За собирање се собира ама некако уште е мало па не се познава на која страна туку навнатре или надоле и стомакот ми се намалува така. Не верувам дека се плаши туку така му е убаво или нешто бара низ стомакот. Машала активен е, нон стоп на друго место мрда, не застанува. Најјезиво моментално ми е на раната од претходниот царски. Тема секс за нас е табу, премолчуваме и двајцата. На почетокот имав желба не смеевме, сега некако не сме опуштени. Имам тук там желба ама...
Викендов ќе имам секс со или без него. Тој, како сака, поканет е, но нема да го чекам храброст да собере
И јас кога дојдов 7+5 имав баш таков исцедок највероватно е нормален. И сега имам по малку ама е сменет во млечно бел ама е помалку се надевам е во ред.
Исто ми беше и во претходната бременост. Ама сега од пусти страв перцепцијата ми се заматува и одма мислам на глупости. Фала ви во секој случај.
Моето во главно е напикано од левата страна, дури како ридче имам од лева страна. А секс слабо. Цела бременост ми е со секојдневно повраќање и страшни киселини и затоа неможам да поднесам дополнителни тресења, само ќе повратам побрзо.
Мене цело време ми се прави така , се шпици И тоа се на десно... Секс на прсти може да се изброи за цела бременост.( Ако е секс тоа )
Добар ви ден . Денес јас со желудник проблеми. Како да ми е горе во грло. Како некој цела ноќ да ми седел на стомак. Конечно сега повратив, а се спремам од сабајле. Малку ми олесна, ама пак ми е тешко. Не сум јадела од мм нешто поразлично па да се затрув недај Боже, ама и таму одма ми оди паметот. Од сабајле демек ептен гладна бев, седнав да јадам, голтам со сила, како прејадена да сум. Ви се случило? Го осеќам желудников ко потиснат, ми се гади, друго незнам што ми се прави, ама не ми е баш баш денес.
Не знам во кој период од бременоста си, ама 8ми и 9ти месец е цело време така. Јас сум 8ми, мртва гладна седнувам да јадам, две залчиња и толку е, не собира. Исто и за вода, многу пијам у последно време течности и од тоа ми е тешко. Бебето е поголемо и притиска, затоа и не можеме да јадеме и пиеме.
Јас се спремам за свадба, јадев што јадев сабајлево и после капини изедов еден куп, не е дека сум гладна, а и сабајле подоцна појадува, не е нешто дека сум 12 саата без јадење, али такво паѓање шеќер не сум доживеала одамна, тресење, играм цела, не можам да се сопрам. Слапав слатко, малку ѓеврек, еден сендвич, лепче со џем, ништо не помага инстант. Сега малку одмарам, па ќе се доспремам. Многу лошо искуство. И не ми се свиѓа и фризурата ама тоа е. Да пројде и оваа свадба веќе оти сум ептен уморна, доста беше.
Абе луѓе паника ме фаќа. Си го средував плакарот за кондури и си најдов три пара сандали од лани што ги имам купено, ни еднаш не се носени. Се осеќам како сестрите на Пепелашка. Стапалото ми е огромно, не ми го бере. Дали тоа значи дека ќе треба да правам обнова на сите кондури или ќе ми се вратат стапалата какви што ми беа? Дури едни па широки и големи што ми беа, сега ми се точни. Не сакам да бидам како Шрек цел живот Си ги сакам стапалата назад.
Не, нема да ти се вратат. Ништо нема да е ко порано. Дури и истата килажа да ја имаш од пред бременоста, телото нема исто да ти изгледа.
Мене ми се вратија, после 3 години. Ама и јас вратив килажа од средно тогаш. Како и да е првата година две прости се од тие, а за после како ќе ти е среќата да ти се вратат. Инаку и мене ми беше шок. И ако имате прстени/бурми по раце вадете со време. Мене иако бурмата секогаш ми беше лабава, на крај на пораѓај морав да одам со неа зошто не можев да ја извадам. Месец дена пред пораѓај што се не пробав, ама јок никако не успеав