Здраво, како сте? Имам едно прашање, после пораѓајот, колку луѓе во требаа за помош, кој ви помагаше?
Така велат бидејќи не се запознаени и не сакаат да ризикуваат да ти понудат нешто за кое немаат искуство и тоа е сосема во ред. Јас иако знам дека е ок, кога го прашав мојот доктор дали да пијам или не, тој ми рече цитирам „ ти знаеш повеќе од мене за тие работи, јас искрено не сум упатен“ и тоа беше најдобриот одговор, што беше целосно искрен, а не како останати поединци со тврдења дека тие прашаци не чинат, без да знаат ни што содржат.
И јас постојано размислувам за истото и уште не сме решиле. Првите 2 недели мм ќе е дома и се мислам дали да доаѓа свекрвата. Како што ми стануваат се потешки домашните обврски и од едно перење мислам маратон сум трчала, изгледа ќе ја викам и пред пораѓај. Не знам и јас стварно
А бе, овде ситуацијава е комплицирана малку. Мажов е 12 саати на работа и нз дал му следуваат како ден. Дали да се свикаат мајката, свекрвата и јас сестрата хахха.
Во која држава сте? Колку што знам секаде таткото има право на породилно отсуство. Овде во Швајцарија е 2 недели законски, во Германија мислам 2 месеци е. Веројатно и вас ве следува
Е ова не го знаев. А како му доаѓа страната на матката? Бидејќи на сликата од ехо изгледа дека е на десна страна, фактички тоа од матката гледано е лева? Јас мислев како што ние го гледаме, така е и во матката поставено, конкретно за страната. Лево е лево, десно е десно. А тоа да ти било обратно. @NoOrdinaryMama каков протеин користеше во бременост? И која е користа од него?
@elenaklasik користев неколку различни...еден на кој се сеќавам е Ultra Whey COMPLEX од Yamamoto Nutrition. Е сега конкретно за мене, користа беше тоа што сум професионален спортист, вежбав низ целата бременост и не сакав да изгубам голем процент на мускулна маса, а не секогаш можев да внесам доволно протеин преку храна. За друг, користа би била можеби тоа што нема да јаде доволно, па да го внеси како додаток, гадење од месо или конзумирање на помали количини, повраќање во рана бременост, неможност за внесување поголема количина на храна при крајот на бременоста поради стомакот нели, желудникот е стиснат и не собира многу храна итн. И да не се зема како додаток, добро е да се осигураме дека и преку храна внесуваме минимално 1гр. протеин на телесна тежина за просечни нормални индивидуи, а дупло повеќе за спортисти. Значи ако се внеси доволно преку храна, нема потреба за суплементација.
Фала ти мила! Леле навистина ли?! И еден кинески календар ми предвиде дека е девојче, иако не верувам баш во точноста на такви предвидувања. Само да ми е живо и здраво..
Samo Gospod da ne cuva site, zivi i zdravi bebinja da doneseme na svet. So ostanative babini devetini ne se zamaraj, mislam ostanavme edinstvena drzava kaj sto seuste se veruva vo tie gluposti.
Мојте исто вака беа на десно ама јас ги ставам во правец на стомакот и ми ги сметав на лево .Кога ми мрткаа мрткаа на лево.Затоа мислам дека е лево и женско.Може и глупости да тропам. Што е битно што се, да се само живи и здрави.
Дали некоја пие домашна козја сурутка, сакам да почнам во смути да ставам, пиев пред да останам бремена, но сега ме интересира дали е дозволена и кои се бенефитите од неа и за мене и за бебињата?
Здраво на сите, сакам да прашам дали е нормално да чуствувам како менс болки долу ниско кај стомакот 13+5 сум, многу сум загрижена цел ден така осеќам
Леле ама се стопив, мислам дека душата ми е колку планина од убавина. Синко ми го бацува стомакот и му вика Бебе, многу те сакам! И добивам у ист момент превртување кај што бацил бато. Мислам дека ќе си поплачев да не имаше други луѓе во околина. Многу ме исполни ова.