Здраво! Бремена сум 7-ми месец па размислувам за пораѓај дали да одам во Чаир или во Санте? Прв пораѓај ми е,до сега бременоста напредува супер. Може ваше мислење околу тоа или искуство дали е добро во Чаир или воопшто не е,до сега имам слушано добри зборови за Чаир,и дали треба врски за таму? Ви благодарам Се надевам ќе ми помогнете да се одлучам.
Од мои познанички и пријателки што се породиле во Чаир, сите се задоволни. За Санте не сум ни чула да има некои познати доктори, не знам ни зошто некој би ја гледал таа опција таму да се пораѓа. За врски, не би знаела што да ти кажам. Врски во принцип се фаќаат ако имаш некој доктор пикирано што сакаш да те породи. Ниту една жена не останала непородена, само зависи кој доктор ќе ти се падне на смена. Врската само ќе го осигура неговото присуство. Барем јас така гледам на работите.
За Чаир немаш потреба од врски , освен ако немаш некоја желба или да сакаш некој посебно за да те породи. Иако кога ќе дојде време кој се погоди тој ќе те породи. Знам жени во блиска околина што без никаква врска поминале од почеток до крај предобро. А знам и некои што и во приватни имале некоја замерка.
Туку како сте денес? Јас еве се спремам цело сабајле да зачистам, од кревет не ми се станува. Мачно ми е веќе. До продавница се симнав, мислев некое раче ќе излезе, скроз ми е спуштено бебе, едвај стомакот го додржав. И така легната под клима со празна ќеса чоко стоби флипс до мене, се тркалам како бумбар и си викам сега за 5 мин ќе станам,сега уште 15 мин, и така 6 саати ги пројдов оптегната како кит на суво.
Аман бре Еленче, во храната треба да се ужива, а не да се гледа како на отров. Сигурно оти го знаеш ова, не знам оти паничиш, сепак го прашав и одговорот е дека токсоплазмоза не се добива од храна, а ако има листерија одма ќе дигнеш 40 температура. Така да, без црни мисли, јади си и уживај си
ти благодариме јас и мојата психа. Има ситуации за кои денови ми се потребни да сфатам дека немам ништо грешно направено. Само се преиспитувам и само со одговори можам да се уверам. Хипохондрик 200 посто За денес тавче гравче со по некое кебапче ама дома пржени. Поздрав до микробиологот, што нѝ одговара вака на прашања
Жива и здрава и најсреќна да е цел живот Кате, само убавини цел живот Испадна супер ете мама, само еден ден во инкубаторче и после гушкање ќе имате
Иста сум и јас, уште имам болки слаби ама чести па се излежувам цел ден. А сакав денес шкафот за бебе да пребришам, ама изгледа друг ден ќе е. Чекам мм да си дојди од работа да зготви, макарони со сосче ќе е денес И така читам книга и паничам за болките, и се чудам што се случи со мене никогаш не сум била паничарка
Било кој тренинг кој е специјално наменет за трудници помага и никогаш не е касно да се почне (освен секако ако нема некаква забелешка о д доктор дека не смее). Вежбите за истегнување многу помагаат за болките во карлицата и колковите
Мој совет не читај, не слушај, исклучи мозокот. Колку повеќе знаеш, колку повеќе ти кажуваат, само полошо ќе си направиш. Јас па ич не сакам да мислам, ниту сакам да знам нешто, периодов толку ме изморија со секакви муабети, се дистанцирав од сите, недостапна сум и се правам дека не го гледам телефонот Почне некој да зборува за бременост, бебе, мозокот си прави shut down и менувам тема. Што сака нека биде, ако го мислам нема да го смени текот на настаните.
@Saba08 Токсоплазмоза се добива од храна, посебно од контаминирано месо (често свинско), од лошо измиени зеленчуци кои растат во земја и од мачки. Ако те мачи, има тест за токсоплазмоза. Опасно е ако се добие само во првото тримесечје. Јас го правев бидејќи чувам мачки, ама искрено поверојатно е да го добиеш од контаминирана храна. Месото треба добро термички да се обработи на висока температура, е сега салами, колбаси и такви работи, тие веќе се обработени во тој поглед, но не се препорачуваат заради други паразити. Мислам дека нема простор за паника, ама пак ќе кажам ако имаш двоумење направи си тест.
@missswety морам да кажам . Си згасив стрв во побезбедна варијанта. Многу блиску до оригиналот, ама јас со томи мајонез и некој незнам каков кари сос. Нареден пат со витанез како што кажа и полимарк кари сос ќе го правам, сигурно оригинало ќе биде. Хело, јас само да ве поздравам од морето. Детето водна жаба, не можеме да го извадиме од вода. Ни песок ни кофи ништо не го интересира. Денес дека и бранчиња имаше, право доживување. Тресе клинци, вилица се тресе, ама нема шанси да излезе. Едвај го вадиме со триста најави. Го вадиме, ни да го исушиме не стигаме, он бара пак во вода . Дене со лидл влегов и ај демек поздрави грицки - компромис се сведе на сите водови апетисани, овошје, гумени бомбони и сладоледи. Е тоа е не можам да се лишам од се. Еве затоа за ручек, тестенини со песто, свеж домат и маслинки. Сабајле јадев леб, хумус и кашкавал. Заборавив да си земам книга и сега цело време со телефонот сум во рака
Веќе станува тешко, така се осеќам денес. Излегов до трансфузиологија, се вратив со ташна за бебе, корито, подлога за душек и што уште не Сега седам и пијам кока кола и мислам како ке јадам ајвар вечер со сиренце кај мајка, тазе. А само што јадев сендвич од спицикато. И така ке пукнам, како балон сум, едвај дишам
Во право си ама мене неизвесноста ме уништува уште толку, од вчера ја исчитав цела тема за лажни контракции и не знам колку видеа со почетни породилни болки изгледав. И уште појма немам дали болките ми се нормални или најавуват порагај у скоро време, а уште толку ствари за бебе имам да спремам. Се тешам дека ке си седи во меше барем до 37ма
Мислам дека ќе знаеш што се вистински што се лажни контракции, не сум чула се уште некоја по дома да се породила и не препознала какви се контракциите Уживај си, насочи го мозокот да испереш, да средиш, да докупиш, нема ни да ти текне да паничиш. Еве јас конечно се фатив за крпата во раце, после толку време станав од кревет, како успорена снимка сум.