Sin mi e isti sekoj den mi go bacuva stomakot i me gali i kazuva deka go saka bebeto ,preubavo cuvstvo ❤️
Jas denes vlegov vo 13 ta nedela i jas cuvstvuvam bolki od vreme na vreme ama mislam deka e normalno sepak bebeto raste matkata se siri...
Јас дека бев со напукнат, ме задржаа исто и ме следеа. Ми проверуваа водењак повремено и со едно стапче со сијаличка дали е водата добра (дали е заматена и сл). Вода има доволно не се грижи, мене 36ч ми протекуваше и тоа асално утоп како измочана бев на неколку пати, а пак кога скроз ми пукна сам водењакот истече пак доста водичка. Со првото ми текнува како ми пукна, цел водопад беше тоа, имаат вода внатре без грижи. Плус супер што си таму и нон стоп што ќе те следат. Јас бев со надносено веќе 7 дена, па мене ми ставија провокација по 36ч за да ме породат, поразлично искуство е од твоето... Антибиотик не примав јас.
Добро вечер мешиња,јас само да си кажам дека денес помина и вториот скрининг и фала му на Бога се е како што треба,официјално и второто ќе биде ќере.
Не, немав болки, случајно појдов. Кате, не се секирај. Јас седев 60 часа со пукнат водењак. Секое сабајле ќе ти следат крвна слика и ќе имаш терапија. Цтг исто. Кој ќе те оперира? Веднаш штом ќе има сала, ќе те оперираат. 48 часа максимум се чека природно дали ќе почне процесот, протокол на Гак ми рекоа. Валгда сегде. И мене ми беа утоп влошките, ден два, после се намали. Јас бев само една недела пред тебе. 35+4 коа ме примија на патолошка. Бебе беше малце поголемко па не неше во инкубатор, само 2 3 дена на кислородна подршка. Со лесно.
Иста сум и јас ако веруваш а веќе не можам сама, се задишувам страшно по неколку чекора. Додека прави нешто му викам ке можеш ли вака, ај да пробаме вака и тоа е, ама барем се труди. Сега не е како јас да сум фатила каков перфекционист сум мислам како и да исчисти/зготви,помогне нема да ми е идеално ама тоа е. Ако се караш и пререкуваш пак ке биде хаос, се ке мораш сама а реално не се може веќе а со бебе уште помалку ке можеме. Така да пробај да се навикнеш и ако нешто не е ок во моментот кажи си а не отпосле.
Па не знам, сега ќе видам докторот што ќе рече. Јас мислев уште вчера ќе ми стават провокација..и го прашав, вика ќе чекаме прво болки па ќе видиме. Сега еве болки. Ама ме буни зашто и кичмата не ме боли, туку само долниот дел од стомакот, на интервали, ама не се редовни. 10мин, 15мин, 7мин,5мин.. така ми се болките
Зошто не те пратат во Скопје,колку е сигурно за бебето да се породиш таму,дали и какви инкубатори има,во Куманово пред време не породувааѕ одма праќаат во Скопје.
Знам дека имаат инкубатори, пријателка моја овде се породи со двете деца предвреме. Во иста недела од бременоста 34-35. Сега ме стави на цтг, не покажува болки,а јас само во долниот дел ги имам и баеѓи силни се. На ехо виде имам уште вода, а сега баш колку многу ми истече.. Рече јас можам веднаш да те породам,ама подобро е за бебето уште малку да поседи внатре..
Кате пред се треба да имаш доверба во докторот,ако ја имаш слушајго и биди спокојна. Ако не најди некој на кој му веруваш. Штом примаш терапија и те следат биди спокојна. Јас скоро 20 часа бев со пукнат водењак со заматена вода. Според тоа требало да ме породат побрзо ама не.Малата примаше отпосле атб. Ве
Иста сум. Верувај голем дел од ова е ради хормоните. И мојот исто прави...некни влезе да чисти вц па јас чистев после него зашто пола не беше средено...Прозори нема шанси да чисти зашто според него прозори не се чистеле Кога поминува со правосмукалка или цогер ке помине една соба другата не.. Машина некни пуштил ,и измешал бел долен веш со розеви и лилави крпи... Така да , веројатно мора да се помирам дека е маж и дека едноставно такви се...јас му викам едвај чекам да родам здравје и да не зависам од никој....
Се консултирав и јас со гинекологот мој, зошто и јас го користев додека вежбав, докторот ми рече дека е дозволен но не постојано. Исто ми напомена дека е различен притеин во однос на животинскиот, оној што се внесува преку јадење на месо. Така да јас го исфрлив од употреба и гледам повеќе црвено месо да јадам. Сепак фала ти на советот
Имам доверба, двете бремености тој ми ги водеше и ме породи со Софи.Ама вака кога си трпам болки ме фаќаат паники, дека со Софи скоро без болки заминав а бев 8 прста отворена. Како е најдобро за бебето така ќе правиме, ќе издржам колку можам..
Знаеш дека секоја бременост е различна,сакав да кажам нормално е да се плашиш,само многу е битно да му веруваш на докторот.
Ви здосадив овде јас Примив уште една доза флостерон, како што го разбрав докторот, рече бар уште 24часа да издржиме, за да делува и оваа доза, као да сме раат. Ама по мое до вечер мислам ќе се породам
Ич не досаѓаш, да си пишуваш само. Флостерон мислам дека така се прима, 2 во рок од 48 часа, ама мислам дека сега и со една си покриена, дека сепак е напредна бременост. Само држ се, биди силна да не губиш енергија. Чим имав вода и цтг е добро, ја осеќаш мрда, безбедна си. Леле како сум спиела синоќа... спијам со 4 перници, една под глава, една меѓу нозе, една позади грб и една да гушкам, се тоа за да не се вртам на стомак и ми успева. Си викам ако ми дојде некој гостин, да треба една од перниците да му ја дадам, ќе плачам, озбилно. Се осеќам многу убаво, па и дека чаршавчето оптегнато на перниците, не ми тежи, не ме гуши, не ми е жешко, а пак се осеќам пријатно и ушушкано, абе милина. Има ли некој што волку ужива во сонот во бременост како мене, абе да можам се ќе спијам, 3 пати на ден.
Добро утро. Денес точно 37 недела утре сум на прво цтг возбудена сум Како ли ќе поминам, ај сакам да родам веќе. Ве гушкам