Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.521
    Пол:
    Женски
    Генерално сите сушари собираат. Самата температура на сушење си го прави своето. Со тек на време учиш и купуваш за нијанса покомотни:D. Јас минатата недела се простив од мојата и почнав да гледам нова. Денес доаѓа мајстор да ја види ништо не и е, си работи тип топ. А последен пат кога ја вклучував еден звук мислиш ќе полета или ќе експлодира. Затоа денес ја оптретив 3 извртеа:rofl:
    Без сушара како хендикепирана мислам бев. Алал вера како успевате да се исперете/исушите без сушара.
     
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    12.240
    Пол:
    Женски
    До толку е потребна? Која марка? И јас сакам да купувам. Првпат ќе користам.
    Ќе ставаме машина над машина. Па ако има кај вас така, кажете искуства. Знам дека треба да се одвоени со некаква подлога.
    Само не знам од што се прави подлогата. Ипак да личи, да е убаво за око, дома ќе ми стои.
    Ние имаме поограничен простор дома. Помошна соба за сушење алишта и пеглање немам. Помошната досега што е, ќе биде детска.
    Спроти наша зграда чури оџак во зима, а и секако надвор не сушам. А да ги лупнам сред соба или негде во ходник ептен ми е теснец така. Па и прашина се создава од алишта, и за дишење се осеќа прашаците.
    Затоа се надеваме со сушара ќе се офајдиме.
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.521
    Пол:
    Женски
    Мене сушарата ми е во кујна. Ама кај брат ми е машина врз машина. Мислам овие што прават намештај можат да ти направат конструкција иако мислам ако се соодветни големини може да стои и дирекно над машината за перење.
    Искрено јас ја имам 7 години и стварно ми е спас. Особено откако дојде бебе број еден. Сега па со две ептен не можам да се замислам без. Особено есен на дождовите и зимо, надвор не се суши и во скопскиов воздух се усмрдуваат, а внатре исто немам каде да редам, ќе треба сред дневна. Мене стварно ми е спас, плус имаш дезинфицирани и мекани алишта дури и без омекнувач за разлика од сушење надвор кога ми се ептен крути. И ако не ја оптеретуваш многу и ги вадиш алиштата топли, голем дел немаат потреба ни од пеглање.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Јас 23та терам. Болки во половина, крстот и ужасни грчеви на мускулите од нозете. Ама па ништо поразлично од другите бремености, така да нормално лошо би рекла:D. Порано ме фаќаа грчеви за време од спиење, се будев од јака болка, и држеа некоја минута. Сега знае буквално цел ден да го имам грчот во мускулот.
    Скоро и да не јадам глупости оти само од себе топењето на килата после породување не важи кај мене|(.
    Јас за сите веледа користев, ќе продолжам пак. Најмалото(најубаво на мајка:rofl:, и на еден нивни календар беше:tmi:).
    Ние се селиме следниот месец. Тапетите во четирите детски соби ги наместија, мебелот започнаа да го монтираат, ламби, постелнини и се што не треба веќе нарачано(facepalm).
    Кај бебуш креветчето и алиштата се следни на шопинг листа. Се мислам и тоа 4момс да го купам…
    Инаку купив две машини за перење оти со три деца секој ден пуштам 2-3 машини. Со четири заклучив дека малку ни е една машина:bandit:.
    Нарачав и една машина за пеглање, како ламинатор ќе му дојде:rofl:. Ги пукаш од едната страна и од другата испеглани ти испаѓаат.
    Имаме уште толку многу работа, пакети, што неотпакувана што полу монтирано на сите страни:doh:.
    Се тешам арно 7ми ќе биде преселбата, не ептен пред пораѓај, оти телото е при крај со силите.
     
    На Rtulka, mal.ecka, AngelOfArh и 2 други им се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Сега пак ми се појави како кафеав менструален исцедок, и како копчиња крв во урината.Се изморив денес со перењето,плус се наведнувам,ги кревав алиштата.Болки невообичаени немам,ме боли кичма стандард и препони карлица ама не се како менструални.
    И ми текна дека кога ја пуштив машината со бебешки прво по грешка ја пуштив на 90 степени па ја прекинав програмата и после ја намалив на 60 ама изгледа не се намалила,за толку собрани изгледа на 90 ми ги има испрано.
     
  6. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Не знаев во која тема да го поставам прашањево, дали утре можам да отидам во систина на преглед на незаказано поради крварење, исцедок конкретно и ќе ме примат на ургентно да се обратам или ќе треба да чекам ред, дали некој имал слична ситуација, секако ќе се јавам пред да одам ама ме интересира
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.344
    Допаѓања:
    119.347
    Пол:
    Женски
    А оти кај матичен не одиш утре?
     
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Не знам која смена е,, и таму е со закажување...
     
  9. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Фејсбуков како ме процени. Во видеа само бебиња и животни ми дава. Порано ме нервираа видеата со бебиња да бидам искрена, сега само плачам кога ги гледам. Јас навистина не знам бебево кога ќе се роди што ќе правам, оно ќе плаче, јас ќе плачам. Плачам буквално на се што асоцира на бебе. Плачев кога го наместив креветчето, плачев кога излегов од продавница со играчки, плачев пред лифт затоа што во раце држев бебешки облеки, плачам кога гледам мајка како турка количка, плачам додека му зборам на бебе во стомак. Хормониве ме полудеа.
     
    На Rtulka, Ena0310, Blue moon и 10 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.447
    Допаѓања:
    23.233
    Пол:
    Женски
    Сушара беко , на опција микс и верувај нема ништо да се собере. Патики штом ми останаа немрднати , за облека да не зборам, од памучно, фармерки, џемпери.
    Предобра ми се погоди и сегде од се срце ја препорачувам.
     
    На Rtulka и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  11. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    На итен преглед можеш да отидеш кога сакаш.
    Јас одев во Ремедика кога ќе прокрварев и одма ме примаа.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.829
    Можеш уште одма нема што да чекаш
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    2.624
    Пол:
    Женски
    Женски како се справувате со менструалните болки и дали ги имате?
    36+2 сум
    Вчера бев на цтг мирно беше и се друго ок на контрола регуларна бев, поручек ме фати стомакот и си реков ќе помине ама јок, во 3 вечерта веќе ме фати паника и на дежурен па среќа пак ми се погоди Котларова, цтг пак мирно ни една контракција а болкава е константна и еве уште без прекин. Ме збудали :(
    Докторката вика чим е константна не се породилни и дека имам операции, а бебка е големка машала. Лежам нон стоп и терапијата ја пијам и ништо.
    Паѓам веќе изморена сум, око немам склопено :worried: зар до крај вака со болки ќе сум, царскиот е за околу 10 дена.
    Ме изеди и психа и се. Има ли некој со истава мака :(
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    При ваков случај на исцедок/крварење матичниот а и во било која друга болница ќе те примат без закажување бидејќи се работи за итен преглед.
     
    На Rtulka, Снегулк@23, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.835
    Допаѓања:
    9.288
    Пол:
    Женски
    Хелоу грлс.
    Цел викенд не сум ве читала...
    Одморивме малку, од утре 25та ја терам.
    Лета времево ама пак некако бавно.
    Хормони пукаат , цело тело ме боли,беба се повеке ме мава.
    Синоќа коа ме мавна од сон ме разбуди,ама ако.
    Ја уживам у секој удар и стопена сум.
    :inlove:
     
  16. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Јас имам машина врз машина, без никаква конструкција, повеќе од 5 години, и нема никаков проблем.
    Мене навистина ми брка работа. А и алиштата се навистина меки кога ќе ги извадиш.
     
    На Rtulka и elenaklasik им се допаѓа ова.
  17. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    53.081
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на болки во долниот дел во стомакот ,ги имам одамна, веќе со поголем интензитет се,ни да лежам, ни да се движам ,ни да седам.
    34та сум.
    А кога ќе се породам,којзнае, се надевам само после термин нема, дека веќе не се издржува
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.104
    Допаѓања:
    110.994
    Пол:
    Женски
    Ти Данке и 3 куќни помошнички да ангажираш, не апарати, нема никој А да ти каже. Алал да ти е.
    Кај и да одиш не смее да те врати никој. Ако не работи матичната одиш кај замената. Ама ако сакаш во Систина оди таму, а за чекање сигурно ќе почекаш.
    Јас и Беко сме скарани, се што ми е Беко дома не ми се погоди и не планирам да купувам ништо од нив повеќе. Едвај чекам да ги заменам и тие што ги имам веќе, ми се темни, стрес ми е секое пуштање машина за садови и рерна да не ми рикнат на среде работа. Самсунг ќе зимаме најверојатно.

    Отспана, одморена, подобро е, ама вратот ми е укочен скроз! Немав време утрово ама дома после ќе се масирам со Руска водичка, тоа ми дадоа кога бев трудна со синко за вратот и безбедно било, немам многу болки па нема да пијам ништо, ама ќе се измасирам пред спиење на пладне па ќе се врзам со нешто да ми попушти. Бејби нормално преку ден никаде го нема, ама навечер Супер Марио ја почнува својата игра и тепа коцки (црева), скока врз желки и печурки (бешика) и прави победнички салта (со акцент на делот околу папокот). И нека е, така бар знам дека е добар, ама синоќа имаше многу печурки изгледа за тепање пошто мислам дека бешиката моја му глумеше трамболина. Нека е живо и здраво, ама сушта супротност од бато е, бато беше каде каде понежен од него.

    Убав ден мешиња!
     
    На Rtulka, Nela_21, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Честитки, живо и здраво.

    Машина врз машина имам без сталак. На 60 машини немало потреба.
    Стои, не паѓа, немам проблем. :D
    @AngelOfArh Кенди имам јас презадоволна.
     
    На TheGoldenPeach, elenaklasik и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Кое е најневообичаеното нешто што го имате направено во бременоста?
    Се сеќавам, прво тромесечие, многу сакав да јадам мрсни работи. Си лежам во кревет, ми се јаде, не знам што ми се јаде. Отварам фрижидер, гледам што има, затварам. И така два саати. Дојде 1 саат по полноќ. Ми текна, мене ми се јаде бурек. Го буцкам маж ми, му викам пали колата оди бурек да ми донесеш. Ме погледна само и се сврти на другата страна. Мене почнува криза да ме фаќа. Беше ладничко, се облеков и викам ќе одам во поход низ цело Скопје, ако треба до сабајле не се враќам, јас бурек ќе јадам. Тргнав низ маало, ќе барам пекари. Оди оди не се доодува, и туку таму далеку во хоризонтот засвети нешто како фатаморгана. Гледам пекара, почнува стомакот да реагира, лиги да течат. Влегувам внатре, како еликсирот на младоста да го најдов. Си земав 4тина бурек, литро јогурт, лиснато некое со пилешко и пица парче. Да напоменам, маж ми ни еднаш не ме побара дали сум жива и дали се уште ги имам бубрезите во мене на тие темници што ги одев. И така се вратив дома со потскокнување, како штафета на победа носам во раце, а не жежок бурек. Влегов премрзната, си пуштив телевизија, земав ќесата, си чучнав на кауч и да ви кажам, се си изедов. Таа вечер спиев поубаво од било кога.
    Друга случка, три сабајле, пак ладно, надвор само јас и можеби некој манијак зад грмушка. Ме фаќа криза за благо. Спремна пак ќе барам отворена продавница. Наоѓам бензинска, внатре јас и уште една девојка. Грабам од чипсовите, од благите, се спремам за апокалипса, нека има. Во раце веќе не ми собира. Кога гледам и таа раце полни чипсови и благо. Ме фати жал, си велам оваа или има добиено или е бремена, не може некој да е толку луд во нормална ситуација во ниедно време на ладно да шпарта до продавница за благо и чипс.
    Да, си патев на почетокот и си се шетав после полноќ низ градот во потрага по храна.
    Се опаметив во второ тромесечие. Списоци почнав да правам, што е веројатно да ми се пријаде и што мора да имам дома во секое време:)
     
    На Rtulka, Doktor F, Mesecinka❤️ и 6 други им се допаѓа ова.