Сеуште е рано има време да се крене на мене докторот ми кажа до 30 недела има шанси да се крене и как повеќето случаи на почетокот вила ниско поставена потоа се крева
Здраво, Да прашам некоја искуство дали има со L Arginin капсули? Докторот ми препиша за подобар проток и бидејќи бебенце ми е една недела помалецко.
Мешиња како се справувате со тоа кога мм ви помага дома ама не прави ништо како што треба? Имам многу болки во половината и си го поминав пола ден лежејќи. Мм после работа ја наполни машината (читај ја разбута), па поново ја редев после него и не му кажав. Го исчисти вц па јас пак го чистев без да му кажам и на крај кога направи ручек во 8 саат вечер а јас гладна од 5, и тоа направи ручек што не можам во уста да го ставам полн со зејтин ради реда само јас пукнав. Со готвев па сама ама многу се испокарав и му кажав и за машината и за вц и мноогу ми е тешко. Тој сега во спална е многу тажен и ми кажа дека колку и да се труди не знае подобро, се ова во кавга. Толку не сум навикната некој да ми помага и ме уништува ова. Како да прифатам да ги прави работите ради реда и да молчам не знам, ќе пукнам. Се утепав од плачење а знам со тоа што ме гледа ваква му е уште потешко. Ем сум му лута, ем сакам да го гушнам, ем не знам дали треба да се лутам. Офф хормони… си се искажав…
Убајни И моево вчера од никаде му текна ме погали на стомак и вели мама бебе, и се доближи со главчето на папокот. Колку убаво чувство И му велам бакни го бебето, па прави со устето цмокчиња А бе
Ти ќе си ги намалиш очекувањата а он малку ќе се потруди. И мм не знаеше па научи. Ручекот ако не знае подобро ќе го купи, не мора да е печење, еден сендвич можел да ти направи. Машината ќе испере секако, освен ептен ако не ти напраил ради реда колку во иднина да не бараш од него, чаши наопачки и слично, а чистење вц и остало, бар очи има и ќе гледа. Ако не нека седи прљаво, ти е гајле. Јас му викам ако не можеш викни си чистачка, јас не можам, тоа е. И кај мене е аљкав, он мисли дека 2 недели не е исчистено вц а јас уствари го чистам 2 пати неделно без да види он, ама му правам филм дека не е исчистено, му викам дека газоите печурки ќе ни фатат од што не е исчистено и сега пред да замине во село зел чисти, оти пак ќе го нема до петок а во петок ќе дојде и ќе одиме на свадба и ќе остане така се. Да плачам за исчистено/неисчистено, нема шанси, ако не е чисто за мене не е и за него, ич не ми текнува да се замарам. Ама не сме сите исти, тоа е. Ќе се научиш да не се замараш. Јас урлам одвреме навреме, обично кога ќе исчистам а они ќе направат лом, па тогаш зема по мене пофаќа, го учи и синко да пази. Јас се научив да се повлекувам во спална, таму и 3 недели да не исчистам чисто е зошто едно спиење ни е само таму, не се праи лом, не ми смета ништо. Ќе си легнам со изговор да одморам а они овде во дневна ако сакаат нека се качат на лустер, и доаѓам во дневна и им викам дека се свињи што седат во прљаво и не им текнува да фатат по нив, па ќе земат тогаш собираат. Оваа бременост ептен ме олабави, многу се сакам ваква. Оди и кажи му дека ако не знае подобро има начин, нека ти ангажира помош, тие знаат, а ако му е скапо и не може тогаш нека отвори очи подобро и ќе научи, ни ние не сме родени научени. Не е дека не знаат, така им чини.
Мојот имаше мирис и тоа баш приметлив кога наидуваше млаз. И со други што сум зборела кажуваат дека многу гадно мириса кога ќе пукне наеднаш на пороѓај посебно. Бебињата да се живи и здрави топ се, некои веќе во градинка.
НИКОЈ! Фала на Бога. Таков зен сме со ќерче, ама баш никој не ни треба. Се си постигнувам, она си фаќа ред. Не е престимулирана од баби и тетка-стринки, мене никој не ми дроби на глава што и како да правам…лепота.
Во право си ама проблемот е што мене ненормално ми смета неред. Мислам дека се гушам кога се насоберам садови или прашина или ствари насекаде. Во принцип тој е по педантерија од мене, ама ете за некои работи веројатно удрен се прави. Морам да се научам како да оставам обврски на него, вака со дете ке збудалам без никаква помош. Неколку пати оставав без да средам и само сфатив дека си создавам повеќе работа за утре другиден. Најкриво ми е што он сака да помага, ама веројатно јас сум многу маанаџика не знам
Мајка ми дојде првите недела дена, јас полудена од хормони мислам дека жената зажали што дојде. Ми помагаше со домашните обврски додека се свестам кај сум и што се дешава, после си фативме ред со мм и супер е сега
Јас и двете деца ги родив во 35та недела, ни ден не беа во инкубатор. Првото веќе во 3ти месец ги имаше престигнато во килажа врсниците што се родија по 3ипол кила и еве го маже што ќе биде втораче, голем убав и паметен на мајка. Второто се роди пред 3 ипол недели, дома не пуштија за 2 дена и еве денес го меревме 3600г до сега накачаил 1кг. (не испишаа со 2630г) Не се секирај ќе биде се во ред, помалите бебиња се поголеми борци и побрзо напредуваат
Искрено никој. Да сум со овој памет ич немаше мајка ми да доаѓа. Кога се породив со првото, првите две недели беше мм дома, после првите 2 месеци доаѓаше мајка ми скоро секој ден по 5-6саати. А стварно немам појма зошто толку, ама веројатно и нејзе и беше мерак. Сега за второво не планирам да ја ангажирам да доаѓа. Евентуално по некој ручек да направи. Нема да средуваш по него и да преќутуваш. Или ќе се помириш со фактичката состојба или него ќе го вратиш да искорегира. Ако не го вратиш никогаш нема да знае каде згрешил. Иако за машина не би го вратила, како е така е ќе испере. За тоалет можеби и може иако ако прошол со хемикалии бактериите се уништени. Ако не свети ради бигор не е ни битно. Штедете се жени. Не само сега во бременост, туку генерално и во нормални услови. Јас сум среќна што мм уште пред мене знаеше и да пегла и да готви. Растурено му пречи повеќе од мене. Е сега не сработува секогаш по мој вкус, ама се навикнав. И он има замерки за некои работ што јас ги правам.
И мене ми смета, девица во знак и подзнак, оцд вришти на најсилно, ме фаќа паника од несредено, се научив некако да игнорирам зошто јас сум една они се двајца, наскоро тројца, не планирам да бидам роб на куќата, не планирам слугинка да бидам. Си го фатив синче под свое сега кога потпомага, научи и да реди тањири, и да мести кревет, и да собира трошки, и да фрла ѓубре... сум си го истренирала топ, поучена само од тоа маж што како мал не бил терен да работи, ништо не му давала мајка му, епа не сакам утре задутре некоја снаа сирота да кука по мене, има да знае се. Нека тргне во школо ќе научиме да диплиме алишта, да ги реди во својата соба и да си средува сам соба, на мене само правосмукалка и џогер да бидат, зошто со 2 деца, 120кв куќа и работа, ќе треба наскоро Бардовци да го барам. Не им барам да пружаат алишта или да полнат машина за перење, се друго можат. Арно викаш, наудрени се прават за да не ги молиме, дури маж ми има кажано Јас поарно не знам, толку знам! Епа ако ти не знаеш не знам и јас, крај на приказната! Што се однесува помош од баби, не ми требаше никој, сами се правевме, повеќе друштво ми требаше ама не добивав и тоа. Дојдоа мајка и свекрва на почетокот, ама седеа скрсраце и си отидоа сами фативме ред. Помош по дома од свекрва ми сум немала, од мајка имам кога доаѓа, да ми здипли, да ми замие, да зачисти, ама она претерува многу, па и тоа не сакам секогаш. Јас ќе го раѓам, маж може да се потруди за останатите работи, сто пати полесно од тоа да раѓа.
Добро сум, нема болки нема ништо.Одвреме навреме знае да потече вода, ама не ко денеска што ми течеше, помалку сега.. Си правам филмови, не знам колку вака ќе седам со напукнат водењак..се надевам за неколку дена ќе биде се завршено..
Примаш нешто терапија? Може да се надомести изгубената вода? Една роднина моја,во 6ти месец имаше намалена плодова вода и баш лежеше во болница,после си се породи регулар. Е сега не знам дали е исто со напукнат водењак..
Само антибиотик сабајлево што ми уклучија и вечерва исто, И флостерон за белите дробови сабајле, друго ништо, само си лежам. Искрено не знам, ќе го прашам докторот сабајле.. Мене ми е страв да не ме чува долго со напукнат водењак па да се случат компликации (ова филмови си правам,немам поим дали е така) Не знам колку време ќе треба да истече цела вода ако одиме со ова темпо.. Неизвесноста ме плаши
Не се плаши ,како што сум читала по 2-3 дена ги држат со целосно пукнат водењак пред пораѓај(ради отварање итн) Важно си под надзор, досаѓај им ако треба за преглед. Ќе биде се во ред
Хормони. Зошто да седиш гладна од 5 до 8? Касни некој тост дома. Кога ке чисти, застани до него и кажувај вака така не така онака. Нема филозофија. Ако оди пеглан на работа и со чисти гаќи, ке знае и дома да исчисти.