Да ве прашам на тие што ви пукнал, напукнал водењакот. Водата каква е? Денеска после мокрење или ако лежам при станување ми потекува водичка, значи чиста, ни мирис ни ништо. Сега малку повеќе ми потече и падна парченце мало како мукозен чеп Спојлер: Не е за гадливи Се јавив кај докторот рече можно е да е инфекција некоја, да не се плашам.. кај 8 ќе одам на преглед.. @Eli23 ќе ја тагнам и неа и течеше по малку.. Во паника сум.
Ова не е чеп, обичен исцедок. Некогаш е поредок некогаш е погуст. Ми текнува и мене со синко во 20 недела имав густ исцедок како мрсул една другарка ме испаничи без врска, кога отидов на преглед се си беше добро
Оди да проверат да не е водењак водичката што тече. Ова е обичен секрет и ваков треба да е. Се повеќе ќе го имаш, тој ја штити матката да не дојдат бактерии до неа.
Не стигнав до маркет вчера да купам мајонез и кари сос. Утре и онака треба да докупам за одмор ќе купам. Таман и една кеса меккејн компир што се пече и ручек ќе биде Зошто во 4-5-6 месец да не отидеш. Опушти душа и освен ако немаш забрана од доктор пуштете се до морето. Јас уште бев трети кога прашував и докторката ми рече ако е се во ред слободно да одам. Вчера бев на последна контрола и во четврток палиме за морето. Докторката само ми посака, среќен пат и убаво да си поминам
Не знам што ме кочи. Некои мисли демек да не ме стегне нешто изненада. Всушност, дека сум далеку од дома, тоа ме кочи. Плус со мало дете, не дека е напорен нешто, мирен е, ама знам дека ќе вложам енергија за паковање куфер, па патот до таму 4 5 сати, и така. Еве на два три пати по една капка минимална дури и не е тоа кафено, измешано ко потемно жолто со точка светло кафенко ми има останато на гаќи, и некако само ми се лежи ради тоа. Да не се уморувам непотребно. Ако не е море, можда за планина ќе се одлучиме ама бар овде кај нас. Вие кај ќе одите? Убаво да си поминете
И планина не ти е лошо . Ептен заради мали море ќе е годинава. Две години не сме биле, он не се ни сеќава како е. И планина ќе беше зимоска, ама со мало бебе ќе ја рипнеме оваа. Штом добив амин од доктор ич не му ја мислам. Се пакувам од неделата (ова без перење). Полека полека, таман ќе сме спремни четврток сабајле. Оваа година така го правевме планот за поблиску, па одиме пред краците, во Дионисос. Побрзо таму ќе стигнеме отколку до Охрид.
И јас имам напади на главоболка како никогаш порано. Легнувам во кревет на час и буквално за секунда ме снемува. Кафето намерно слабо го пијам за да имам луфта во текот на денот за мало шишенце кока кола. Со надеж сон и кк и да се смири главоболката. И мене ми кажале дека смее ибупрофен во прв и втор триместар, ама најдобро и лична консултација со др. Нема за нас одмор годинава. Жал ми е за децава, жал ми е и за себе оти имаат толку вишок енергија и цел месец на распуст а јас толку малку сили. Седам во двор, возат точаци во круг, кичмава и крстов ми се укочија немам сили за подалеку.
Матичниот е на одмор а замената е катастрофа, е одам кај неа. Ми помина малку, вечер превентивно ќе се напијам парацетамол. Ми е страв да не е ковид, па за ден два ќе се тестирам зошто на работа пола вработени се позитивни, да не сум закачила нешто. Мада ск таа половина не сум во контакт некој, ама мора да пазам. Утре задутре секако ќе правам и кс контролна. Во второ тромесечје е сосема ок да се оди на одмор, не е ништо страшно. Само да е море, не базен или езеро. Бев и да ви кажам ми наполни батерии за цело лето, иако рано за нас некако, во јули, ама убаво ми дојде. Сега ќе земам уште некој ден да одморам онака, да се спремам за првачево, па ќе си оставам и за пред породување уште денови. Докторот ми рече се е подобро од Скопје и асфалтот, така да убав помин.
Не знам колку е лоша мигрената, потруди се со многу течности, туш… Мене корона кога ме фати ми рекоа да се трудам да не биде повеќе од два парацетамола на ден, и само доколку темп е над 38.5. Стискам палци да не е корона
Здраво девојки. Еден апдејт од мене. Си слушнавме срценце. Докторката е задоволна и рече дека супер изгледа сѐ моментално. Јас уште мислам дека сонувам…
Имам кандида,затоа како водичка ми течело. Ми препиша канестен 3 вагиналети. Ме гледаше на ехо, бебе наместено со главата долу, околу 2300-2400гр тежи, цтг мирно, ме прегледа вагинално, со спекулум. После си добив и преглед со рака Не знам, се ме болеше, и ставање на спекулум и прегледот со рака.. Господ го видов. Ама битно рече не сум отворена, ќе тераме уште. Преглед за 2 недели пак Фала што ме помисли
И мене ми протекува така, не константно туку по 2-3 пати на ден. Бев на преглед, ми кажаа зголемен исцедок, ова пред месец ипол. Уште така ми тече секојдневно.
И мене така ми течеше, сега последно што се испаничив, се наведнав и тоа истече баш да ми се натопат убаво гаќите. Чиста вода..
Мене ми е така цело време, и на матичниот му кажав пред две недели кога бев на преглед, ми вика си има доволно плодова вода се си е во ред. А јас баш осеќам како ми потекува, ај ептен одма кога ке станам ми потекува од утрогестанот ама и после неколку пати во текот на денот ми тече и осеќам и тоа е што да правам, и на дежурен бев и матичниот викаат нормално. Се надевам дека стварно е така.