Ис Исто Јас пред бременост јадев здраво ,не јадев лебови воопшто ,бев на салати и вежбање. Хамбургери и тостови немав јадено со месеци ....некад ми се дешаваше у 7 месеци еднашка. И сега е исто. Последен оброк ми е во 17.00 После тоа само овошје. Ама затоа коа ке ми се јаде за доручек или ручек нездраво си овозможувам
Абе тоа можеш да му кажеш на некој што е на салати, јас не за џабе слабеев година дена, од мука. Мене јасно ми е, ама од 1 пакетче гумени бомбони во 3 месеца не се сносуваат последици, не се сеќирај. Ние дома не јадеме џанк фуд, дома никогаш немаме чипсови, смоки, грицки и благо, заради тоа и добивам вакви нагони, па одам да купам. Не се сеќирам ич, оти коа успеав од 100 да стигнам до 75 еднаш, ќе можам и пак и ич не се уништува од здрави навики организмот зошто јас диети не држам туку се хранам здраво и балансирано. Значи да не кажувам за мајнозот, оќеј ќе ќутам, да не ми се брои де. Шала на страна, бременоста не е изговор и не треба да биде, ама кога од глава не можам да извадам една шака чипс и пола пакување гумени бомбони, поарно да си ги каснам отколку додека да ги купам и каснам (а одложувам свесно) да изедам пола кило леб и џем или кремсир.
Живи и здрави да сте мајка Јадам се ја, и мајонеЗ и компир и што не.. Не сакам да се лишувам сега во бременост од ништо
Честитки мама! Здрава жива весела да биде момето! Па и на наши глави и мешиња за женски понатака На здравје да ти е. Јас пред некоја вечер сонував голем тост долгнавест, убав печен полн со убајни, можда и сендвич беше. Како сум се разлигавила во сонот Сега секс не сонувам, ами храна @Alexandrite алал да ти е за упорноста да најдеш бурек дури по полноќ. Будна си или те буди од сон желбата? Јас ко шо сум паничарка нема шанса сама да одам. Мене вчера сабајлето ми се пријаде сендвич со мајонез и мортадела, краставиче кечап. Му викам на маж ми покрај бремена жена ако не пројадеш нешто нема кога. Покрај мене и тој си касна
Дел од карактер ми е. Кога сакам нешто, до крајот на светот ќе одам, ама ќе го имам сега и овде Како заслепена сум. Во бременоста x100. Иначе не ме буди од сон, ама не ме ни остава да спијам. Тоа прво тромесечие ми беше ептен ризично и ме полуди. Второ така така, трето си се вратив во нормала, само ете мајонезот од 7ца, не можам од мисли да го тргнам. Т.е тргнав еднаш да купам, ме вратија назад, ми правеа домашни бургери и ми го скршија филмот, ем незадоволена, ем пак без 7ца останав А пред бременоста, се на се дали 3-4 пати имам јадено од таму. Не знам овој мозок на хормони од кај ја ископа таа меморија да ме мачи.
Кога сме кај јадењето минатата бременост се нешто нездраво ми се јадеше… па и ми се пиеше… Првите три месеци толку ми беше лошо што можев да каснам само печеница, така без леб, без ништо. Само мигрена имав и повраќав. После ми се пиеше кока кола, па чипсови ми се јадеа :/ Ама искрено се јадев и се пиев, и салати многу јадев, и чипс знаев да каснам… Оваа бременост се извадив од памет со шеќерот на почеток, и иако после на ендокринолог ми испадна на гладно под 5.1, тримесечен добар и инсулин добар, од пусти страв пазам. Знам да каснам и малку чипс, ама не претерувам. И искрено, сметам дека се треба да јадеме во граници на нормала секако.
Кажете ми со што можам да го чистам вецето ? Смеам да мавнам малце доместос со маска за да не дишам? Морам да го средам лом е...
Ке пробам да видам со Циф дали ке се среди..ако не ке му кажувам на маж ми...ама треба да стојам до него и да му кажувам да трља
Да прашам бидејќи првиот скрининг ми беше на државно, сега ќе одам во Ремедика за втор скрининг што документи треба да си земам со мене (мајчина ли само) ?
@kristina.k честитки, нека е жива и здрава. Јас сеуште си го носам вишокот од првата бременост, така да се трудам да пазам...едноставно наоѓам здрави алтернативи. Си се знам, не ме бива за диети а и тоа трчање по децата и обврските ми е толку исцрпувачко па ако се ставам на диети ме фаќа мигрена. За првата бев кај мајка повеќе месеци, плус и бурек и скара од време на време на мени...качив 9кг. 4 симнав на пораѓај, еве, 7.5 години покасно уште си ги носам вишокот 5. Втората бременост качив 6-7, вишокот од 2 кг со кои испаднав од болница си се на мене. Третата, среќа, качив само 3, па жими тогаш не се фати ништо. Воопшто не гладувам, само е навистина балансирано и здраво. Не е крај света ако почасти човек душа некогаш со нешто. А ако е почесто од старт треба да биде спремен дека можеби вишокот нема да се топи, дека за време на доење дури и повеќе апетит ќе се има. И така...не дека нешто кажав. Секој си знае за себе.