во вц, па и бешиката ме мачи, нешто пече, ми ствара притисок, којзнае што ќе беше ова. Ама и јас претерувам, не знам да побарам помош, кревам тешко, коа ќе запнам запнато е и се радувам не се осеќам трудно и еве денес клапнав. Сега ќе легнам, после само да се избањам и пак на лежење, спиење. Да видиме дали ќе се смири ситуацијата.
Затоа реков да си прочитаат искуства и да не избрзуваат. А ти малки застани. Сепак имаш дополнителен товар и треба да се грижиш и за бебето. Плус времево е многу лошо. Бар мене многу лошо ми влијаат промениве Јас почнав со припреми за одмор, ама многу тешко ми оди. Денес едвај за мали торбата ја спремив и запеглав 5 парчиња. Еве сега си лежам и си приплакувам. Знам и јас премногу се залежав и незнам како ќе се вратам бар малку во нормала.
Ова ми беше школо, му најавив и на маж, од утре и ќе ме носи на работа не само да ме зема, страв ми е, да не си напраам беља, од готово вересија. Имало тањири, ако сака мечки оро нека играат, ич не ми е гајле. Мислам дека толкав страв одамна немам осетено, седам, јадам и си мислам само да помине ручекот, да стигнеме дома, дишам и маж ми ме прашува Што ти е, ти мрда вилицата не ти е добро, а јас стварно кога сум исплашена или под стрес крцкам несвесно со вилицата. А тука цела фамилија поширока на маса, како да ги извадам од памет сега, не бе викам ми се иде у вц а шубе ми е тесно е вцто. Едно време веќе не се трпеше Ај викам дома, мене нешто лошо ми е бебево наместено ме клоца, дури во кола му кажав што е работата. И еве од како сме дојдени 2 саата лежам мирно, нема мрдање.
Све ставив на 60 степени на најдолгиот програм за бебе и после во сушара,и стари и нови алишта,семи изгледа собрано,тоа комплетче што го планирав за изнесување посебно е малечко,ке треба да купувам други изгледа.Ги средив алиштата ептен пола можам дирекно да ги фрлам,битно испрани се
Испеглај со пареа, мене ми се има опуштено памучна маица така. Јас сум во процес на бирање сушара и тоа ми е најголем страв.
Јас на почетокот само веледа шампон-лосион од невен го користев. Сега малку почна да и се лупи кожата па по бањање и ставам веледа хидратантен крем за тело исто од невен. Можеш и за пеленска регија да земеш. Друго не ти треба. Нема потреба многу да го шлапаш бебето на почеток.