Се истуширав со потопла вода, ми помина скоро. Може лажни се Леле само ако бидам ко Јованти Се плашеше од предвремено, на крај 10 дена после термин роди
Ме извади од памет, такви болки и толку често стврднувања не сум имала. Не знаев што да правам.. Добро е битно помина се потсмири, еве сабајлево и зборам кај си, стани, сега па страв ми е зошто ја нема Ајде да влезам у 9ти па што сака нека биде, не ја замислував вака бременоста
Со првото многу убаво ми беше и баш пишував дека обожавам кога сум бремена, дека ми е лесно.. не знам друго што глупости тропав и оваа вторава бременост ми наплати за се Цело време под стрес, болки,чуда.. Затоа веќе не сакам да сум бремена, не го можам ова малтретирање
Ставаат и во 34 недела,лани на клиника на една жена што беше со мене во соба и ставија на гак во 34 недела и после 3-4 дена се породи.Бебето беше добро,само 1 недела беше во инкубатор. Јас од сабајле немам никаков исцедок,ни крварење,ништо,тргнав на преглед сепак да сум мирна,ке ви пишам покасно.
Друшки ај ве молам за мислење?? Се консултирав со гинеколог, ми препорача протеинска диететска исхрана. Опасно е?? 25 недела сум
Сте иделе на одмор во 8ми месец? Нешто планираме здравје ,ама ке влезам во 8ми баш кога сакаме да идеме и искрено не ми се ризикува баш патишта и странство...една постара докторка ми викаше штом влезеш во 7ми се е мечка во вреќа ...што викате вие?
Јас мислам дека зависи колку далеку ќе одите, колку пат има итн. Ако е блиску некаде и брзо можеш да се вратиш не верувам да е страшно ама за подалеку не знам. Сепак најдобро е консултација со лекар за ова.
Ако не ти се ризикува, немој да ризикуваш. Немој да си правиш стрес и наместо да ти биде одмор, ќе ги врвиш деновите во стрес и страв да не се случи нешто.
И мене ептен ми се оди некаде. Сакаме на море, ама држ не дај сме. Имам голема желба, ама престој во друга земја ми прави немир, во смисла да не ме стегне нешто не дај Боже. И уште се мислам шо да правам. Тогаш здравје ќе сум 4ти месец. Кога ја гледав Сара Мејс, алал да ѝ е еј, во 7ми месец или 8ми на авион се качи и Турција на патување беше. па уште и егзибиции имаше таму во водни паркови, влегуваше во кафез а околу неа ајкула вртеше. Цц и си викам само јас имам заебана психа?
Ние бевме и баш добро ми дојде, се изладив од спарново Скопје. Исто 8ми месец. Си извадив патничко осигурување за секој случај а и реално 2 саати е до Мк и помалку, за недај боже тука си за кратко. Како се осеќаш така.
Јас лани кога бев бремена се трудев да функционирам нормално и имав и таков мајндсет. Воопшто не ме фаќаше психа. Ама после спонтаниот лани, оваа бременост и те како сум претпазлива. И повеќе од што треба, ама кога ќе се изгори човек еднаш... Ама па и не ми е криво ни мака што сум попретпазлива. Што викаат better safe than sorry. А ако некој си има нормална бременост, дозвола од доктор и лабава психа нек си шета како сака, зошто нели бременоста не е болест така викаат и докторите Само сум за тоа да не се прави ништо што ќе ни прави стрес на душата.
Фала девојки. Ке размислам убаво. Иако искрено се е како е пишано ама сепак психата да не ме убие тоа ми е...ке видам ке зборам и со докторката.. И онака приметив последно пред два дена дека почнаа да ми сметаат дупки по патишта..се поткревам ,ко на трње седам,не сум мирна ,се пазам на секоја дупка..и реално ебате патот и одморот ако така се пазам
Дечки бев на преглед,се е во ред,не знаат од што е исцедокот,може да е од серклажот,може капиларна крв да е,цервиксот е скратен ама нормално било тоа,ми рекоа контрола за 1 недела.Цените пак се качени 3800 ми наплатија,ми закажаа пак преглед за една недела валјда пак ке ми наплатат и тогаш.Ако добијам болки или ако почне крварење свежа крв да одам на болница одма ми кажа а ако е исцедок не е страшно.
Јас до Струга бев, почеток на 8ми месец,2 саати пат што се вика, Господ го видов, ептен мачно ми беше седењето во кола, стомак мр болеше горе, после долу.. а не па подалеку. Ма да во трето тромесечие не би одела надвор од Мк, баш и јас размислував за тоа.. Се може да се случи. Си реков боље спречити него лечити. Ќе има други прилики за одење
Иначе,ко што спомна некој погоре...не ја замислував вака бременоста. Само ми е страв од нешто...првите три месеци од недај боже спонтани, второто се плашев како ке помине скрининг ,сега како наближува трето се плашам од предвремено.....у пм