Почнаа болки па отиде во болница? Јас одам на 2/3 дена на цтг ама ми се увртило во глава како ќе знам ако треба, а не сум таму
Па не знам како да објаснам. Не беше како кога мокри гаќите ти се од вода пример, туку ова како да не го впиваа гаќите. Да како помочана ама како над материјалот да стоеше. Ама цели ми беа направени гаќите. Не можам вака да ти објаснам баш.
Не е леплив мила, баш е вода. Оди со лентичка да проверат, да не е високо пукнат, од секрет не тече по нозе а мокрача ќе осетиш бар притисок. Јас би отишла на друго мислење.
Сега за пола час ќе одам кај матичната.. А лента се купува во аптека? Докторов мој ништо не ми спомна за лента. Да видам матичнава што ќе рече.. да и спомнам јас за лента
Не е лепливо, мене ми пукна високо и ми течеше 36ч пред да пукне скроз. Буквално како помочана бев, преку влошка, преку гаќи, лом и тренерки правев на неколку пати... (после ми потврдија со тест дека е плодова). Можно е да е водењакот чим толку ти тече, со лесно!
И јас ја отворив неколку пати темата. Приметив истото и ништо не сум пишала. Ние кај доењето и советите сме заглавени. А очигледно и овде во труднички.
Мене така ми течеше водењакот,не треба да има боја и мирис.Ако недај боже е заматено или има мирис е опасно за бебето.
Ќе јадеш повеќе месо (не саламурено) ќе си земаш од некој сигурен, ама избегнувај колбаси, виршли, кулен и сите тие такви за мезе. Бирај интегрални брашна (пример за палачинки) исто и тестенини, мешунки кои имаат голема количина на протеин како грав и леќа. Многу многу зеленчук, овошје не мораш да тргаш, но гледај да го комбинираш во оброк кој исто е богат со протеин (пример: палачинка со јајца и намаз некаков од јатки и овошје) Значи оброците да бидат избалансирани и СЕКОЈ оброј да содржи барем 20г протеин. Можеш да си земеш исто и додаток WHEY протеин (чист, без дополнителни витамини или други состојки кои често знае да ги има внатре) безбеден е, и тој е храна без разлика што си бремена, оти докторите често знаат да те уплашат во поглед на суплементација. Торти слатки, сокови купечки, сладолед, бел леб итн. се што содржи голема количина на шеќер, ИСКЛУЧУВАШ. Се надевам помогнав, ако те интересира уште нешто пиши слободно.
Jas do 12ta, mozebi trebase da ispitam prolaktin pred da prekinam ama trojca doktori konsultirav i od site bese stavot deka veke ne mi e potreben.
Прашувам зошто гинекологот и ендокринологот имаат спротивставено мислење. Гинекологот вчера ми рече дека нема потреба веќе да го пијам и дека нивната пракса е кога ќе се слушне срцева реакција да се прекине. Пролактинот вика сега треба да почне да се зголемува за да почне да се произведува млеко. Додека пак ендокринологот претходно ми кажа дека обично до 12та недела го дава. Ќе зборам пак со неа и ќе видам што ќе ми каже. Фала ти.
@Bella_Stella јас друга терапија имав за пролактин, ама не ми ја прекинаа до 12та недела поради ризик од спонтан. После 12та веќе не примав ништо за пролактинот, а не сум го ни проверувала во бременост. Со лесно
Високо напукнат водењак женски Матичната веднаш виде со спекулум. Веднаш за тетово заминав Ме хоспитализираа, примив антибиотик, флостерон. Докторот вели колку повеќе издржиме вака толку подобро, така да не се знар колку ќе бидам овде. Сака да чекаме природни болки да ме фатат. Женски фала ви многу. Да не ми пишевте вие, ќе дремев дома, немаше да одам на преглед пак.