Јас после секој напор имам мали болки, ко нелагодност, ама секрет не сум имала досега. Одмарај сега, не се оптеретувај, лежи и со лесно. Јас првата бременост анализирав редовно тоалетна, оваа само погледнувам дали имам нешто и фрлам, не ни се замарам со секрет. Додуша и немам, никаков секрет сум немала досега.
Освен лична карта друго не ти треба, мене ни претходната бременост а ниту пак сега не ми ни спомнале да ми водат мајчина книшка…
А болки во колкови во 14та недела нормални се? И нозе ме вијат, од времево ми е. Имам и тек тук во нискиов дел на стомаков. Појќе вака не чистам, ако сака нека фати да оди станов.
Каква е таа вакцина? За што е? Јас немам слушнато за таква вакцина, еве втора бременост терам.. Искрено не би се вакцинирала со никаква вакцина додека сум бремена
Јас ја примав 27-28ма недела некаде @Kate Rina 93 тука сите до сега што ги прашав ја примале, во мк не знам. Како што ми објаснија заштита од некој вирус е, да не ме фати пред и после порагај, многу бил опасен за бебе. Докторката предложи и мм да се вакцинира, ама требаше да испитуваме дали воопшто ја има примано во мк и баталивме, доволно било еднаш во живот да се прима.
Јас мислев дека во мк е тоа, дека членката е од овде. Може да има такво нешто, ама овде во мк не ми се верува. Да имаше ќе ни беше спомнато бар.
Здраво мешиња, 21+5 сум и чувствувам тапа болка на допир кај карлична коска. Ова прв пат го чувствувам, не се бодежи туку само тапа болка на допир. Дали може да е притисок врз карлицата или ширење од мешето? Дали некоја има иста болка како мојата? Инаку лежам преку ден на грб а спијам на страна со почесто менување во текот на ноќта.
Може. Како што ке расте бебе повеќе ке притиска и ке боли. Сите имаме некаква болка, после 30 недела станува поинтересно Со тек на време нема да можеш да спиеш на грб а не се ни препорачува.
Пак исцедок ,како на крај на циклус и како гратчиња крв како што испаѓаат при менструација ,и цел ден раната ме пече од царски,утре ке одам во Систина,ова не ни е нормално,пак ми се вклучи алармот.Имал ли некој слично искуство? Утре 36 недела сум.
Да бев, ми се пафна во систина др сузана тимчева, презадоволна сум, многу добар однос и пристап, не било ништо страшно бебе е во ред ми даде добростон
Незнам од минатиот вторник се случува,ке протече па ке го снема, ама како менструален исцедок е, земав да барам на гугл уште повеќе се вознемирив,сабајле ке одам во Систина, се надевам дека не е нешто сериозно.
Немам искуство, ама можам да споделам едно инфо што добив од неколку доктори, а знам дека и ти си со серклаж. Ми рекоа дека до колку дојде до притисок и затегање на конецот во обид грлото да се отвори може да почнам да крварам. Не знам во каков облик би се јавило тоа крварење, дали како исцедок или баш пообилно, ама убаво би било да отидеш да те прегледат. Е сега кај тебе како што се сеќавам и минатата недела се јавило и беше на преглед во меѓувреме, па може е и навистина чепот, ама за секој случај отиди и во Систина. Извести не баш што ти кажале
Баш. Мене оваа бременост ми беше предизвик здраво да се хранам, се осеќав подобро и без проблем со килограмите . Да заминеш Систина уште одма? Не би чекала…
Имам закажано приватно кај неа во Среда во Промедика,демек на клиника е многу гужва ми рече неможе да ми обрне доволно внимание да види се што е, како е подобро да одам таму,закажав не ми е проблем кај се не отидов ке одам и таму,денес затоа не отидов на клиника да не се малтретирам ама како вечерва ми испадна парченце како при циклус ме фати параноја,не ми се чека толку,ке одам утре во Систина,многу ми е страв раната што ме боли да не е некоја пукнатина внатре,100 филма хорор ми се вртат во глава.Ке видам што ке ми кажат па ке одам и кај неа во Среда ваљда,не знам,немам памет веќе.Само да го пребродам ова,многу ми е страв
А зошто одма не одиш? Не чекај до утре. Кога секако ќе одиш, сега повеќе ќе ти посветат внимание него ли со закажани утре.