Ке чекам до утре,син ми спие ке треба да викам некој да го чува па ке се кренат додатни паники,а и он ке се вознемири ако се разбуди а не нема дома,што и да е ке чека до сабајлеке го однесеме во градинка па ке одиме.
Не знам и јас дали членката прашува за во мк или за странство. Може во мк да се прима како деца кога сме биле па затоа не ја спомнуваат во бременост. И тука се примала како деца ама на странци ја ставаат пак за секој случај зашто не знаат дали ја примале веке
Веројатно е засирена крв, ако има пукнатина таа крв ќе е свежа по секоја логика.. инаку на променливово време и мене многу ме боли сеченото од царскиот рез...
И јас сум сега да одиш. Палите колата. Сега сигурно е мирно, без луѓе, полека ќе завршиш. И да е некој почнат процес, ќе знаеш на што си, и за рана и за сѐ. Да си помирна. Ајде со лесно. Вакви паники после убајни даваат.
Стварно нејкам да те плашам ама мене матичната ми кажа ако некогаш (во овие недели) забележам било каков крвав исцедок да одам веднаш на итна. Ова ми беше кажано на последниот преглед во 30та недела. Јас не би чекала.
Ме фати кичма многу јако. Можам само да лежам. Бебе го чувствувам како да падна уште подоле. Морам стомакот да си го држам, скроз ми стана тешко. Немам ништо друго како симптом. Чеп стои, водењак уште не е пукнат. Контракции никакви немам. Исто бебе денес ме осакати скроз, клоца премногу јако, шаки и стопала од стомак се познаваат. Дали тоа значи дека ми се ближи термин и како да си помогнам со болкава, ни до вц сама не можам да отидам без маж ми да ми помогне. Да спомнам по не знам кој пат, болките во срамна коска никогаш не престанаа. Одам како да сум седела на коњ. Цела се изместив, ама ова со болката во кичма и што бебе ми стана многу тешко ме плаши.
При крај сум. А ако се спуштило во канал, треба да одам одма на доктор или може така со денови да седам без да значи дека ќе се породам?
Со денови може така да си седиш. Велат дека ако се спушти, демек за некој ден ќе почне породувањето.Како при крај си. Ама не знам, јас со првото имав болки, па ми пукнаа водењак ,па после напињав и шетав во болница за да се спушти бебе во канал..
Од пред неколку саати бебево мислам ке ми излезе низ стомак, многу агресивно мрда, се напив магнезиум и легнав лежам, малку како да се подсмири ама ме фаќа страв, никогаш нема мрдано вака... 33 недела сум. Кога ке седнам или станам пак почнува и имам болка во долен дел на стомак од двете страни. Дали е нормално или да паничам? (Ке заборавев, и многу ми се стврднува стомакот)
Дали е свртено? Ако не е, може да значи дека се врти. Мене така ми правеше и после на доктор кога отидов ми рекоа дека се свртило со главата надоле. Два дена збеснуваше без престан.
На последниот преглед во 30 недела беше со главата надолу... Не знам што може да и е, на се ми оди памет, а сум далеку од дома и не сум во можност да одам на гинеколог...
31 недела сум. Претерано мокрење на секој 5 10 мин. Денес незнам како да ја објаснам болката како да ме клукна половината минута време можеби ни толку ме наболуваше и ме пушти , ме фати искрено страв. Ви се случило? Нормално е? Удариве се посилни ги чуствувам, ве наболуваат од време на време во зависност од клоцањето?
Легни на страна за да си се намести убаво. Јас во втората бременост накај 32ра недела имав јаки грчеви, стврднување, стомакот многу чудно изместено ми изгледаше една ноќ и кога оп на ехо 34та бебе со главата нагоре карлично се завртела (а цело време беше со глава доле). После во 36та пак исто искусив, лудуваше во стомак и се заврте пак со главата надоле
Иста недела и исто се чувствувам Најубаво е во тие моменти да легнеш и да одмараш, бидејќи ако си станата додека бебе е активно може уште толку да те боли
25та од денес девојки. Кога беше кога бев 5та Лета времето . Се помачно ми станува искрено. Кога ке се најадам добивам тахикардија,осекам вознемиреност..ваљда дека желудникот ми е горе ептен ....Беба се повеке е активна. Станав сабајле во 5 и пол ,пред да одам на работа вежбав пола саат јога и убаво ми дојде.
@macalavica Ќе одиш денес на преглед? Пиши што ќе направиш Женски мислам дека мене чепот веќе една недела ми паѓа постепено, баш како на сликите од гугл е.. Со болки сум цело време,оние стандардни и стврднувања на стомак, а еве денеска некако чудно ме боли стомак долу, како тапа болка..не знам.. Само велам да издржиме уште недела ипол да влезам во 9ти.. 34+3 сум На преглед сум тек на 2ри. Не знам дали да одам сега за секој случај, не сакав да го мачам мм, со скршена рака е, па чекам гипсот да му го извадат, да вози раат, дека во друг град ми е докторот..