Да со првото примив рогам инекција во бременоста и од кога се породив и сега исто така ке мора,ти благодарам мила
Кумбсов тест покажува кој рх фактор си, ако имаш картонче нема потреба, ако немаш и си рх - во 28 недела се прима инекција. После порагај мислам треба уште една, ако бебето е рх +
Дечки помагајте како природно да ми помине главава. Згора се затнав и плус бебе е бутнато со нозете нагоре не можам ни воздух да земам. Цела бременост ни апче се немам напиено, освен два пати парацетамол поради висока температура. Се напив кока кола и лимон и б комплекс. Во уши дури притисок осеќам. Пробав притисок да мерам, почнав да пцујам, ракавот му е скинат на апаратот, ме прештипа ја помодре раката. Вака одамна не ме здоболело глава.
120 со 80, измери маж ми. Едвај некако без да ме штипне ракавот. Не е до притисокот. Се предозирав и со вода. Не можам ни да легнам, ќе се угушам од бебе како е поставено. Барем носот го исправ, ми пушти. Ќе дежурам вечерва. Се префорсирав прееска и чистење и ручек. Не пипам ништо веќе додека не се породам.
Истото ми се случи со дишењето и мене пред некое време. Ужас невиден. Носот затнат, бебе кај мене е со главата нагоре, се пика во ребра абе до воздух не можев да дојдам кога ќе јадев или кога ќе се напиев нешто, дури паника ме фаќаше... Барај некоја позиција која најмногу ќе ти одговара и укотви се така Имам и јас прашање до вас, за некој ден влегувам во трето тромесечие, почнаа болки во кичма и срамна коска. Срамната коска ме боли кога одам, како бодежи, како штрекање, а кичмата ме боли во лежење, не знам како да се наместам за спиење, со 4 перници спијам Прашањето ми е дали се нормални овие болки? Не е нешто неиздржливо, благи болки се ама поубаво ми беше без нив сега како стара баба се осеќам, само офкам
Неколку дена комарци(барем колку што видов ) ми јадат по стапалата. На допир како да имав ситни мозолки кои не се гледаат со голо око. Но, ова продолжи со се поинтензивно чешање и вчера ајде викам некоја габична да не фатив земав канестен и флогоцид мачкам. Денес има што д авидам сега вечер под сијалица-измеѓу прстите плускавци, истои на долна страна на стапало и пак ме чеша и џабе мачкам креми , само се чешам....помош
Нормални се во трето тромесечје...ако продолжат некое време после породување, треба да се бара стручно мислење. Најчесто со вежби се подобрува состојбата.
Јас имам притисок последните неколку дена, скроз долу. Цело време во вц, болки, не можам да се наместам и место не ме фаќа. Мислам ако поодам или постојам малку, толку ќе биде. Во понеделник одам кај матичната....
Девојки нормален ли е проѕирно бел исцедок без мирис и ептен слаби болки доле ниско? 7+5 сум денес, до сега беше само воденикав исцедокот.
Нормално е во бременоста да имаш повеќе исцедок. Болки и јас имав почетокот, двајца гинеколози ми рекоа дека е нормално.
Заради овие болки сакав да почнам со јога барем. Пред бременост кога си вежбав пилатес, ни кичма ни ништо не ме болеше.
Па ако имаш во близина некој кој држи пилатес за трудници, јас би те советувала да си почниш. Болките се од хормонот релаксин што ги опушта лигаментите и ја спрема карлицата за породување, тоа што си прекинала со физичка активност е исто дополнителен фактор.
Ќе почнам сигурно, знам дека ќе ми ги олесни болките и поубаво ќе се осеќам, а и реално ми фали таквиот вид активност, затоа што не е само физичкиот аспект, туку и психички многу ме опушташе, како рестарт да ми правеше