Јас а сум дома сама со синко, прво што одам во дуќанче, полнам корпа гумени, чипс, лименки и си идеме дома, не ручам, не вечерам, скришум! јадам. После 1 година тотално постење од таква храна, па нека е. Затоа 5 кила за 5 месеци сум горе.
Даа доле ниско, не се издржува ме исцрпуваат нит спиам ништо. Се надевам бар да не е секој ден по толку време болката до крај, веќе у секоа смисла сум изморена со трудноќава
Леле не ми се верува, сега пред 2 минути те помислив, викам којзнае Кики што направила Нека е жива, здрава и среќна Гушкам!
Само што се најадов огромен тост со компири. Цела бременост се трудам да пазам..да не се направам џин ама еве од време на време знам да попуштам , о кога попуштам го праам тоа саглам...а свесна сум дека највише килажа се става последните 3 месеци... Е тоа..јадам и после имам грижа на совест. Иначе тостов го изедов жежок ..онака топол..и после 5 мин беба се превртуваше ко луда па помислив од топлото да не е ?
А за хамбургер од 7ца те нема се уште фатено криза? Го мислам мајонезот секој ден, барем по еднаш. Ме фаќа шубе да јадам по сендвичари, ептен се воздржувам. Си ветив на себе, се породам, бебе го легнувам во количка и шпринт во 7ца да си купам еден. И да се измачкам цела и покапам со флеки, ќе бидам најсреќна.
@kristina.k честитки, живи и здрави да сте Што сметаат како полна 39 недела? За тогаш можеле да закажат царски, ако претходно нема некои други индикации... ама не прашав што значи полна 39. 38+4 дена на пример или 39+...
Сурова си со сликава. Цел месец го мислам особено помфритов, ама без мајонезот не е тоа тоа. А на топлово мајонез надвор не ми се јаде.
Бременоста не треба да биде изговор за нездрава храна и јадење глупости.Гумени бонбони и чипсови се глупости, во ред е да пробаш од стрв ама да јадеш и тоа секој ден не е добро.Така се качував по 20 -30 кг во бременост па после се држат диети и се уништува организмот. А и тоа шетање во сред ноќ по јадење е само чисто алење, не дека дома нема да најдеш што да јадеш,него некои жени во бременоста се понашаат бетер од разгалени деца,демек ако не јадам бурек у сред ноќ крај на свет ке биде.Не ми е намерата никого да навредам,ама сите лоши навики си носат последици, подобро е да си гладен отколку да јадеш секој ден нездрава храна.
значи само овде може да добијам идеја и желба за мајонез и паштета. Толку ретко ги јадам и во нормални услови а сега лиги ми течат
Јас 10 кила качив, што дури и се смета за нормално. Не е дека треба да ти биде секојдневна исхрана, ама зошто и да не си ја смириш душичката повремено со некој џанк фуд. До толку да се оди во крајност, само здраво и тоа не бива. Нема потреба да правиш рестрикции и жртви, се додека поголемиот дел од времето внесуваш балансирана исхрана. Можеби тебе ти изгледало како размазување, но ете ме фаќале кризи, сум можела да оддолеам, а зошто? Си имам нормална бременост, бебка си расте како што треба, се си е во ред, така и да си остане. Сакам да кажам, нема потреба да се додава грижа на совест за состојба која и така е вон стандардите на нормалата.