Ова не е точно,само градите мене ми се сменија од пред бременост и сега ама го доев син ми 2 год,ми беа порано поцврсти округли,баш убави да кажам,веќе такви не се,ама килажа се губи,кожа се собира,стапала се собираат,стрии избледуваат,и јас од 39 со 41 чизми отидов на пораѓај па после ми клипаа,се вратив на 39/40 зависно од моделот. Иначе и јас не јадам ич ,немам апетит никаков,ништо не ми е вкусно,ептен сум под стрес како се ближи породувањето, не спијам,од 6 сум станата 4 машини исправ,цело време шпартам низ дома,цело време ми се плаче и сум како темпирана бомба.Финалево е баш тешко
Мене после првата бременост и помали ми беа стапалата за еден број. Веројатно и претходно задржував вода, па тогаш се изгуби се. Сега ми се исти, не ми беа оваа бременост отечени воопшто. 10 кг намалив и на прв и на овој пораѓај. Единствено градите не ми се верува некогаш да се вратат ко што беа.
Мене и градите ми се вратија, односно ги ги снема како и пред бременост . Јас за нив се надевав да ми потпораснат, ама ништо. Пак ми беа како на тинејџерка иако доев повеќе од година.
И мене ми се вратија нозете и некои кондури кои не можев да ги носам и после тоа ми се разлабавија. Мене мака ми е што ќе мора да купувам чизми лесни за облакање и рамни, таман се порадував ќе си купам нови фраерски чизми на штикла, ама јок. И за јакната ми е мака, нова од лани, нема шанси да ја носам, кратка е и ус тело, дека ослабев многу и ми беше ептен ќеиф, ама ќе ослабам пак и за таа јакна и за сите други алишта, па и повеќе од претходно. Сега потсвесно знаев дека ќе останам бремена и слабеев само за да можам нормално да со јадам во бременоста, да не се стискам. Ама се гледам еве сега се спремав за на свадба и не си се свиѓам пак поправена, едвај чекам да се породам и да ослабам пак.
Мене не ми се вратија стапалата. Се од чевли ми е ново. Градите ми се поубави од претходно, доев 3 години.
Zenicki iskusni..od utre vo 7ma nedela vleguvam...pred 2 dena temp.37.8 kaciv, maticniot mi dozvoli paracetamol i mi spadna pod 37...vcera nemav voopsto, a denes meram pak 37.4.. Zagrizena sum premnogu deka rana bremenost, spodelete iskustva Od drugi simptomi nenam nisto nitu kaslam, nitu nos zatnat, nitu grlo me boli....
Ако доиш ќе се вратиш многу бргу, се согоруваат калории, се регулира шеќер, притисок се (не дека ако не доиш, ќе имаш проблем.. индивидуално е). Така барем викаат, а јас еве 2 недели како сум породена цела гардероба од претходно ме собира. Со стапалата немав ни во бременост проблем. Не се замарај go with the flow.
И јас сега да земам да мерам сигурно ми е 37.2-37.4. Мене ми имаат речено дека не е тоа тт, дека е нормално.
Тоа е тоа што зборам. Останав трудна со 48кг, 9 месеци подоцна сум 50кг, и не можам бе да влезам во истите фармерки. Блузите не ми стоат исто Градиве ај и онака со лупа да ги бараш и пред бременост. Во бременост рипнаа на 90ка мама и тато живи среќни, ама не останаа
Пишав и денес незнам кој колку ме прочита.. нормално е во 16та недела да се јави гадење и повраќање, предходно ниеднаш не ми беше вака? Два пати имам денес повратено, ама цело време ми е лошо, ми се гади, ништо неможам да јадам. Се плашам од труење или вирус
јас имав мачнини од почеток, после околу 12 нед отприлика се порадував дека толку беа, за пак да ми се јави и повраќање. Околу 30 недела пак имав нешто слично. Нема правила, друга состојба е секако
Мене попладне ми стежнува на желудник. Пред да ручам како тежина, како нелагодност. Некој ден поубо, некој ден не. Дали имаш пролив? Мери и температура. Не земај сега храна, земи нешто да те освежи течност. Можда од кока кола ќе ти е поарно.
Женски во 37 недела колку често осеќавте/ осеќате стврднувања со минимални болки? Многу ми е страв да не не ги осетам вистинските болки зошто малку подалеку живеам од Плодност Некој совет како да знам дека тоа е тоа?
Сестра ми после година дена од бременоста носи еден број поголем калап, така да... Дај боже да се вратат ама тешко.