Не можеш да се договориш со неа и да не е на смена да дојде? Мислам дека и тоа е опција, барем за Чаир е така, доаѓа докторот што си се договараш.
Лелее се разбудив во ова време со мисла на тебе одма отварам труднички и што да видааам. Честиткии мајка, да се гушкате со бебушка и живи и здрави да сте
Честитки @Kate Rina 93 , те запамтив од првиот пораѓај како лесно помина. Да ти е жива и здрава малата, две сестрички колку убаво. Брзо и лесно опоравување.
Девојки, нормално е забрзано чукање на срцето и вознемиреност? Матичната ми рече обично се случувало само на почеток не и сега. А мене ми чука забрзано и многу сум вознемирена посебно после јадење...мислам не можам да дишам....чаре?
@Kate Rina 93 честитки мама! Да сте живи и здрави. Ајде од денес ќе се гушкаш со принцезата @Eli23 е баш, уште за маца ја следам и отварам темава.
Нека е жива и здрава, голема да расте во радости и среќа. Во мојата апликација пишува дека е нормално, се зголемува и срцето и количина на крв. Е тоа што почесто пишуваш дека не можеш да дишеш можеби треба да прашаш да направите некое испитување додатно зошто се случува почесто.
И јас имав исто пред некое време баш тогаш и на преглед бев ја прашав докторката рече нормално е веќе бебе претиска погоре и може срцето малку да се изместува повисоко па затоа настанува тахикардија. Пробај длабоко да вдишуваш повеќе воздух наеднаш мене тоа ми помагаше. Така неколку пати ме смири па па ми се врати и се така во круг, околи 1-2 недели ми траеше тоа
Го поминав првото цтг. Моето немирно бебе таму заспа, а пред тоа од стомак ќе излеташе. Легнав на лева страна никакви знаци немаше, после на десна се размрде малку ама не доволно. Засега мирно за една недела сум пак.
Друштво а што мислите за пиење на млеко во бременост? Бабини деветини или реална потреба? Гугл вика дека доколку нема интолеранција препорачливо е..
И јас вчера така се осетив, незнам изгледа се заморив ептен. Земи магнезиум и б6 одмори малце ќе се смири. Според мене е нормално посебно при крај кога веќе немаме ни енергија ни сила
Сметам дека не е неопходно. Јас имам проблеми со кожата и дерматологот кој што знае дека сум бремена ми кажа колку што можам да избегнувам млечни производи. Искрено и не сум сигурна во нутритивните вредности на млекото што го имаме на пазарот. Ако станува збор за домашно млеко тоа е веќе друго.
Дали некоја од вас оди на јога за трудници? Дали јогата помага во намалување на болките во половината/колковите? И дали е касно да се почне во 7 месец?