За првото двајца различни доктори ми рекоа дека е машко. И мојот гинеколог и тој што го правеше скинингот. На следната редовна контрола излезе дека е девојче. Често се уткаат машките или поради изразен клиторис или поради тоа што папочната врвца знае да биде меѓу нозе и да даде погрешна слика. Веројатно на следна контрола ќе ти кажат со сигурност.
За полот..мене Котларова уште на првиот скрининг ми рече дека според некои коски што ги гледала и изгледало на женско. Рече не ме земај за збор ама 80%сум сигурна. И женско излезе
Исто и кај мене и за двете дечиња ми кажа дека се машки и така излезе Вика според поставеноста на бубресчињата ми личат на машки, ете и тоа имало врска хаха
Добро утро, едно прашање,вие што имате поголеми дечиња,дали одеа во градинка пред да се породите и во првиот месец после породување ?Син ми таман се навикна да оди, а страв ми е од вируси многу за бебето посебно па се мислам да не го пуштам овој период ама после пак нема да сака да оди.
Јас тек сега ќе го имам тоа искуство, но планирам да не ја носам некој ден пред пораѓај и после уште отприлика две недели додека се привикнеме, здравје мислам дека е доста, но сепак ќе видиме тој период како ќе се одвива, инаку навикната е и оди без проблем, без да спие таму
Да ти пратам слики од колешката викендот што правеше свадба, жолти, сонце жолти штикли носеше, со жолти детали и бидермаер од сончогледи, предобро изгледаше се вкупно. Кумата ја праќаше малата ама бебето закачи триста работи уште од стар, стрептококи, стомачни, сипаници уште на 3м, што ти не. Исто и јатрва ми, ден не промашија, дури девер ми го однесоа дента внучко во градинка и отидоа по бебето и јатрва ми, што ми е некако премногу не знам... Да има опција јас моево би го задржала дома бар месец дена кога ќе се породам, нели оние најкревките, да опркнеме, ама ќе биде прваче и нема таква опција, да беше во градинка ќе го чував дома сигурно. Јас би ти рекла недела дена кога ќе си дојдете бар чувај го дома, ем да не осети љубомора, ама ако си сигурна дека нема да биде проблем за враќање во градинка. Знам имаше ти мака со градинката, така да види си сама како ќе биде.
Да ова со бубрезите има врска. И мене на прв скрининг ми викаше докторката ми личи на девојче, ама ова со бубрезиве ми мати работа, по нив личи на машко и машко излезе Да се пораѓав сега ќе одеше. Ама јас во Јануару ми е термин и планирам од Нова година натаму да го задржам дома, бар првиот месец, па за после најветојатно ќе го вратам.
@AngelOfArh па мене баш тоа ме плаши дека нема да сака пак да оди.Едвај се привикна и сега ако седи дома цел месец после ке бидат пак плачки и убедување,а за бебето ми е страв, еве и сега син ми кашла многу нос му тече, денес не го пуштив во градинка да го однесам на лекар да ми дадат некој сируп да му помине неделава додека се породам.Полесно би ми било да оди искрено барем од 7 до 2 како до сега ама незнам што е попаметно.Ке побарам совет од матичната после да видам она што ке ми рече.
Види, бебе ќе закачи од бато и сега и за 1м, тоа јасно да ни е, зависи само каков имунитет ќе има, ништо друго. Очекувај дека бебе ќе биде почесто болно зошто бато ќе носи од градинка, не можеш да го заштитиш скроз. А и не мора да значи, нели.
Ти треба потврда од аптека знаат тие во аптека каква потврда треба да ти дадат. Од кај матичниот исто така ти треба потврда за рефундација заедно со две рецепти. И ти треба копија од извештај од специјалист кај што пишува зошто ги примаш а и копија од трансакциона смета. Сето тоа во социјално се носи. Ама ги носеш одкога ќе ги испримаш клексаните.
Во последно време се мислам кои се лажни, а кои вистински контракции? Дали ќе ги препознаам? Веќе 2 дена осеќам мала менструална болка, а синоќа и десната нога ме заболе. Исцедок немам. Ај нека излегува веќе. Добро утро мешиња.
Како се заштитувате од настинки и вируси? Минатата недела сопругот со растечен нос и омалаксаност. Негативен тест за корона. Се обидував до максимум да избегнувам да сум во негова близина. Утрово јас со главоболка ( не мерев притисок), растечен нос, кивање. Планирам да земам витамин Ц после и да консумирам редовно, меѓутоа дали се пие и нешто плус за имунитет? Денес 15+0
Баш со иста дилема сум, бебе е 14дена старо.. се мислам дали да го пуштам во дневен престој ( Лани многу настинуваше) иако кој ќе имаше прв симптом на настинка не ги пуштавме да одат... А па и дома да седи, брачед му оди на школо а по цел ден се заедно и пак вируси
Многу овошје и зеленчук, течности. Витамин Ц 1000 и витамин Д 1000 пијам по препоракана докторката што ме води. Ако треба да дојде настинка нема спас. Јас дома бев на боледување, па закачив корона. Јас си ја донесов зошто домашните дури 4-5 дена после мене појавија симптоми. А јас само дете до градинка носев, во маркет по потреба исклучиво со маска и по болници на испитувања и прегледи со маска.