Исто сестро. Јас ако го стегам да не кивнам, појќе ме боли, ако слободно се искивам од длабочина, не ме сецка толку. Не можам да најдам нзс зошто боли при кивање. А и порано ме има така заболувано кај јајниците. Изгледа мускулно е наеднаш, ама филм ме стега како бебето да го имам цвикнато
Слободно кивајте јас на почетокот се стегав и кога ке ме фатеше грч не можев од кревет да станам потоа се консилтирав со докторот ми рече слободно кивај не му смета тоа на бебето само не се стегај и сега кога почнам неможам да се сопрам хахаа
Зависи кај го правише првиот скрининг, приватниве имаат бааѓи јаки апарати па можноста за утки е многу мала. Мене на прв скрининг ми кажаа и за двете деца што пол се и тоа документирано со слики
@AngelOfArh јас два пати во бременоста се онесвестив и двата пати беше од низок доближан притисок. Гестациски немав. Ако ти се повтори мери во моментот притисок, најчесто е од тоа, се губи нивото на кислород во мозокот нагло ко ќе падне и тие се симптомите. А за кивањето боли од што се оптегнати средните лигаменти што ја држат матката.
Не мора да значи. Може ништо да не ти е. Претпоставувам и ненамерно правиш нагли потези од лежење и станување. Ете во твојот случај си се наведнала нагло. Мене ми беше постојано така цели 2 месеци. Ако направам нешто веднаш, скроз се губев неколку секунди. Како напредувам во бременоста и онака ми е потешко да станам, па може и тоа имаше удел да ми биде подобро. Кога ќе размислам, јас и претходно имав такви проблеми, ретко, но се случуваше. Не сум имала никогаш покачен шеќер, ниту ниско ниво на железо. Гуглав и сфатив дека се работи за ортостатски притисок. Решение, полека станувај од кревет, не прави нагли потези.
Ич да не ти е гајле, сега дури мислам ретко кој носи бели, а и искрено мене бели ич не ми се убави. Јас носев крем и ми одговараат со премногу комбинации и баш си ги носам. Уживај си и бирај си тоа што тебе ти е убаво и удобно, секако на луѓето околу тебе никогаш нема да им угодиш
И ја планирам така, кој ги врти сите ..ке си облечам крем и после тоа да ги износам. Туку месецов ми е многу активен на секое поле а веке ке влагам во 7ми...може да си напраам проблем? Или да си терам и да не се замарам? Имам свадби,момински, патишта,организација ......
Јас нагло кога станувам да се придвижам, темница ми е некогаш. Не само светки, туку како затемнето пред очи и ко да ме турка некој, едно чувство на дрмање. И поминува за секунда две. Не ми е секогаш така, ама еве пред некој ден знам ми беше. Мене почесто ми се и доближани притисоците, и така ми се прави затоа.
@AngelOfArh бев петти месец кога бев на гости, ми падна на земи вилушката и нагло се наведнав и исправив, чинијата ми се вртеше и се'околу неа. На наредната крвна слика железо и хемоглобинот ми беа ниски и од тогаш почнав терапија
Ако тебе ти е ок, тогаш е ок. Имав доста активна бременост од сите аспекти. Не ми беше мака, супер поминав и на моја свадба и на други.
Се е добро додека не почнете да се помочувате, по малку де Believe me, ми се има случено 2/3 пати. Овие неколку дена нозете баш почнаа да ми отекуваат, од утре 34 недела. Се мислам од 35 та да одам, да почнам со ЦТГ, што мислите, вие од кога почнавте? Оваа недела доаѓа мајка на помош, генералка ке се прави, од среда почнувам да перам. Со маж ја припремаме детската, и така беше како магацин со куп непотребни ствари, се исфрливме, иако беба ке спие со нас во спална, пак да и ја наместиме собата Докупивме работи што фалеа, едвај чекам да почнам да ги средувам, да ги наместам убаво. Се да биде во ред само, ваљда е нормално да сум во грч цело време, што знам, се нешто се плашам како ке биде, паметот ми оди на 300 глупости, не можам на раат да си се израдувам, сакам да си ја гушнам бебка и да ми помине се Одам сега да легнам, да кренам нозе зошто готово, испукаа, стрии на стапала само кај мене ке се појават, феномен