@Kate Rina 93 ич не ни досаѓаш, пишувај кога ќе можеш Се ќе биде во ред, искусен си е докторот @AngelOfArh јас... да можам цело време ќе спијам само Мислев ќе помине со првиве недели ама ништо, 12+2, ко прегазена од воз сум, само фаќам лежеча позиција кога сум во можност Минува брзо време, сеуште не сме уселени, се надевам ќе стигнеме пред да ме стават приморано во лежеча позиција поради конизацијата и ниска постелка што го прекрива грлото Највеќе ми е да можам сама да средам куќа, да не ме нервира маж ко сите тука што ве нервира, бидејќи вчера песок чистеше на мачињата, а не измете отпосле Малава повеќе слуша за тоа отколку маж, си зема си става алишта на место, полни машина, јас само и подавам алишта, ужива да пружа со мене алишта и да мете и џогира уште се мачиме за облекување сами ама па малечка е мислам, сега ќе прави 3год, ќе научи, бебе ми е уште Се мислам да земам и робот правосмукалка, во новата куќа да ровари, цела е плочки, би ми било ли таман? бидејќи со мачки, дете а јас в кревет, кој ќе ми ја шета шаркот 3 пати неделно да ми е чисто ко по кејф Друга работа, убаво ми е во бременоста, но едвај чекам да влезам 34та недела, да биде во безбедно бебето , поради конизацијата ми е страшно страв дека ќе дојде до предвремено породување, барем до тогаш да дотераме Во понеделник сум на скрининг прв, едвај чекам, само да е се добро, полот ми е скроз небитен, само да знам што да купам додека смеам да се движам Колку е релевантно да ми кажат сега пол? За првово ми рекоа машко на прв скрининг, после испадна женско Ама ако е батко ќе биде Матео, ако е дадиче ќе биде Јоана Само да си накупам ствари да имам време ми е Се изнаприкажав Убав ден мешиња
Какво досадување Едвај чекам пост од тебе Штом има вода,цтг е мирно,примаш атб да не дојде до инфекција,тогаш лежи стискај нозе Ти кажав дека ако не почне природно процесот со болки ке гледаат да издржиш колку може повеке денови. Сега лежи( може и со крената карлица тоа др прашај )одмарај,спиј,а бебе нека порасне уште малце Нека поминат најмалце 24ч од зреењето а најдобро 72 и бебе ке дише самостално милион посто сум сигурна. 28 е Богородица убава дата Ке биде некоја Марија
Blazesi ti, da imam eden den ko tvojot.. Jas maka macam so nesonica, i sinoka ic ne spiev. Preku den da prespijam e lotarija. Se nadevam ke se podobri sonot ova tromesecie..
@Kate Rina 93 стискај до утре,не се предавај да почнат да делуваат инекциите,нека ти пуштат инфузија со магнезиум,спазмекс да се смират контракциите,така и пуштаа на цимерката на гак од лани.
Мислам дека по малку почнуваат болките, сега почна кичмата да боли па стомакот долу, јаки болки ама издржливи на 15-20мин. Би сакала до утре од една страна да издржам, од друга па си викам вака со болки 2 дена дали ќе имам сила да родам. Инаку за име мм сакаше Сара јас Ева ,во преговори бевме.. ама изгледа ќе испадне Марија или Ана Марија дека во блиска фам имаме 2 со име Марија ама што ми е гајле, решила госпоѓица да излегува на празник, пред празник..небитно. Стискам јас ама џабе Докторов мој ептен сака природен процес изгледа. А и од кој ме виде на ехо последен пат уште 3 пати вода истече и тоа убаво. Така да мислам веќе и при крај сме со плодова. Видов имаше како влакненца бели низ водата. Вака ми се моментално болките..
Не, ми рече кога ќе почне појако да те стега кичмата и стомак да ми кажеш да провериме вагинално, да не го испровоцираме сега пораѓајот
Јас се враќам од 3Д кај матичната. Мм вика уште изгледа беба ло марсовец. До кога ке изгледа така ? Од кога се убавите слики? Иначе главче било поголемо од неделата..ама демек нормално е така било скоро секогаш...нормално е?
И за главчето и за другите делови од телото не е страшно ако се +/- 2недели разлика од неделата, не се грижи. Инаку зависи од ехото на матичната, мене во 25та недела ми дадоа многу убава сликичка од лиценцето, баш човече е
@Saba08 здраво. Имам прашање до микробиологот. Која е шансата да добијам токсоплазмоза, листерија од мортадела? Пред некој ден сендвич на двапати јадев, значи само две парчиња изедов. Сега ме јаде црв што ако се заразам со нешто. Дали дава симптоми? Дали ќе знам? На мисла сум да одам пак да се тестирам за токсо само. Голем паничар сум кога се зарази во прашање.
Блазе си ви со сликичките од ехо. Мене дали два пати ми го покажаа на 3Д, еднаш кога беше црвче и ништо не се гледаше, еднаш пред некое време со молење. Ама по тоа што го видов, се заљубив, толку беше слатко што ми иде стомакот да си го иштипкам. И секој пат си викам, ќе ми го покажат бебе сега, како да не. Ќе чекам во живо да го видам очигледно.
Следно ако побарам, може само провокации да ми пуштат и на два на три во раце да ми го дадат. Касно е за мене, вие барајте
Преубава сликичка. Која недела си и каде правеше ехо? Мене до сега само на 2Д ме гледале, немам ни приближно ваква сликичка, 16 недела сум.
25 та сум..иначе мене матичната редовно ми прави ,незнам зашто вас не ви даваат...кај Парталовски е ова иначе...