Консултирај си трансфузиолог. Ама заради претходна историја добро е да си заштитена со клексани, секако најмала доза примаш.
За што конкретно сакаш да ти помогне? Чајот убрзува процес на раѓање, омекнува грло на матка и сл. Се пие после 30 и некоја недела.
Срцки вие што имавте розевко или кафеаво во бременост и што примавте утрогестан или дабростон до кога имавте такви крварења и дали некогаш помалку некогаш повеќе изразено...секој ден се плашам да не премине во крв...
Ја прашав денес и матичната,ми рече 1 месец барем да не оди во градинка имало многу вируси,некој тежок стомачен вирус и сипаници,да се привикнело бебето барем месец дена да почне да цица убаво па тогаш да го изложуваме.Ме полуде синко денес,и незнам чија глава да слушам,таман фативме ред.Од сипаници ми е највеќе страв ,тој ги нема прележано а и нема мрп примено.Варичела беа обични сипаници нели?Мрп е за морбили.
Преглед денес завршен си ги слушнав срценцата мамини докторката мислеше ќе помине само така без да ми ги пушти да ги чујам, али јас си побарав за 2-3 дена се поголеми ми кажа и дека се е во ред . Ме боцнаа за ТОРЧ резултат ќе видиме утре што ќе каже. @elenaklasik ја опраивте со мортаделата Сега јас сум на ред, си јадев куатро формаџи и маж ми стави бубачка за мувлосаното сирење дали било дозволено во бременост?
Колку само едвај чекав да пишам во темава еден ден и конечно дојде денот. Вчера добив позитивен тест 16дена по првата инсеминација,денес бетата беше 216. Ви посакувам на сите да ви пројде бременоста со лесно до крај,и уште полесно да се породите. Да си родите живи и здрави бебчиња Примате ново меше така?
И јас пред скоро два месеци јадев иста таква пица, па после се думав. Сега јас не сум баш соодветна за тешење зш ептен сум терсене. Не би требало да има проблем, всушност што е проблематичното за сино сирење не знам... Инаку, многу ми е мило за срцињата. Да си растат Браво браво со лесно, со песна. Преубава вест
Имав и ја кафеав исцедок на почетокот, пиев Дабростон 2 пати по едно, а ми рекоа и 3 пати да го пијам нема штета. Ми прекина накај 11,12 недела. Ако веруваш уште сум со страв на секое мочкање гледам и тоалетот да нема нешто. Ти која недела си ? Гледај да одмараш повише додека да се зацврсти плодот.
Девојки..од наредна недела здравје у 7ми Него како доага 7ми се повеке се плашам од предвремено раѓање...се плашите вие? Мисли ме изедоа...до најцрните сценарија стигнав...
Јас пијам утрогестран 2×1 и примам прогестерон инекции преку еден ден и 2×1 витамин Ц.И јас сум во паника кога ќе видам немав цела недела и пак почна. И сум строго мирување.
Мамички јас се породив денес, го запознав моето маженце На сите ви посакувам со лесно да си родите живи и здрави бебенца.