Протеин во прав бремени не треба да користат прашав двајца различни доктори ми рекоа никако. Со лесно,ти пуштам среќа,биди смирена ке биде све ок,пиј повеќе течности.
Одмарај таму сега, во безбедна зона си секако, супер што отиде, јас да бев ќе седев дома исто омг, ќе викав абе да не ги замарам Ако ти треба нешто, навечер сум слободна со време, радо би ти помогнала и донела што и да е Среќно мама
Фала ти најмногу И јас исто ќе направев, да не ми пишеа овде да одам пак @fana Водењакот е срц, матичната вели прими инекции за зреење,нека делува 24часа и да те породи. Докторов вика колку повеќе седи бебе толку подобро е. Не знам кого да слушам. Не е ризик со напукнат водењак долго да се седи?
@Kate Rina 93 се ќе биде во ред мила. Ќе го пратат бебе на ехо и на цтг нема да дозволат да го малтретираат. За два денА си полна 35. Додека лежиш истекува ли?
На моменти истекува, некогаш додека лежам, некогаш ако се наведнам, знае да протече и при движење.. Еве сега ми потече, легната сум.. Според мерки ми велат 35та си, добро е.. Ама се плашам јас да не треба многу во инкубатор да седи, дали ќе може само да диши, дали игра улога килажата.. дали 2300 е доволно.. Сите што го прашав ми рекоа не знаеме да ти кажеме, зависи од бебето
Ти имаш примено инекција може и нема да треба да седи во инкубатор. Тежината мислам дека за неделата си е ок, и таа нема баш многу врска со дишењето, шо оти Јован беше 3100 и полна 38ма на раѓање коа една недела беше во инкубатор на интензивна нега. Јас ко сум се родила бев 4100 па сум била во инкубатор. Од друга страна близначиња се раѓаат со помала килажа од твоето па не се во инкубатор. Нема правила да знаеш, не мисли на тоа, покриена си со терапија, се ќе биде во ред.
Не е точно, протеинот во прав е храна како и секоја друга, има природно потекло од сурутка така да јас не се слагам со ниеден доктор во тој поглед, многу се назат во информации и едуцираност за суплементација.
Мамички до која недела се прима утрогастанот? Јас сум 31+3 и докторката во Ремедика кај што бев на трет скрининг ми кажа да го прекинам бидејќи цервиксот ми бил над 35мм. Јас го примав вагинално превентивно бидејќи кога синче наполни 9 месеци пак останав бремена и плус со царски бев
Јас сум 33 недела, матичниот пред две недели кога бев на преглед ми рече постепено да го намалувам, никако од еднаш. Во смисла денес ставам утре не, после ставам една вечер - две не и така.. Мене искрено страв ми беше зошто тој период отидовме на одмор и продолжив секоја вечер. Сакав од вчера да не ставам па имав болки и многу стврднувања, пак ставив.. Денес Кате вика водењакот и е напукнат мене ме јаде јанѕа и за тоа сега и шо да ти кажам сум . Инаку тоа беше препораката на мојот гинеколог дека треба постепено да се прекинува. Се надевам ти помогнав
Водењакот ако е високопукнат знае и да се регенерира, они ќе те пратат на ехо, ќе те прегледува доктор и ќе знаат. Пак ќе ти кажам, нит инекција а зреење добив, нит ништо, моето прематурче прваче ќе биде годинава. Само смирено и со лесно, не се оптоварувај со мисли, тешко е, ама сега гледај само да се спремаш за моментот бебе доаѓа. Јас додуша немав време да се спремам, во 4 сабајле отидов, во 4 попладне го запознав веќе синко. Ама кај мене наеднаш истече се, не пополека. Само инсистирај на редовни прегледи и немаш гајле. Не е проблем самиот протеин како суплемент или додаток на исхрана, проблем е што се произведува на лента на моја се произведуваат и останати додатоци кои ги користат оние кои сакаат да наголемат мускулна маса а тие се проблем во бременоста и не може да гарантира никој дека протеинот сам по себе не содржи концентрации од нив. Затоа пишува и на некои дека Може да содржи траги од... Кога јас прашував дали смеам ми рекоа да, но не секој ден туку еднаш до 2 пати седмично. Од страв не користев повеќе. А прашав и доктори и фитнес инструктори и нутриционисти, сите исто одговорија, без да знаат дека сум прашала друг. Така да им верувам. Ти можеш да си тврдиш за себе а да не убедуваш други дека е безбедно, зошто недајбоже ако се деси нешто нема ти да одговараш за штетата, секогаш советувајте со резерва. Како си спијам слатко на пладне, машала секој ден веќе. Колку бев убедена дека нема шанси дома да седам, сега да ми кажат ај седи си дома не оди на работа, ќе прифатам, жими се. Се силам де, брзо ќе ми здосади. А и не ми е тешка работата, колегите ми имаат разбирање, фини се, нема потреба од седење дома засега. Некогаш е потребно да смениш околина во одреден период од денот, само седење дома ако не е од доктор препорачано па и не е здраво за психа. Ајде уште 2ипол месеца, 8ми кон крај да го земам стариот одмор 3 недели и малку обично боледување од матичен 2 недели, па после да отворам и трудничко во 9ти. Да сме само живи и здрави! И да, во иднина волку многу распон од преглед до преглед не сакам, ќе им речам ако треба порано нека биде, ама месец ипол многу ми е од еден до друг преглед. А и којзнае колку ќе бидам поправена на следниов преглед, како имам апетит, машала. Мада сите ми викаат дека сум супер, ама јас се плашам, многу се плашам од дебелината сега. Убав ден мешиња, јас ручек спремам.
Денес бев на преглед на приватно и докторот ми кажа дека постелката ми е ниско. Дали е исто плацента превиа и ниска постелка? Има ли некоја искуство со овој прпблрм?
Која недела си до 30 недела постелката може да се крене јас сум со планцетна превиа маргинална значи ниско е поставена но не го покрива отворот туку е до отворот имам уште малку време да видеме дали ке се крене
Јас имав ниска постелна, а никогаш не ми спомнаа превиа. Во 29та ми се крена, битно е да биде оддалечена повеќе од 2цм од отворот. Нареден преглед прашај колку цм до отворот е
Леле мила со лесно.Многу се израдував.Живо и здраво да расте и да се развива .Ако се точни бабините претпоставки носиш женско.Женските лежеле на лева страна во матката, моите и двете беа лево.
Веќенти одговориле дека не е ништо и не е страшно ако си понапред во бременост. Јас сум осумнаеста недела и кај мене е сеуште ниско и немам никакви рестрикции, дури и на одмор добив дозвола да одам. Само докторката ми инсистира бар неколу саат сега додека не ми е преголем стомакот да лежам на грб со поткрената карлица. Почнав ноќе така да отспивам, зошто и онака имам срашни болки во колкови, па вака и коловите ги одморам
Јас повеќе верувам на доктор,ако они велат никако не би ризикувала. Јас сум 36 недела уште ги користам,до 32 недела ставав по 2 пати после ми намалија на по едно и ми рекоа сега во 36 дека може да ги прекинам ама страв ми е,па решив да си ги допијам уште една недела на своја рака.
Јас не тврдам од мое лично искуство туку од пракса и наука, а ниту имам намера да убедам некој, само кажав дека е безбедно и стојам позади тоа, но напоменав за ЧИСТ протеин кој не содржи никакви други додатоци. Доколку има на декларацијата (а мора да има) дека содржи нешто друго како што и сама напомена, тогаш ќе си се консултира со постручно лице дали смее или не смее. Јас како долгогодишен тренер го препорачувам, а кој што ќе си одлучи тоа е на него. Ама мислење од доктор за овие работи ми е нерелевантно, исто како што моето мислење е нерелевантно за нивната работа, јас не сум компетентна да кажам... А ако зборуваме за лично искуство, јас го конзумирам цело време, и пред и за време на бременоста и сега и секогаш и во вечни векови секој ден!